На 24 Јануари 2010 година, ќе се одржи Концерт „Со хуманост до светлината“ во чест на прерано згасната македонска музичка ѕвезда Тоше Проески, најавија денеска од Фондацијата Тоше Проески.
Како покровители на музичкиот настан се јавуваат Владата и ЕВН Македонија кои заедно со Фондацијата “Тоше Проески“ се организатори на концертот.Средствата што ќе се соберат од овој хуманитарен концерт ќе бидат наменети за манастирот Св. Преображение во Крушево.
Како што најавија од Меѓународната фондација Тоше Проески во Скопје се очекува да пристигнат неколку големи ѕвезди од бившите ЈУ-простори, блиски пријатели и соработници на македонскиот пејач, кои ќе настапат со песни напишани од перото на Тоше Проески. Станува збор за осум композиции, што се создавани во последните две години од животот на Тоше, во периодот од 2005 до 2007 година, од кои најголемиот дел се балади.
Необјавените композиции на Тоше, ќе ги изведат пеајчи со кои тој имал соработка и желба да направи со нив дует или да им компонира песна. Меѓу изведувачите ќе бидат: Хари Мата Хари, Борис Новковиќ., Елена Ристевска, Калиопи, Нина Бадриќ, Јелена Томашевиќ, Аки Рахимовски, Тони Цетински. Дополнително ќе има и промоција на необјавена песна од Тоше во негова изведба “Још увјек сањам да смо заједно“ за што има подготвено и спот. Се подготвува и нов спот за песната “Guilty“ од англискиот албум на Тоше.
Концертот ќе се одржи во салата Борис Трајковски.