Тргување со странски хартии од вредност и недвижности

Член од
20 јули 2016
Мислења
6.982
Поени од реакции
4.359
По повод стапување во сила на втората фаза од договорот за стабилизација и асоцијација со ЕУ, се дозволува тргување со хартии од вредност и недвижности на физички лица од Македонија надвор од државата. Поради тоа отварам тема за ова.
Дискусија за модуси за тргување, регулација, даноци итн. Нормално и пазари, стратегии и новости.
 
Последно уредено:

tomsaso

Пемпере
Член од
10 септември 2005
Мислења
1.384
Поени од реакции
334
Најмногу ме интересира кои се можностите во поглед на брокери, извршување, депонирање, подигање дивденда. Дали некоја од Македонските банки веќе почна да нуди вакви услуги ?

На колкав минимален износ се исплаќа?
 
Колку што знам ниедна банка во Македонија не нуди. Нешто чув дека трансакциите треба да се пријавуваат во НБРМ. Инаку од брокерите што примаат пари од мк најпрофесионален ми изгледа Interactive Brokers, другите популарни "стари Форекс" брокери повеќе се наменети за деј Трејдинг и техничко чисто тргување. Инаку има генерално напредок во однос на порано на интернет брокерите нудат повеќе инструменти и можности од порано. Генерално нема долен лимит официјално за тргување ама тука има фиксни провизии и трошоци. Истотака има минимален лот сајз кај некои.
Официјално нема долен лимит. Но, варираат условите доста од брокер до брокер.
Детали како дали зошто итн се пријавува до НБРМ и УЈП незнам.
 
Член од
13 јули 2006
Мислења
13.938
Поени од реакции
16.732
По повод стапување во сила на втората фаза од договорот за стабилизација и асоцијација со ЕУ, се дозволува тргување со хартии од вредност и недвижности на физички лица од Македонија надвор од државата. Поради тоа отварам тема за ова.
Дискусија за модуси за тргување, регулација, даноци итн. Нормално и пазари, стратегии и новости.
Кај може да се најде повеќе информации за ова, закон или што и да е ?
 
B

Bafra

Гостин
Кај може да се најде повеќе информации за ова, закон или што и да е ?
Пази се од богатите :P. Најдоле во цитатов ти е од НБРМ линкот

Втора фаза од ССА: Правните и физичките лица можат да вложуваат во недвижности и во хартии од вредност во странство
Правните и физичките лица можат да вложуваат во недвижности и хартии од вредност во странство со преминувањето на земјата во втората фаза од Спогодбата за стабилизација и асоцијација (ССА).

Преминот кон втората фаза од ССА овозможува не само поголеми инвестициски можности за физичките и правните лица, туку и поголем степен на интеграција на домашниот финансиски пазар со меѓународните финансиски пазари. Исто така, се олеснува издавањето и регистрирањето странски хартии од вредност во земјава, како и на домашни хартии од вредност во странство.

Инвестирањето на странските финансиски пазари треба да се темели врз бројни информации врз кои се засноваат очекувањата на економските субјекти во кои се планира инвестирањето. Затоа се претпоставува дека резидентите, а особено физичките лица што ќе се одлучат да инвестираат во странство, се добро информирани за потенцијалните ефекти од нивните одлуки, дека имаат формирано јасни очекувања за приносите и степенот на ризичност, како и дека се запознаени со своите даночни обврски.

Резидентите треба да ги имаат предвид и да ги почитуваат обврските што произлегуваат од Законот за девизно работење кои се однесуваат за регистрирањето и известувањето за трансакциите. Забраната за отворање сметки на правни и физички лица во странски банки и натаму останува во примена, освен во случаите предвидени .....

http://www.nbrm.mk/ns-newsarticle-soopstenie-05022019.nspx

интересно секое вложување во странство мора да го пријавуваме во нбрм наместо банките, старите навики тешко се искоренуваат... Незнам дали некој имал прилика да прати пари.
 
Член од
20 јули 2016
Мислења
6.982
Поени од реакции
4.359
Следни работи ви се потребни за да префрлите пари на сметка на странски брокер.
-Девизна трансакциска сметка
-Девизи
-Свифт и Ибан од сметката на странскиот брокер
-Потврда дека странскиот брокер е регистриран најчесто од SEC
Данок се плаќа на парите кои ќе ти легнат на сметка во домашна банка од странскиот брокер.
Се плаќа за вајер трансфер провизии на домашната банка.
Провизии за курсни разлики
Нормално и провизии на странскиот брокер.
Сума сумарум ќе ве чини окулу 4-5/100 од сумата еднократно за купување. и за продавање и купување од сметката кај брокерот и пазарот се под 1/100 и повлекување на пари провизиите се окулу вкупно 2/100.
Гледајте да најдете брокер и да отворите сметка во евра така ќе заштедите 1-2/100 на курсни разлики.
 
Член од
10 мај 2009
Мислења
822
Поени од реакции
538

1.во која МК банка важи ова.
2. Во кој СЕЦ треба да е регистриран брокерот
 
Член од
10 мај 2009
Мислења
822
Поени од реакции
538
Претпоставувам не прават разлика како брокер е дали е со цфд левераге или класичен брокер. Кој скоро и да го нема. Исто извештај за продадени купени хартии од вредност ујп може да побара
 
Член од
11 јуни 2019
Мислења
2
Поени од реакции
0
Дали можи да препорачате странски брокер и зошто конкретно тој? И кои се даноците?
 
Член од
20 јули 2016
Мислења
6.982
Поени од реакции
4.359
Дали можи да препорачате странски брокер и зошто конкретно тој? И кои се даноците?
Би ти го препорачал interactive broker. Има добра репутација, нуди речиси се што постои од акција, нуди и левериџ и сите можни инструменти што постојат. Малку му е сложен интерфејсот но ако се разбираш има многу можност. Регистриран е кај американска КХВ (SEC). Во УЈП ми рекоа дека се плаќа 10/100 данок на повлечена сума но и они не беа сигурни не е дорегулирано ќе се знае до крајот на годината. Нека пише некој ако знае подетално за УЈП.
 
Член од
12 март 2009
Мислења
18.226
Поени од реакции
13.434
По повод стапување во сила на втората фаза од договорот за стабилизација и асоцијација со ЕУ, се дозволува тргување со хартии од вредност и недвижности на физички лица од Македонија надвор од државата. Поради тоа отварам тема за ова.
Дискусија за модуси за тргување, регулација, даноци итн. Нормално и пазари, стратегии и новости.
дали ќе се дозволи и тргување со голден коин, нешто најнормално ??
На пример во банката во солунското пристаниште си има шалтери само за тоа, си има курсна листа за монетите, стручни лица ги проверуват монетите што ги продаваш, а ако купиш од нив добиваш документ...
 
INDIJANEC123

Женкар, Илуватар
Член од
17 март 2014
Мислења
3.696
Поени од реакции
6.157
Се регистирав на fortrade онака колку да видам што е да прочитам некои упатства бла бла. После 15 мин ми се јави дечко седиштето им било во Белград и ми вика дека имам можност да вложам мин 100 долари и со нивни ментор да влезам во водите на брокерството. Нудат цени на суровини, акции, обврзници и др инструменти. Јас сум добро начитан економист и сметководител НО со берза не сум се бачкал а за анализа ме бива, знам преку извештаите на ревизорите на фирмите да предвидам што би се слјучувало. Сепак овај бизнис се води повеќе на шпекулација него на факти. Сакам да прашам дали е некој запознаен со фирмава. Не ми е за тие 100 долари него сакам да влезам некаде каде што вистина можам да научам нешто во оваа проблематика.
Фирмата е со лиценца од Лондон главно седиште во Минск (тоа малце ме кочи). Некој да знае нешто за фортрејд?
Автоматски споено мислење:

А и ми објаснувеша мн пари направиле сега на ситуацијава со нафтава во С.Арабија.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom