Тревога : Од јануари ќе има огромни скокови во цените на житото и храната

Член од
14 мај 2009
Мислења
1.581
Поени од реакции
1.853
Се сеќавам многу добро како пиштеа сите во паника кога зејтинот стигна 110 денари ( сега е околу 80) и кога лебот мораше да се покачи во 2008 .
Само сметај тогаш некако се преживеа и имаше некаква поголема индустриска активност, ниту зголемен трговски дефицит а уште помалце кредитен стрес од овој тип ( 10 проценти од должниците не можат да ги исплатат) . Насекаде се гледаат затворања на дуќани и продавници.
Платите немаат мрднато со години освен на тие од администрацијата .
Моја работа да кажам и предупредам што следува следно силен бран на поскапувања иако досега постепено се дигаат цените месециве во споредба со она што ќе следи.

Овој пат ќе биде далеку поболно не верувам дека просечното македонско семејство и малиот бизнис ќе издржи вакво поскапување уште еднаш во ваква сегашна клима.
Кој ќе преживее ќе раскажува.
Тогаш немавне ни огромен дефицит ниту овие долгови кои ги имаме . Не верувам дека власта ќе се потегне премногу да ги држи цените ниски со оглед дека ги крена цените на струјата и парното .
Сметај дека овие покачувања мора нас да не удрат ... евентуално .

•Corn: Up 63%
•Wheat: Up 84%
•Soybeans: Up 24%
•Sugar: Up 55%

Месото е веќе покачено. Кој има забележано покачување на други артикли нека пријави тука да видиме колкава се покачувањата . Бидејќи НБРМ нема намера да каже колкава е инфлацијата и ни кажува дека е само 1.5 посто. :uvo:
О и дел од тоа се однесува на принтањето на долари од страна на ФЕД се очекува Quantative easing 2
А петродоларот е колку што памтам главна резервна валута во многу централни банки заедно со TBT bonds кои Кина гледа едвај да се ослободи од нив . :)
Сметај дека ќе увезе инфлација кое директен резултат на тоа принтање пари на ФЕД комбинирано со лоша жетва .
Мене ми звучи лошо . Многу лошо.

Кој сака и може нека си се спреми како знае и умее другите им останува да се молат или да оштрат ножеви и чистат пушки.

Кога немавме огромен дефицит? 2008-ма?.... Затварање на дуќани имало и тогаш ќе има и во иднина! Не велам дека сега не е полошо, ама ова е светска криза!.... Но ти ептен црно анализираш! Она за инфлација не е анализа само на НБРМ, туку и на некои меѓународни финансиски институции - Светска Банка, ММФ... По тебе колкава е таа? 10%?... А бе ајде!
Да ти кажам ептен ме погаѓа поскапувањето на Soybeans .... што ке правам јас сега!? :toe:
Многу ти е црна анализава.... Многу песимизам!
 

Никола

Државник
Член од
18 април 2005
Мислења
5.074
Поени од реакции
333
Луѓето кои немаат работа треба да се вратат на село до каде што дошле и со помош на владата да си ја продолжат традицијата.Треба да има поволни кредити, давање на обука и знаење, семиња и механизација и поголемиот дел од скопјаните да си се вратат во родните огништа.
На голем дел од идните отпуштени административци би било убаво да им се помогне да си најдат земјоделска работа.
 
H

HITCH

Гостин
Луѓето кои немаат работа треба да се вратат на село до каде што дошле и со помош на владата да си ја продолжат традицијата.Треба да има поволни кредити, давање на обука и знаење, семиња и механизација и поголемиот дел од скопјаните да си се вратат во родните огништа.
На голем дел од идните отпуштени административци би било убаво да им се помогне да си најдат земјоделска работа.
Попрво би работеле како хигиеничари, отколку да се вратат назад. Сум слушнала за многу луѓе кои си го продале целиот имот и се доселиле во Скопје. Откако си ги потрошиле парите, останале да живеат тука под кирија, оти незад нема каде да се вратат :toe:
 
Член од
31 март 2008
Мислења
2.577
Поени од реакции
1.879
во селата кои се колку толку блиску и добро поврзани со градот, и кои имаат струја зиме се живее. ама треба и патна поврзаност да има со градот, зборам за колку толку солидна патна поврзаност.
ако не сте живееле на село, не зборете, многу, многу е поразлично од градот ако твоите немаат некоа административна работа со убава плата за да не одат по нива и да не гледат стока и живина.
тоа воопшто не е лесна и едноставна работа
 

tomsaso

Пемпере
Член од
10 септември 2005
Мислења
1.387
Поени од реакции
339
Ќе има огромни скокови на сите цени глобално од примарните производства.Метали, храна, нафта, сакпоцени метали се ќе расте нагло. Ова не е резулат на ништо друго туку на грубо дебазирање на националните валути низ економиите во светот. Јас не би чувал ниту евра во моментот. Би чувал само австралиски долари, акции во земјоделски/примарно производствени претпријатија. Ова е резултат на преструктурање на светското производство од конузматорски индустрии кон производствени индустрии.
 

Let 3

The Nipple Erector
Член од
13 јули 2008
Мислења
30.896
Поени од реакции
31.278
Meне не ме загрижува жетви и суши. То нек му се секираат земјоделците.
Јас си пазарам во Веро и Тинекс Си купвам фабрички производи не купвам од сељани.
 
Член од
13 октомври 2007
Мислења
3.175
Поени од реакции
434
Што се секирате бе луге. Вие уствари не сте ни свесни какви визионери биле нашите политичари.Тие уште пред 20 години знаеле за светската економска криза и за све што ке следи понатаму ,па го тренираат народот цело време.Буба швабите може вода да ни носат ние можеме во секакви услови да преживееме.Ке видите сега кога ке почнат да не викаат насекаде низ светот да држиме предавања за преживување ,тука е иднината :toe:
 
Член од
22 ноември 2009
Мислења
644
Поени од реакции
156
Изгледа ретко кој се сеќава пред петнаесетина години кога се чекаше во ред по саат два да дојди лебот и не продаваа повеќе од два леба, преживеавме тогаш ќе преживееме и сега, лебот е најмал проблем....
 

Let 3

The Nipple Erector
Член од
13 јули 2008
Мислења
30.896
Поени од реакции
31.278
Изгледа ретко кој се сеќава пред петнаесетина години кога се чекаше во ред по саат два да дојди лебот и не продаваа повеќе од два леба, преживеавме тогаш ќе преживееме и сега, лебот е најмал проблем....
Ја се сеќавам убаво и на крајот на седумдесети искоро до средина на 80 десети. Нема млеко, масло, бензин, кафе.... редици од 5 сабајле па се сменувавме од фамилијата на сат сатипол да дојдеме до литар млеко, редовни рестрикции на струја, нема тоалет папир, па возенје пар-непар, бонови за бензин....
Може да отворам тренинг камп “Како да се преживее економска криза“
 

tomsaso

Пемпере
Член од
10 септември 2005
Мислења
1.387
Поени од реакции
339
Тоа со лебот не држи вода ради неколку работи:
1. Нема чекање ред оти нема кусок а нема кусок оти е пазарна економија
2. Има повисоки цени ама лебот во принцип е ефтин(20ден) и 50% скок ќе биди 30 ден.. т.е зема мал дел од доходот и поради тоа побарувачката има ниска ценовна еластичност
3. Имаме доста производство на жито во Македонија
 
Член од
14 мај 2009
Мислења
1.581
Поени од реакции
1.853
Не од Јануари... ОДМАААА! СЕГАААА!
Еве на ТВ Сител најавија дека се очекуваат големи поскапувања на многу прехрамбени продукти - Житните производи пред се, но и зејтинот, млекото, шекерот.... и тн и тн. Кога ќе се повикаат на поскапувањата поради турбуленции на светските берзи, ми пука ,,жилата,, која што ја немам. Шпекуланти и профетери на сиромаштијава наша.... мамичето нивно! Божем тие (увозниците) купуваат од светските берзи, како да товарат зејтин и шекер од Nasdaq директно!? Само жито купуваме од берзи и за тоа не сум сосема сигурен... А оние увозниците се повикуваат на берзите. Всушност дампинг цени држат. Веројатно ги добиваат сите квоти за увоз неколкумина... Се договараат за цените за да го ,,ошишаат,, народов, па потоа да платат ,,арач,, (за некој споменик) но и да остане за некој Џип за керката или синот - да се најде!..... .... Лимоните пред 3-4 месеци се нудева за 120 до 140,- сега и за 40,- Денари има! Тоа од берзите е сигурно!? Не, не... поради тероризам во Јафа (Израел).... СМРАДОВИ! МИ СЕ ПОВРАЌА ОД ГАДОВИТЕ КОИ ШТО ГО ,,РАБОТАТ,, НАРОДЕЦОВ.... Се надевам дека сепак ќе го доживеат својот ,,Ватерло,, (пред ние потрошувачите да го доживееме)
 
Член од
21 август 2008
Мислења
6.500
Поени од реакции
1.321
Spasot e u fashizmot od tipot na Hitler ali ne sme nie nemachka kaj nas mora democratija i da ni gi ebat zenite da ne sotrat i ovie politikantive da im go liza gzo na nima!
 

Toecutter

Biafran Baby
Член од
12 мај 2009
Мислења
5.243
Поени од реакции
2.444
Најверојатно ја кријат инфлацијата.
Освен во однос на еврото со кое денарот е врзан со политичка одлука, и неколку валути кои паѓаат насекаде, во однос на се друго денарот е паднат и паѓа.
И во однос на храна и гориво и струја и се и сешто...
Од 1997 до сега паричната маса е зголемена 3 пати а бдп-то е далеку од 1990.

Но,официјалната верзија ни кажува за годишна инфлација од 1,5%.

Не заборавајте - вашите очи ве лажат,џебот ве заебава а платата ви стигнува за да покриете скоро све,дури и настрана нешто да се зашпара... само што вие тоа не го приметувате.
Немате економска чколија и не ги сфаќате компликуваните механизми и процеси кои се одвиваат!!!
 

karlovic

имам срце ама имам и фрижидер
Член од
5 ноември 2010
Мислења
616
Поени од реакции
161
Загвор заговор..не им верувајте ова е заговор очекувајте видео од Ајк дека е заговор ахахахахаааааааааааааа
 

Toecutter

Biafran Baby
Член од
12 мај 2009
Мислења
5.243
Поени од реакции
2.444
Загвор заговор..не им верувајте ова е заговор очекувајте видео од Ајк дека е заговор ахахахахаааааааааааааа
Сериозно опадна квалитетот на тролањето на форумов и сега е на граница на тешка ментална ретардација.
Но зошто некој би имал потреба да се крие под нов јузер...
 

Kajgana Shop

На врв Bottom