Тргување со странски хартии од вредност и недвижности

Член од
12 август 2024
Мислења
241
Поени од реакции
621
Дечки, јас сум на ИБКР преку Комерцијална Банка. Значи Комерцијална банка си го води ова. Имам добиено известување од нив дека данок се плаќа кога ќе ти легнат парите на сметка, т.е кога се гледа „делтата“ колку си уплатил колку си заработил.

Така е и со македонските берзи. Не е само странски берзи ова.

Пример ако сте купиле акции од Алкалоид и тие пораснат на 30000 денари утре, што ќе плаќате данок веднаш?

Не!

На „излез“ т.е кога ги продавате, тогаш се пресметува разликата.

Кратко:
1) Ако купиш акција од ТЕСЛА денес и ја продадеш после 2 години - не плаќаш данок.
2) Ако купиш акција од ТЕСЛА денес и ја продадеш утре - плаќаш 10% данок.

Исто така законот е јасен. После 2 години од инвестирањето, не сте подложни на данок, т.е си ја вадите целата сума од било каде да доаѓа.

Не правете безпотребна паника кај луѓето.

Ова што го зборувате вие, сакаше Камала да воведе во Америка - една од причините зошто изгуби на избори. Сакаше да ги оданочи луѓето како парите им растеле на берза :) а ги немаа реализирано тие пари.
Дополнителни прашања:
На која сметка кога ќе ти легнат парите? На ИБКР/Традинг212 или кога ќе ги повлечам на наша сметка(во некоја од нашиве банки)?
Еве Тесла порасна и ја продаваш и заработуваш 100 долари ама не ги префрлаш на банкарска сметка туку се тоа ти е уште на платформата за трејдање.
Губиш на Мајкрософт о купи продај 100 долари. И сега што правиме, јас сум на нула ама сепак според законот треба да платам 10 долари данок?
 

|Volkswagen|

Тастатурата е посилна од мечот!
Член од
21 јули 2009
Мислења
2.734
Поени од реакции
904
Парите легнуваат на твоја трансакциона - плаќаш данок. Крај.

Ако си во загуба или 0 влез/излез, нема данок.
 
Член од
22 септември 2018
Мислења
196
Поени од реакции
126
Поздрав дечки, ви пишувам затоа што имам за вас една инормација која ви нуди можност да започнете свој онлајн бинис, конечно да почнете да работите за себе, било каде и било кога.

Би ми било мило доколку одвоите од вашето време и слушнете за што станува збор. Пишете ми за да ви испратам кратка презентација и после неа да ви одговорам на прашањата.

Доколку не ве интересира, сепак однапред ви благодарам!
 
Член од
16 ноември 2011
Мислења
117
Поени од реакции
35

Ова се одлични трендови и показатели. Покажуваат значајно созревање и едукација на домашните инвеститори.
 
Член од
9 август 2018
Мислења
24
Поени од реакции
11
За фундинг рековте мора иста банка? Неможе од странска сметка? А во македонска да ги повлечеш?

За ИБКР разбирам дека Комерцијлна ги средува.
Јас не знам зошто но преку ИБКР нешто не ми дозволува така да се обидувам преку 212традинг.

Јас се обидувам да си го искористам својот статус во странство кај што не сум резидент за данок т.е само 70 проценти од примањата на глобално или само на примањата во таа држава сум оданочен што ми дава можност да тргувам преку Македонија и да си плаќам 10 проценти данок на добивка на капитал (во споредба кај што сум сега во ЕУ од 30 проценти).

Фала ви одпанред.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom