Топлификација и нејзиниот штетен и патетичен бизнис план [општа дискусија]

Член од
20 септември 2011
Мислења
8.146
Поени од реакции
8.544
Ја препрочитав темава од почеток до крај и сосема сум убедена дека ова околу нас е право лудило-си плаќаме за се и сешто. Во врска со проблемиве околу топлификација не сум многу запознаена, па би сакала да ве прашам оние кои сте поинформирани дали новиве правилници и начини на плаќање 50%, 20% или десет денари по метар квадратен (во случај на исклучување важат за сите!?). Нашата зграда е приклучена на парно (ние никогаш не се приклучивме!), но во мојот стан не поминуваат никакви вертикали- секој стан си е засебен систем. Ако треба да плаќам фиксна цена за некористење во овој случај ќе ми намести ли топлификација вертикали?!- да има барем што да ме подзагрее за да има за што да плаќам! :)
Патем... во правилникот прочитав дека нови договори требало да пристигнат до 01.09- јас такво нешто (фала богу) немам.
Член 66 од Правилата се однесува на претходно исклучените потрошувачи. Вие тоа не сте. Но кај нас се е можно.
Инаку со „ поминување на цевки “ и „ топли ѕидови “ никој не зе згреал, па нема ни вие да се затоплите.
А договорите стварно никој ги нема добиено и мене тоа ме чуди. Јас го чекав за да ги испсујам, ама нема...
Нешто се крчка околу Топлификација, ќе видиме што...
 

Ljupco Meljata

AJFON ILI ANDROID you choose
Член од
11 ноември 2007
Мислења
1.726
Поени од реакции
475
Toplifikacija ke odi po stecaj a posle ke se privatizira ne berete gajle zakonot nema da pomine tolku od celavs prikaska nitu slovenski model ne im pomaga.

Samo toj so ke ja zeme ke mora da ispusti mnogu kadar i da investira vo nova tehnologija,ako do togash ne ima jaka konkurencija.
 
F

fantomX

Гостин
Да се национализира и Латас за генерален извршен менаџер.

После ќе видиме.
 
Член од
20 септември 2011
Мислења
8.146
Поени од реакции
8.544
Има наши сограѓани кои мислат дека ако исклучените плаќаат,
тие ќе добијат значајно пониски сметки.
Еден читател на Нова Македонија вели:
Браво! Конечно нешто паметно. Во мојата зграда од 60 стана исклучени се 18. Сметката ми изнесува 5.556 денари. Доколку услугата ја користат сите 60, тогаш би изнесувала 2.900 за стан од 90 квадратни метри. Ќе се согласите, пристојно, а и не верувам дека за тие пари ќе се греете со кој било друг извор на енергија. Не може да живееме во центар, а да се однесуваме како да сме на село. Кој сака има избор, селата се празни!

http://www.novamakedonija.com.mk/NewsDetal.asp?vest=325122047459&id=9&prilog=0&setIzdanie=22540
Како ли го пресметал ова?
Ако 42 неисклучени плаќаат по 5.556, тие плаќаат вкупно 42*5556 = 233 352 денари.
Ако тие плаќаат по 2900, ќе се собере 42*2900 = 121 800
Значи разликата која треба да ја платат исклучените е
233 352 - 121 800 = 111 552 денари
Бидејќи има 18 исклучени секој од исклучените треба месечно да плаќа
111 552 : 18 = 6 197
Вака може, неисклучените секој месец ќе плаќаат по 2 900 денари, а исклучените по 6197 денари
Нема логика, ама мнозинството се неисклучените
 
Член од
20 септември 2011
Мислења
8.146
Поени од реакции
8.544
Една од причините, веројатно главна причина за ова што го прави Топлификација е ТЕ - ТО
Еве најдов некој податоци, ако најдете подобри податоци постирајте ги:
Според овие податоци ТЕ ТО за еден час троши 57 000 нормални кубни метри природен гас.
Цената на гасот е 470 долари за илјада нормални метри
Значи за еден час работа, само за гориво ТЕ - ТО ќе чини
57 * 470 = 26 790 долари за еден час работа
Од тој гас ќе се добијат 230 MWh електрична енергија 160 MWh топлинска енергија. Топлификација сака да да и топлинската и електричната енергија имаат иста цена, во тој случај цената за еден MWh ќе биде
26 790 $ : ( 230 + 160 ) = 68,69 долари само за гориво за еден MWh
Кога произведува само струја, се произведуваат само 230 MWh струја, тогаш цената на горивото е
26 790$ : 230 = 116, 48 долари, само за гориво за еден MWh
Инвестицијата наводно чини 300 милиони долари, ако сметаме дека треба да се амортизира за 10 години, тоа е годишно 30 милиони,
Планирано е годишно когенеративно да работи 2700 часови
Значи трошковите на амотртизација за еден час се
30 000 000 $ : 2700 = 11 111 долари на на час амортизација
Што значи оријентационо вкупните трошоците за гориво и амортизација се
26 790 + 11 111 = 37 901 $ за еден час работа
Сега цената за еден МWh изнесува:
Кога затоплува и произведува струја
37 901 : ( 230 + 160 ) = 97, 18 $ просечно за еден мегават час
Кога само произведува струја :
37 901 : 230 = 164,78 $ за еден MWh електрична енергија

Ако пресметаме во денари земајќи курс еден долар чини 51 денар и поделиме со илјада да добиеме цена за еден KWh
добиваме:
Во првиот случај
97, 18 * 51/1000 = 4, 96 денари за KWh или
164, 78 * 51/1000 = 8, 40 денари за KWh
Ова се минимални цени по кои Топлификација може да продава. Сами заклучете каква ќе биде судбината на „ најголемата приватна енергетска инвестиција ’
 

Attachments

Член од
9 ноември 2007
Мислења
9.327
Поени од реакции
1.334
Во првиот случај
97, 18 * 51/1000 = 4, 96 денари за KWh или
164, 78 * 51/1000 = 8, 40 денари за KWh
Ова се минимални цени по кои Топлификација може да продава. Сами заклучете каква ќе биде судбината на „ најголемата приватна енергетска инвестиција ’
Негде изгледа имаш утнато!
Голема излегува сумата!
Сега вака грубо
Средна цена би била (4.96+8.4)/2=6.68 денари за киловат
Ако земеме (по некои пресметки...изворот ми е недостапен) дека за просечен стан од 60-на квадрати се потребни околу 3.5 кв
пресметката се сведува на

3.5(кв) х 15 (часа дневно ) х 30 (дена) х 6.68 (денари кв/ч) = 10 521 (денари месечно) + трошкови за дистрибуција + друго
или пола од тоа ако плаќаш 12 месеци
 
Член од
20 септември 2011
Мислења
8.146
Поени од реакции
8.544
Негде изгледа имаш утнато!
Голема излегува сумата!
Сега вака грубо
Средна цена би била (4.96+8.4)/2=6.68 денари за киловат
Ако земеме (по некои пресметки...изворот ми е недостапен) дека за просечен стан од 60-на квадрати се потребни околу 3.5 кв
пресметката се сведува на

3.5(кв) х 15 (часа дневно ) х 30 (дена) х 6.68 (денари кв/ч) = 10 521 (денари месечно) + трошкови за дистрибуција + друго
или пола од тоа ако плаќаш 12 месеци
Добро што сметаш со 3,5 KW и ако јас сметам со помала вредност од, 2,5 до 3 КW но нема потреба да ја користиш средната цена. Високата цена се однесува кога работи само како електрична централа, а како таква веројатно никогаш нема да работи.
значи твојата пресметка сега би гласела:
3.5(кв) х 15 (часа дневно ) х 30 (дена) х 4,96 (денари кв/ч) = 7812 (денари месечно) + трошкови за дистрибуција + друго
Бидејќи се плаќа цела година, само половина од оваа сума, ќе се плаќа месечно.
Проблемот е што ТЕ - ТО не ќе може да продаде струја по цена од 97, 18 $ просечно за еден мегават час
Се работи за 230 MW и тоа цела зима. За да ја намали цената на струјата ќе мораат да ја покачат цената на парното. И во таа насока работат - нон стоп покачување на цена на парно и принудување на исклучените да и тие учествуваат во покривање на овие трошоци.
Меѓутоа ова нема да им успее, бидејќи ТЕ - ТО е преголемо.
Така да и сите да повторно се вклучат и уште дупло да ја покачат цената на парното пак не ќе можат да покријат 37901$ за еден час работа колку им е потребно само за гориво и амортизација.
Затоа , веројатно ќе остане оваа ситуација ТЕ - ТО , нема да работи, а достасаните обврски од кредитите ќе ги плаќаат, како и досега, потрошувачите на Топлификација,
а можно е да настане колапс
 
Член од
20 септември 2011
Мислења
8.146
Поени од реакции
8.544
Сител објави вест дека Снабдување центар е блокирано од страна Апелациониот суд а по барање на ТЕ - ТО
http://www.sitel.com.mk/video/makedonija/apelacija-blokira-25-minioni-evra-na-toplifikacija
Според мене ова се „ игри без граници “ на Топлификација, а новинарот кој на тоа му придава некое друго значење е наивен погледнете ги постовите 456, 457 и 458. - ќе ви биде појасно
 

Xibalba

Corona Australis
Член од
24 јануари 2012
Мислења
6.091
Поени од реакции
11.496
( 1697 + 2303 ) : 2 = 2000 - како некој да ги штелувал поравнувањата.
Инаку пред да се воведат калориметрите цената беше 23 денари за м2 па според тоа би било
50 м2 * 23 денари * 1,18 ДДВ = 1357 денари месечно
( толку си плаќал 2007/2008)
Во меѓувреме цената ти е покачена за 2032/1357 = 1,497 или за 49,7% што е умерено
Спореди го тоа што за стан од 72м2, во зградата во која живеам, - порано се плаќаше 1952 денари, а сега 5833 денари ( тоа е покачување 300%)
За затоплување е битна цената за една година
12 месеци * 2032 = 24384 денари или околу 400 евра
Може да се пресмета и колку ти наплатувале еден KWh
За затоплување на еден м2 за една сезона просечно се доволни 110 KWh
50 m2 * 110 KWh = 5500 KWh
Просечната цена за еден KWh се пресметува
24384 денари : 5500 = 4,43 денари за еден KWh
Минатата зима 1KWh струја по средна тарифа чинеше 4,49 ден
Ете, тоа е таа пресметка...
Фала ти за деталната пресметка, со мало задоцнување.
Испаѓа дека нема да видам фајде ако се префрлам на струја, џабе ќе дадам пари за грејни тела.

Што се однесува до болдираното, и јас помислив дека се штелнати, ама треба да земеме во обзир дека 4 месеци сум плаќал 1697(јануари-април), а 3 месеци (мај-јули) по 2303, па просек излегува 1957 месечно.

А за сметката од 5833 денари што им стига на твоите комшии мислам дека стварно е пљачка. За среќа ти си се спасил од апашиве.

Инаку, Топлификација сеуште не формирала мнозински пакет, ќе им гори под нозете на Хаџи-Мишев и компанија во следниот период.
 
Член од
9 ноември 2007
Мислења
9.327
Поени од реакции
1.334
Инаку, Топлификација сеуште не формирала мнозински пакет, ќе им гори под нозете на Хаџи-Мишев и компанија во следниот период.
Ma се нек у доврага им отиде... нарочито после последниот им безобразлук... сакаат да наплаќаат и од тие што никогаш немале договор со топлификација.
Нема да ме изненади да се обидат и на нас кој живееме во куќи да пробаат нешто да ни наплатат., затоа што нивните оџаци зрачат топлина во околината .. како во приказната со Настрадин оџа и Итар Пејо кога овој вториот се греел само од гледањето на огинот во далечината.
 
Член од
20 септември 2011
Мислења
8.146
Поени од реакции
8.544
Во Плусинфо интересен напис околу идејата ЕЛЕМ Подружница енергетика ( железарското парно ) да понуди парно и за други делови на Скопје.
Железарското парно наплатува 40 денари месечно за еден квадрат. Пресметајте секој за себе, колку квадрати затоплувате помножете со 40, тоа е цена за еден месец. Тие греат 24 часа и тоа со фиксна цена ( нема крадење со калориметри ) Тоа е една од можностите да се присили Топлификација да ги намали цените
Погледнете:
http://www.plusinfo.mk/vest/57366/ELEM-Energetika-kje-ja-uriva-Toplifikacija
 
Член од
20 септември 2011
Мислења
8.146
Поени од реакции
8.544
Во Утрински најдов изјава на Градоначалникот на Општина Карпош кој се жали на Топлификација со следниве зборови:
Почна учебната година, а проблемите со греењето во училиштата остануваат. Имате ли начин како да ги решите?
Проблемите растат како квасец. Оваа Регулаторна комисија направи злосторство во јавните институции, во градинките, училиштата, болниците. Ние таа сизифовска борба со „Топлификација“ не можеме никако да ја добиеме. За сите потреби на едно училиште, за струја, греење, телефон, хигиенски средства, ние добиваме по 140.000 денари по училиште, а само една сметка за парно ни е милион денари. Ние во моментов должиме 50 милиони денари и не знам на кој ум е Владата и како мисли да го решава проблемот. Нема градоначалник кој не кука поради греењето и превозот. Ние вложивме во инвестициско одржување на објектите, но не можеме да ги покриеме сите трошоци.



Како тогаш ќе го решите проблемот со греењето? Зимата е на прагот!
Веќе две училишта преориентирав на нафта, со што трошокот лани беше 30 отсто помал од претходната година. Оваа година подготвувам уште четири училишта да преминат на друг начин на греење.
Инаку Топлификација со „ мерењето “ и на училиштата и градинките и испорачува астрономски фактури кои тие не се во состојба да ги плаќаат. Пред неколку недели имаше слична изјава на Градоначалникот на Општина Чаир
Погледнете:
http://www.utrinski.com.mk/default.asp?ItemID=10888759FB8A5A418CB68E19F6D1962E
 
Член од
10 јануари 2011
Мислења
1.658
Поени од реакции
3.322
Во Утрински најдов изјава на Градоначалникот на Општина Карпош кој се жали на Топлификација со следниве зборови:
Почна учебната година, а проблемите со греењето во училиштата остануваат. Имате ли начин како да ги решите?
Проблемите растат како квасец. Оваа Регулаторна комисија направи злосторство во јавните институции, во градинките, училиштата, болниците. Ние таа сизифовска борба со „Топлификација“ не можеме никако да ја добиеме. За сите потреби на едно училиште, за струја, греење, телефон, хигиенски средства, ние добиваме по 140.000 денари по училиште, а само една сметка за парно ни е милион денари. Ние во моментов должиме 50 милиони денари и не знам на кој ум е Владата и како мисли да го решава проблемот. Нема градоначалник кој не кука поради греењето и превозот. Ние вложивме во инвестициско одржување на објектите, но не можеме да ги покриеме сите трошоци.



Како тогаш ќе го решите проблемот со греењето? Зимата е на прагот!
Веќе две училишта преориентирав на нафта, со што трошокот лани беше 30 отсто помал од претходната година. Оваа година подготвувам уште четири училишта да преминат на друг начин на греење.
Инаку Топлификација со „ мерењето “ и на училиштата и градинките и испорачува астрономски фактури кои тие не се во состојба да ги плаќаат. Пред неколку недели имаше слична изјава на Градоначалникот на Општина Чаир
Погледнете:
http://www.utrinski.com.mk/default.asp?ItemID=10888759FB8A5A418CB68E19F6D1962E
Ако и училиштава се откажат од парното на топлификација тоа е веќе почетокот на крајот на таа фирма во овој облик...што е одлична вест!
Инаку прашање до тие што се на парно во моментов, не ви е ладничко деновиве?
--- надополнето: 21 септември 2012 во 18:48 ---
За март имам 1697 денари, а за август 2032, за стан од 50 квадрати. Инаку порамнувачките сметки за мај, јуни, јули ми беа по 2303.
Не мислиш дека на вакви температури треба да ви пуштат парно?
Преку ноќ температурите паѓаат и под 13 степени!
 

Xibalba

Corona Australis
Член од
24 јануари 2012
Мислења
6.091
Поени од реакции
11.496
Не мислиш дека на вакви температури треба да ви пуштат парно?
Преку ноќ температурите паѓаат и под 13 степени!
Да бидам искрен сеуште не, во стан сеуште шетам по кратки ракави, ама ако задржи 3-4 дена вака ладно ќе барам да пуштат. Иначе температурата треба да падне под 8 степени три дена по ред за да го пуштат.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom