Тргување со странски хартии од вредност и недвижности

Член од
12 август 2024
Мислења
217
Поени од реакции
565
Дечки, јас сум на ИБКР преку Комерцијална Банка. Значи Комерцијална банка си го води ова. Имам добиено известување од нив дека данок се плаќа кога ќе ти легнат парите на сметка, т.е кога се гледа „делтата“ колку си уплатил колку си заработил.

Така е и со македонските берзи. Не е само странски берзи ова.

Пример ако сте купиле акции од Алкалоид и тие пораснат на 30000 денари утре, што ќе плаќате данок веднаш?

Не!

На „излез“ т.е кога ги продавате, тогаш се пресметува разликата.

Кратко:
1) Ако купиш акција од ТЕСЛА денес и ја продадеш после 2 години - не плаќаш данок.
2) Ако купиш акција од ТЕСЛА денес и ја продадеш утре - плаќаш 10% данок.

Исто така законот е јасен. После 2 години од инвестирањето, не сте подложни на данок, т.е си ја вадите целата сума од било каде да доаѓа.

Не правете безпотребна паника кај луѓето.

Ова што го зборувате вие, сакаше Камала да воведе во Америка - една од причините зошто изгуби на избори. Сакаше да ги оданочи луѓето како парите им растеле на берза :) а ги немаа реализирано тие пари.
Дополнителни прашања:
На која сметка кога ќе ти легнат парите? На ИБКР/Традинг212 или кога ќе ги повлечам на наша сметка(во некоја од нашиве банки)?
Еве Тесла порасна и ја продаваш и заработуваш 100 долари ама не ги префрлаш на банкарска сметка туку се тоа ти е уште на платформата за трејдање.
Губиш на Мајкрософт о купи продај 100 долари. И сега што правиме, јас сум на нула ама сепак според законот треба да платам 10 долари данок?
 

|Volkswagen|

Тастатурата е посилна од мечот!
Член од
21 јули 2009
Мислења
2.734
Поени од реакции
902
Парите легнуваат на твоја трансакциона - плаќаш данок. Крај.

Ако си во загуба или 0 влез/излез, нема данок.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom