- Член од
- 14 мај 2009
- Мислења
- 1.581
- Поени од реакции
- 1.853
Се сеќавам многу добро како пиштеа сите во паника кога зејтинот стигна 110 денари ( сега е околу 80) и кога лебот мораше да се покачи во 2008 .
Само сметај тогаш некако се преживеа и имаше некаква поголема индустриска активност, ниту зголемен трговски дефицит а уште помалце кредитен стрес од овој тип ( 10 проценти од должниците не можат да ги исплатат) . Насекаде се гледаат затворања на дуќани и продавници.
Платите немаат мрднато со години освен на тие од администрацијата .
Моја работа да кажам и предупредам што следува следно силен бран на поскапувања иако досега постепено се дигаат цените месециве во споредба со она што ќе следи.
Овој пат ќе биде далеку поболно не верувам дека просечното македонско семејство и малиот бизнис ќе издржи вакво поскапување уште еднаш во ваква сегашна клима.
Кој ќе преживее ќе раскажува.
Тогаш немавне ни огромен дефицит ниту овие долгови кои ги имаме . Не верувам дека власта ќе се потегне премногу да ги држи цените ниски со оглед дека ги крена цените на струјата и парното .
Сметај дека овие покачувања мора нас да не удрат ... евентуално .
•Corn: Up 63%
•Wheat: Up 84%
•Soybeans: Up 24%
•Sugar: Up 55%
Месото е веќе покачено. Кој има забележано покачување на други артикли нека пријави тука да видиме колкава се покачувањата . Бидејќи НБРМ нема намера да каже колкава е инфлацијата и ни кажува дека е само 1.5 посто. :uvo:
О и дел од тоа се однесува на принтањето на долари од страна на ФЕД се очекува Quantative easing 2
А петродоларот е колку што памтам главна резервна валута во многу централни банки заедно со TBT bonds кои Кина гледа едвај да се ослободи од нив .
Сметај дека ќе увезе инфлација кое директен резултат на тоа принтање пари на ФЕД комбинирано со лоша жетва .
Мене ми звучи лошо . Многу лошо.
Кој сака и може нека си се спреми како знае и умее другите им останува да се молат или да оштрат ножеви и чистат пушки.
Кога немавме огромен дефицит? 2008-ма?.... Затварање на дуќани имало и тогаш ќе има и во иднина! Не велам дека сега не е полошо, ама ова е светска криза!.... Но ти ептен црно анализираш! Она за инфлација не е анализа само на НБРМ, туку и на некои меѓународни финансиски институции - Светска Банка, ММФ... По тебе колкава е таа? 10%?... А бе ајде!
Да ти кажам ептен ме погаѓа поскапувањето на Soybeans .... што ке правам јас сега!?
Многу ти е црна анализава.... Многу песимизам!