Тргување со странски хартии од вредност и недвижности

Член од
12 август 2024
Мислења
245
Поени од реакции
622
Дечки, јас сум на ИБКР преку Комерцијална Банка. Значи Комерцијална банка си го води ова. Имам добиено известување од нив дека данок се плаќа кога ќе ти легнат парите на сметка, т.е кога се гледа „делтата“ колку си уплатил колку си заработил.

Така е и со македонските берзи. Не е само странски берзи ова.

Пример ако сте купиле акции од Алкалоид и тие пораснат на 30000 денари утре, што ќе плаќате данок веднаш?

Не!

На „излез“ т.е кога ги продавате, тогаш се пресметува разликата.

Кратко:
1) Ако купиш акција од ТЕСЛА денес и ја продадеш после 2 години - не плаќаш данок.
2) Ако купиш акција од ТЕСЛА денес и ја продадеш утре - плаќаш 10% данок.

Исто така законот е јасен. После 2 години од инвестирањето, не сте подложни на данок, т.е си ја вадите целата сума од било каде да доаѓа.

Не правете безпотребна паника кај луѓето.

Ова што го зборувате вие, сакаше Камала да воведе во Америка - една од причините зошто изгуби на избори. Сакаше да ги оданочи луѓето како парите им растеле на берза :) а ги немаа реализирано тие пари.
Дополнителни прашања:
На која сметка кога ќе ти легнат парите? На ИБКР/Традинг212 или кога ќе ги повлечам на наша сметка(во некоја од нашиве банки)?
Еве Тесла порасна и ја продаваш и заработуваш 100 долари ама не ги префрлаш на банкарска сметка туку се тоа ти е уште на платформата за трејдање.
Губиш на Мајкрософт о купи продај 100 долари. И сега што правиме, јас сум на нула ама сепак според законот треба да платам 10 долари данок?
 

|Volkswagen|

Тастатурата е посилна од мечот!
Член од
21 јули 2009
Мислења
2.736
Поени од реакции
905
Парите легнуваат на твоја трансакциона - плаќаш данок. Крај.

Ако си во загуба или 0 влез/излез, нема данок.
 
Член од
22 септември 2018
Мислења
196
Поени од реакции
126
Поздрав дечки, ви пишувам затоа што имам за вас една инормација која ви нуди можност да започнете свој онлајн бинис, конечно да почнете да работите за себе, било каде и било кога.

Би ми било мило доколку одвоите од вашето време и слушнете за што станува збор. Пишете ми за да ви испратам кратка презентација и после неа да ви одговорам на прашањата.

Доколку не ве интересира, сепак однапред ви благодарам!
 
Член од
16 ноември 2011
Мислења
117
Поени од реакции
35

Ова се одлични трендови и показатели. Покажуваат значајно созревање и едукација на домашните инвеститори.
 
Член од
9 август 2018
Мислења
24
Поени од реакции
11
За фундинг рековте мора иста банка? Неможе од странска сметка? А во македонска да ги повлечеш?

За ИБКР разбирам дека Комерцијлна ги средува.
Јас не знам зошто но преку ИБКР нешто не ми дозволува така да се обидувам преку 212традинг.

Јас се обидувам да си го искористам својот статус во странство кај што не сум резидент за данок т.е само 70 проценти од примањата на глобално или само на примањата во таа држава сум оданочен што ми дава можност да тргувам преку Македонија и да си плаќам 10 проценти данок на добивка на капитал (во споредба кај што сум сега во ЕУ од 30 проценти).

Фала ви одпанред.
 

CecaXYZ

rookie
Член од
26 ноември 2022
Мислења
197
Поени од реакции
87
Здраво, знам дека има милион дискусии за плаќање на данокот за капитална добивка од продажба на хартии од вредности, и можеби веќе прашањето ми е одговорено повеќе пати, ама неможам да најдам конкретни одговори па ќе прашам пак.

Прво, законот е следен:

Данокот за добивка од странски инвестиции според законот треба да се плаќа до 10ти во месецот кој следи по месецот во кој е отстварена добивката преку поднесување на извештај до УЈП за сите трансакции. Значи според УЈП не треба да се плаќа кога ќе легнат парите на сметка, туку секој месец. Дали нема да имаш проблеми доколку само плаќаш 10% кога ќе ти легнат на сметка или не е дискутабилно, но не е согласно со законот.

Имајќи во предвид дека законот е тој, не ми е јасно:

1. Како што спомнав погоре, УЈП бара електронска пресметка на сите трансакции секој месец. Каде можам да ја најдам, или како може да ја направам оваа пресметка? Користам Trading212 како платформа за инвестирање и на крај на секој месец добивам по емаил 'Monthly Statement' дали од тука можам да ги најдам тие податоци? Дали треба да го прикачам цел документ?

2. Една хипотетичка ситуација: Дали доколку во месец Јануари сум вложил 1000 денари и цената акциите се кренала за 10% (од 1000 ден, до 1100 ден) дали сеуште треба да:

A) Поднесам извештај за моите позиции до УЈП на крајот на месецот?

B) Дали треба да платам платам данок 10% (100 ден) за Јануари?

Ова важи ДОКОЛКУ НЕ ГИ ИМАМ ЗАТВОРЕНО ПОЗИЦИИТЕ (немам направено sell на акциите во Т212) - што значи имам добивка, но добивката не е реализирана бидејќи акциите не се продадени.

3. УЈП на својата офицјална веб страна го има издадено следниов член (LINK):

'Kапитална добивка остварена со продажба на хартии од вредност, удели издадени од инвестициски фонд,учество на капиталот, друг подвижен имот и недвижен имот во кој обврзникот живее најмалку една година пред продажбата се внесува во даночната основа во висина од 90% од разликата'

Дали ова значи дека треба да ја пријавуваме само 90% од капиталната добивка и данокот е 9% наместо 10%? Доколку да, како да може да го искористиме ова олеснување? Дали е автоматски пресметано од УЈП, дали треба да пријавам само 90% од капиталните добивки наместо 100%, или пак има трет начин?

---

Надвор од ова, дали некој ja користи опцијата 'Interest on cash' нa Trading212 каматата е 4.9% доколку штедиш во фунти + ти се исплаќа дневно и времето до ликвидност колку што разбрав е неколку дена. Како понуда за сигурно штедење на пари кои не ти требаат во моментов, а не сакаш да ги пласираш на берза ми изгледа како многу подобра понуда од тоа што го нудат банкиве тука, каде освен помали камати парите ќе ти бидат и заробени на одреден период. Ме интересира ваше мислење на ова, дали има подобра опција, или можеби пропуштам нешто (дополнителни трошоци за промена на валута + данок - дали се исплаќа кога ќе се земат и тие во обзир)?

Поздрав, и извините уште еднаш доколку прашања се веќе поставени предходно.
Моја лична перцепција. Се зависи од расположението и знаењето на чоекот во УЈП кој ќе ти го хендла случајот. Со оглед на тоа како и какви во МКД се вработуваат, не верувам дека некој ќе чита 100 странци извештај за транскации од ИБКР/Трејдинг212 ...
Меритот е сатар во зависност од моменталното распожение на ликот.

пс: Ако имаш Ферари и посетуваш ресторани во Монако, ништо нема да ти земат. Modus Operandi во МКД.
Автоматски споено мислење:

Nemoram da probam nisto, jasno mi e kako funkcionira seto toa. Vo sredena drzava ako nekoj slusa odredeni soveti sto se pisani na forumov bi zaglavil so milion krivicni prijavi za zatajuvanje danok i ke gi trosi parite od trejding pozadi resetki.

Zatoa i clenot odbivase da odgovori sto ako ne gi izvadam parite tuku samo gi trosam, zasto ke se kosi so sovetot koj go dal pred toa ama nebitno zatoa kako papagal povtoruvase plakanje danok kaj sto si rezident (a u prethodniot post trubese deka dodeka ne povleces pari kaj sto si rezident free cash imas)

Zakonot e jasen i voopsto ne e dvosmislen se plaka danok na dobivka bez razlika dali si gi povlekol na makedonska smetka (kako sto bese potencirano). Ete liceto sto go interesirase poradi razlicnite informacii koi gi dobil na forumov navodno otisol vo UJP i prasal, odgovorot javno go pisa vo eden od negovite postovi ama i toa ne e dovolno.
Sekoj si tera kako misli deka e najdobro, sreka sto ova e banana drzava pa moze koj sto saka da pravi bez da ima posledici.
Треба само да имаш Ферари
 
Последно уредено:
Член од
10 декември 2008
Мислења
1.313
Поени од реакции
2.380
Сакам да ви покажам како изгледа вистинската страна на инвестирањето преку реален пример:

 
Член од
15 февруари 2012
Мислења
436
Поени од реакции
537
Дали некој следи што се случува деновиве со акциите на компаниите што се занимаваат со квантни компјутери?
Јас конкретно ја поседував QBTS повеќе од година ипол и претежно упросечував надолу. Пред 2 месеци збесна пазарот. Почна да расте по 40-50% дневно и шуто и рогато, се што имаше quantum во името. Иако верував во компанијата, поради тоа што све растеше бев во алерт мод. Накрај психички ме уби големата волатилност и продадов половина од акциите на x4, а останатата половина на x8. За моја мака стигна до x10 (некои од секторот и до x20), и тука се стабилизира 10-тина дена.
Пред некој ден CEO на Nvidia изјавува дека сме 20 години далеку од употреблив квантен компјутер. Пазарот одговара со -50%.
После тоа CEO на Мета изјавува нешто слично. Повторно -50%.
Така ми дојде срце на место дека сум донел правилна одлука. Јас со QBTS мислев за озбилно, кога тоа испадна кратка и многу профитабилна врска.
Муабетот ми беше за огромното влијание на изјавите врз цели сектори.
 
Член од
2 февруари 2019
Мислења
169
Поени од реакции
319
Здраво дечки, Среќна Нова на сите
Нов сум во инвестирањето, работев во Ирска и од ирска банка имам купено акции на Apple, Microsoft, S&P500 ... преку Trading 212 . Имам некои прашања до поискусните
1.Ми исплатија некоја дивиденда и со дел од нив се купени други акции, а дел стојат на акаунтот. Дали треба да се плати данок на тие пари без разлика што не се вратени на банкарска сметка туку стојат на акаунтот?
2. Имам сметка на комерцијална, но неможам да депонирам средства на Trading 212, а на ИБКР неможам да верифицирам акаунт. Дали некој знае зошто и да предложи мкд банка од која ќе можам лесно да депонирам средства на Trading 212 без да одам на шалтери?
Сакам во иднина да инвестирам во S&P500 и во некои акции, дали знаете колку провизија ќе ми зема комерцијална или друга банка за да ми средува све?
Поздрав секое добро
 

Kajgana Shop

На врв Bottom