Тоше Проески

Член од
28 октомври 2005
Мислења
8.293
Поени од реакции
1.646

Тоше (Тодор) Проески е роден во Прилеп на 25 јануари 1981 година. Неговата музичка приказна почнува со двете победи на фестивалот посветен на младите надежи "Мелфест", во 1996 и 1997 година. Следуваа настапите на двата најреномирани домашни фестивали "Макфест" 1997 со композицијата "Пушти ме" и "Скопје" 1998 со "Остани до крај". Лавината никој не можеше да ја сопре. Бројни награди, фестивали... Албумите "Некаде во ноќта" и "Синот Божји" го постигнуваат невозможното. Во 2001 година според гласовите на читателите на "Вечер" е прогласен за ТВ лице на годината. По извонредно успешната серија концерти во Универалната сала, во октомври 2001 го полни и престижниот "Сава Центар" во Белград.

Во тоа време Тоше Проески соработува со дел од најдобрите македонски композитори Григор Копров, Кире Костов, Кристијан Габроски, Хари Котларовски, Горан Милошевски и текстописците Огнен Неделковски, Миодраг Врчаковски... На третиот албум "Ако ме погледнеш во очи" соработува со познатиот грчки композитор Фибос, текстописецот Марина Туцаковиќ, диџеј Каан, турската група "Харем", кои гостуваа на две песни. Продуцент на албумот беше Манолис Влахос.



Соработката со менаџерката Љиљана Петровиќ, со која ја замени екипата на Авалон, две години по "Ако ме погледнеш во очи" во 2004 му го носи двојниот албум "Ден за нас", на кој е сместена евровизиската "Ангел си". Следуваат одличните "По тебе", "Божилак" и последниот "Игри без граници". Денот на вљубените оваа година беше резервиран за одличниот концерт во белградска Арена, следува концерт на Градски стадион и пак, на 5. октомври, концерт каков што Македонија ниту доживеала ниту ќе и се повтори.

И недостижното го правеше возможно. Лесно дофатливо. Сосема извесно со потпишувањето на договорот со англиската продуцентска куќа Пипл ин моушн беше на прагот на светска кариера, затоа што Тоше е човекот кој со само една песна - "Чија си" успеа да се вивне на недостижни позиции и во соседството: Србија, Босна, Хрватска, Словенија...



Сите се поклонуваа пред легендата. Бројни настапи, награди, гранд при-ја, Хрватски Радиски фестивал, Србија, Босна... Молскавично ги освојуваше топ-листите, со леснотија ги полнеше концертните сали и најважно од се, царуваше во срцата на илјадници обожаватели. Кариера недостижна за многумина! Замина кај ангелите, но не и во заборавот!

едитирано од модератор



Разочарување. Немам други зборови освен овој, за да ја искажам мојата импресија од долгоочекуваниот концерт на Тоше Проески во Љубљана, кој се одржа на 1 јуни во љубљански Крижанки. Не од пеењето и настапот на балканската ѕвезда. Ние, македонските иселеници во Словенија, сме разочарани од односот на Тоше кон својата земја, јазик, култура. Не ми е јасно зошто Проески сите композиции ги испеа на српски јазик, а и со публиката комуницираше на овој јазик?

Словенечките медиуми пред концертот му посветија големо внимание на неговиот настап, потенцирајќи ги неговите вредности, нарекувајќи го „македонскиот Павароти“ и најавувајќи го како македонска музичка ѕвезда, а Тоше како да не сакаше да биде Македонец. Тој дури го исмејуваше македонскиот јазик, кога ја најавуваше својата песна „Соба за тага“. Ја најави на српски, а на Словенците им рече дека тие тоа би го превеле како „Собата за тагата“, алудирајќи на членувањето во македонскиот јазик.

И насловот на неговиот најнов албум, наместо со убавиот македонски збор Виножито, го промовираше како „Божилак“.

За споредба, една недела пред неговиот концерт, во Крижанки гостуваше португалската кралица на фадо-музиката Марица, која сите песни ги отпеа на португалски јазик. На почетокот праша колку Португалци има во публиката и само двајца кренаа рака. И покрај тоа, Марица не' натера да пееме делови од нејзините песни на португалски јазик и постигна прекрасен контакт со публиката. Така најдобро си ја промовираше државата и јазикот, кој многу мал број луѓе го разбираат.

За време на концертот на Тоше ги набљудував и другите Македонци во публиката кои ги познавам. Наместо гордост - срам. Со наведнати глави го пречекаа прашањето на Тоше има ли Македонци во публиката. Не се ни обидоа да кренат рака.

Тоше Проески, кој е и амбасадор на Стопанската комора на Македонија, не би смеел така да ја промовира Македонија и македонскиот јазик. Дали неговата менаџерка од него сака да направи српски идол? Според сето она што го видовме - веројатно да. А плативме скапи влезници - поскапи дури од концерти на светски музички ѕвезди, стоевме три часа. За разочарувањето да биде комплетно се погрижи и озвучувањето на концертот. Како професионален музичар, Тоше би требало да ја знае границата на вкусот и да не дозволи непрофесионалното озвучување да го претвори концертот во едно врескање и грмење. И наместо доживување од убавите звуци на неговите интерпретации, доживеавме звучен шок. Како уметнички уникум, Тоше Проески треба да знае од своите настапи да прави гала-концерт, а не панаѓур.

Јелица Ѓорѓиева Порента, дипл. музиколог од Љубљана и научно-технички и судски преведувач за македонски јазик
Потполно се сложувам со јелица и ставрно не ми е јасно како можат нашиве пејачи да не си го сакаат јазикот и нацијата и да пејат на туѓи јазици а толку крв има дадено Македонија за долгоочекуванат независност а они така да се однесуваат.
 
Член од
8 мај 2007
Мислења
250
Поени од реакции
1
Само една исправка божилак е стар македонски збор за виножито.
Еве еден извадок од web
Боите на виножитото, или како уште се нарекува ѕуница, божилак или божурлак, што е всушност и елементот кој предизвикува восхит, има три основни бои: црвена, жолта и сина...
Или пак дури и ова со поопширно објаснување
Споменато е преку царот Самуил дека ова е лето Господово (околу) 6507 од почетокот на светот. Ако е така и ако на Ное Господ му рекол: Ќе ти испратам знак на небото - не виножито или rainbow, туку БОЖИЛАК, на старомакедонски, БОЖЈИЛАК (знак), тогаш Македонците се тие кои веруваа и верувале во еден Господ и имаат со тоа најстар календар на планетава. Затоа и Александар го освојувал светот за да создаде едно царство за небото и за земјата - Универзално братство како волја Господова.
 
Член од
29 март 2007
Мислења
6.820
Поени од реакции
238
pa mislam deka e balkanska zvezda ali me nervira koga pee na srpski neka si pee na makedonski
 
N

n/a

Гостин
Tose...moze da pee i na arapski...
on sekogas i sekade e makedonska i samo makedonska muzicka zvezda...
Kako takov site i go znaat.
 
Член од
28 октомври 2005
Мислења
8.293
Поени од реакции
1.646
Zevsus напиша:
Tose...moze da pee i na arapski...
on sekogas i sekade e makedonska i samo makedonska muzicka zvezda...
Kako takov site i go znaat.
Значи он како ја преставува македонија со Српски јазик? и логички е да викаат дека Тоше е српски пејач затоа што он го издигнува српскиот јазик. Се додека имаме вакви искомплесирани звезди кои се продаваат за пари ништо од македонија и тоа на секое поле е така.
 

СпаЈдеР

DissentiveMoron202
Член од
1 март 2006
Мислења
3.201
Поени од реакции
52
Воопшто не го оправдувам Тоше што ги испеал сите песни на српски јазик и што меѓу песните пак зборел на српски,ама сепак,се сложувам со зевсус,што сака нека прави тоше,тој е македонец и македонец ќе остане. Тој е македонска звезда и тоа ќе остане :smir:
 
Член од
23 март 2007
Мислења
2.370
Поени од реакции
61
Yes deka sme Makedonci, ama so ako pee na srpski...Covekot go osvojuva i toj pazar, pee i na angliski, i za mene toj e veke vo svetskite peaci....
E sega sto treba da poraboti malku na odnesuvanjeto i malku da e popriroden, treba:helou:
 

ragazza

Adorable
Член од
3 јуни 2005
Мислења
2.870
Поени од реакции
29
Ако јас пеам на ромски то ѓупче ме прај?
Аман те , не е ни прв ни последен МАКЕДОНЕЦ кој пеел на спрски и во ред е да го освој и тој пазар.
 

Marchence

In love with Ssss
Член од
17 мај 2007
Мислења
483
Поени од реакции
1
pa dobro site sme svesni zasto peel na srpski! na slovencite srpskiot im e mnogu poblizok i go znaat pogolemiot del od niv, dodeka makedonskiot im e mnogu tezok za razbiranje. Normalno e dokolku saka da ja pridobie publikata, a saka, deka ke pee na jazik koj im e poblizok.
 
Член од
8 февруари 2007
Мислења
1.968
Поени од реакции
43
Никој не порекува дека Тоше е македонска музичка ѕвезда. Но со самото тоа што се форсира себеси да зборува на српски, и покрај тоа што не ги познава граматичките правила на истиот, се порекнува себеси како македонска ѕвезда. Ги порекува со своето однесување своите изјави дека е горд на своето потекло и својот јазик.
Го ценев и премногу во одреден период од неговата музичка кариера но сега баш ми станува антипатичен.
Уште еден доказ за неговата контрадикторност е насловот на албумот "Божилак", што е стар македонски збор, преработката на стари изворни македонски песни...а сепак тој продолжува да зборува на српски.
 

Marchence

In love with Ssss
Член од
17 мај 2007
Мислења
483
Поени од реакции
1
koga odis vo druga drzava go zboruvas jazikot na koj mozes da se razberes ili pak kako golem patriot teras makedonski pa sto bilo neka bide???
:nenene:
 
Член од
19 април 2005
Мислења
1.806
Поени од реакции
75
ZOTE напиша:
Значи он како ја преставува македонија со Српски јазик? и логички е да викаат дека Тоше е српски пејач затоа што он го издигнува српскиот јазик. Се додека имаме вакви искомплесирани звезди кои се продаваат за пари ништо од македонија и тоа на секое поле е така.
Zote, он е лична заменка за трето лице, машки род, на српски. Македонски е ТОЈ.
Интерпретацијата на песната нема ништо со јазикот на кој се пее.
И да. Божилак е прекрасен македонски збор. Дуга би бил српски.
 
Член од
8 февруари 2007
Мислења
1.968
Поени од реакции
43
Marchence напиша:
koga odis vo druga drzava go zboruvas jazikot na koj mozes da se razberes ili pak kako golem patriot teras makedonski pa sto bilo neka bide???
:nenene:
Кога одам во друга држава(ако е тоа Србија, Хрватска, Црна Гора) си зборувам на македонски, бидејќи се тоа блиски јазици...или само ние може да ги разбереме нив а тие нас не можат???
Ама кога одам во друга држава која јазично не ми блиска се обраќам на англиски или германски.
Никој не го обвинува Тоше што пее на српски, ама барем да не се обраќа на српски кога нема таква потреба. Кога тие доаѓаат во Македонија не се ни обидуваат да зборат на македонски.:smir:
 

Sussaro

Southern comfort, southern sun
Член од
27 декември 2005
Мислења
5.660
Поени од реакции
21.700
Инвестиција нема тука нешто спорно. Тоа му е професијата така и му наложува. Преку тоа го вади лебот потекло си е потекло, бизнис си е бизнис.
 

Моето_е_поголемо

муа не ме лазе
Член од
22 јули 2005
Мислења
475
Поени од реакции
21
Остајте го детето да си пее (барем зло не мисли како вас).

п.с. не ги покажувај бисерите пред свињите зошто ќе ги изгазат.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom