Топлификација и нејзиниот штетен и патетичен бизнис план [општа дискусија]

Член од
20 септември 2011
Мислења
8.146
Поени од реакции
8.544
Ако досега парното не му се исплатело овие децении, ќе го продаде и ќе купи стан без парно.
Струјата (може и дрва и нафта, ако може да ги качува по скали) ќе го чини мнооогу повеќе него централно парно. До пред некоја година беше неколкупати поефтино и од најскудното греење на друг извор на топлина.
Ако добро те разбрав ( ако грешам ти слободно исправиме ) ти го подржуваш мислењето дека тие што имаат станови каде што постои инсталација за парно, мораат да се затоплуваат со помош на парно, во спротивно нека го продадат станот и нека си купат друг стан без парно.
Ова мислење јас сум го слушнал од Регулаторна, Топлификација, но и од многу граѓани кои користат парно, а досега не се исклучиле.
Има неисклучени граѓани кои мислат дека астрономските сметки кои ги добиваат се последица на исклучените. Истите се надеваат дека кога сите ќе почнат да плаќаат тие ќе имаат пониски сметки. Наводно исклучените со „ поминување на цевки “ и со „ топли ѕидови “ добивале топлина која „ не исклучените “ ја плаќале.
Јас мислам дека астрономските цени на АД Топлификација се последица на:
1. Ситемот на Топлификација е поделен на производство, дистрибуција и снабдување со цел да секој од овие делови има посебни цени и со тоа да вкупната цена биде повисока.
2. Почнувајќи од грејната сезона 2007/2008, без било каков правен основ, Топлификација наметна начин на мерење на потрошената топлинска енергија наречен „ мерење со калориметри “. Овој начин на мерење не е точен и покажува постојано плус во корист на Топлификација
Што значи овие астрономски цени се последица на измама и пљачка
Еве доказ:
Ти ја знаеш очигледната вистина дека еден стан секоја наредна грејна сезона ќе потроши потполни исто количество на гориво како и претходната
Минатата грејна сезона, стан потполно ист како мојот, во иста зграда, за целата сезона наводно потрошил 17000 KWh.
Истиот стан, според претходниот начин на мерење наречен „ паушална наплата “трошеше 10800 KWh за сезона
Истиот стан јас го затоплував на струја и за цела грејна сезона потрошив 6000 KWh
Како што реков еден ист стан, секоја година троши исто количество енергија.
Овде ти прикажав три вредности кој се многу ралични. Што значи само една од овие вредности е точна
Според твое мислење, која од овие вредност е точна?
 
Член од
28 март 2006
Мислења
17.773
Поени од реакции
12.237
Тешко да е некоја точна или конечна затоа што зависи од квадратура, изолираност со градбен материјал, заграденост со други станови наоколу, дали истите се греат, на која температура се држи станот и од зимата. Не е исто пред некоја година скоро цела зима околу нулата и лани или преклани минус 15-20. Да, сега е скапо, но се е скапо.
 
Еден ист стан, на едно исто место, секоја година ќе потроши наполно иста количина топлина
Тоа е закон, тука нема одстапување, се работи за просечни вредности на надворешената температура
Ако е февруари постуден за, декември ќе биде потопол.
Ако е првата декада од месецот, потопла, втората ќе е постудена.
Просечната надворешна температура воопшто не се менува.
Тоа важи за секое места на планетата Земја.
И практично, секое домаќинство, секоја година, троши наполно иста количина на огревно дрво, ако се затоплува со дрво. Прашај ги тие што користат дрво
 
Член од
28 март 2006
Мислења
17.773
Поени од реакции
12.237
Еден ист стан, на едно исто место, секоја година ќе потроши наполно иста количина топлина
сакаш да кажеш дека стан со зими на -25 и стан со зима околу -2 до 0 ќе потроши исто? Ако принципите за греење се исти како за во куќа, тогаш грешиш. Сигурно термото ќе се исклучува побрзо и помалку ќе дува. Истото важи и ако имаш греалка или клима во станот.
И практично, секое домаќинство, секоја година, троши наполно иста количина на огревно дрво, ако се затоплува со дрво. Прашај ги тие што користат дрво
Па јас користам дрва истовремено дозагревам со струја. Една година трошам 3 кубици (дабово дрво), друга година трошам повеќе од дупло-докупувам, затоа што не може во зима на минус 20 да загрееш исто како и на минус 1 (пред некоја година температурата и во плус). Си има вратниче за воздух, ќе се подзатвори за поспоро да гори дрвото и повеќе жар да држи. Исто и за струја, некои години плаќам дупло за струја, зависно пак од надворешните услови.

А муабетот на почетокот беше друг, инжењерот од весникот кога толку му дошло до грло има можност да се пресели во стан без парно или во куќа.
 
Член од
20 септември 2011
Мислења
8.146
Поени од реакции
8.544
Сум користел и централно парно, и нафта и дрва и струја. Уште сончеви колектори и ветерници немам пробано.
сакаш да кажеш дека стан со зими на -25 и стан со зима околу -2 до 0 ќе потроши исто? Ако принципите за греење се исти како за во куќа, тогаш грешиш.
Јас користам дрва истовремено дозагревање со струја. Една година трошам 3 кубика (зборам за дабово дрво), друга година трошам 6+2 кубици (докупувам), затоа што не можеш ти во зима на минус 20 да загрееш со едно дрвце исто како и на минус 1 (пред некоја година температурата и во плус). Некои години плаќам дупло за струја, зависно пак од надворешните услови.

А муабетот на почетокот беше друг, инжењерот од весникот кога толку му дошло до грло има можност да се пресели во стан без парно или во куќа. Прашање е дали сака.
Зборуваме за иста куќа и ист начин на греење
Ако некој оваа зима потоши 10 кубици бука и догодина ќе потроши 10 кубици бука.
Друго нешто... Според твојот пост, ти мислиш дека сега неисклучените ќе плаќаат помалку.
Не... Многу мало ќе биде намалувањето на сметките Во тоа ќе се увериш веднаш кога ќе почнат да доаѓаат сметките
 
Член од
10 јануари 2011
Мислења
1.658
Поени од реакции
3.322
сакаш да кажеш дека стан со зими на -25 и стан со зима околу -2 до 0 ќе потроши исто? Ако принципите за греење се исти како за во куќа, тогаш грешиш. Сигурно термото ќе се исклучува побрзо и помалку ќе дува. Истото важи и ако имаш греалка или клима во станот.
Па јас користам дрва истовремено дозагревам со струја. Една година трошам 3 кубици (дабово дрво), друга година трошам повеќе од дупло-докупувам, затоа што не може во зима на минус 20 да загрееш исто како и на минус 1 (пред некоја година температурата и во плус). Си има вратниче за воздух, ќе се подзатвори за поспоро да гори дрвото и повеќе жар да држи. Исто и за струја, некои години плаќам дупло за струја, зависно пак од надворешните услови.

А муабетот на почетокот беше друг, инжењерот од весникот кога толку му дошло до грло има можност да се пресели во стан без парно или во куќа.
Како тоа јас на струја плаќам помалку а температурата ја одржувам за два степени повисоко? Никој нема намера поради крадци со тапија (топлификација) нигде да се сели. Нив ќе ги иселиме!
 
@cool@

Η Μακεδονία δεν είναι Ελληνική
Член од
2 јуни 2007
Мислења
23.601
Поени од реакции
27.113
gledajte sitel vo momentov i chudete se
ja nashle Crna Gora ko reper za plakjanje parno i toa prisilno DEMEK so policija gi terale da se prikluchat
karam te kjerko seti se snao e rabotava
:tapp:
vi teknuva;)
--- надополнето: 12 септември 2012 во 19:25 ---
tokmu sega
 
Eве го прилогот на Сител:
http://sitel.com.mk/dnevnik/biznis/crnogorec-prikluchen-na-parno-so-pomosh-na-policija
Еве го и оргиналниот напис од Блиц на кој се повикува Сител
http://www.blic.rs/Vesti/Hronika/342176/Crnogorcu-prisilno-ugradili-radijatore-uz-pomoc-policije
Истата вест ја има и на интернет поталот на Градот Пљевља
http://pvportal.me/2012/09/iako-nece-moraju-da-koriste-usluge-jp-grijanje/
 
Xibalba

Corona Australis
Член од
24 јануари 2012
Мислења
6.091
Поени од реакции
11.496
Ми стигна новата сметка за парно, за 20% поголема од мартовската (референтна пред последното поскапување, а која не е порамнувачка).

Па добро бе, пи4ка им е6ем материна, нели за 3% требаше да поскапи, а не за 20%. Стварно човек треба да земе зоља и калаш, па право во планина по човекови права.
 
Не ние сме македончиња мирен народ ќе си истрпиме...туку џабе мелеме на темава исклучете се стварно е поефтино и потопло на струја али ете...:unsure:
 
Xibalba

Corona Australis
Член од
24 јануари 2012
Мислења
6.091
Поени од реакции
11.496
исклучете се стварно е поефтино и потопло на струја
Мислам дека си прочитал дека и струјата поскапи за 20%. А и да се исклучам пак ќе мора да и плаќам на Топлификација за цевките што минуваат низ станот.
 
Член од
10 јануари 2011
Мислења
1.658
Поени од реакции
3.322
Мислам дека си прочитал дека и струјата поскапи за 20%. А и да се исклучам пак ќе мора да и плаќам на Топлификација за цевките што минуваат низ станот.
Пак е многу поефтино на струја...а и потопло...И не немора да и плаќаш на топлификација за цевките што поминуваат низ станот...нема да може да ти наплатат само шират страв за да не се исклучувате..ништо повеќе...што е интересно еве ти си пример дека стварно функционира ;)...а и во најлош случај дури и да и плаќаш 10 денари по метар квадратен пак ќе ти биде поефтино а и потопло :) али на кој да му докажеш луѓето едноставно тешко менуваат ставови :( си увртеле во глава дека парното е поефтино и дека е потопло и ајде сега разубеди ги? :facepalm:
 
Xibalba

Corona Australis
Член од
24 јануари 2012
Мислења
6.091
Поени од реакции
11.496
Пак е многу поефтино на струја...а и потопло...
си увртеле во глава дека парното е поефтино и дека е потопло и ајде сега разубеди ги? :facepalm:
Извини друже ама сум се греел на струја кога живеев со родителите, и не памтам дека некогаш сум бил згреан како што треба. Ако дневната ти е згреана, тогаш ходникот е ладен, ако и он е згреан тогаш купатилото е ладно итн...

За топлификација само греење на дрва е алтернатива и по цена и по квалитет, ама за жал во станот немам оџак.
 
Член од
10 јануари 2011
Мислења
1.658
Поени од реакции
3.322
Извини друже ама сум се греел на струја кога живеев со родителите, и не памтам дека некогаш сум бил згреан како што треба. Ако дневната ти е згреана, тогаш ходникот е ладен, ако и он е згреан тогаш купатилото е ладно итн...

За топлификација само греење на дрва е алтернатива и по цена и по квалитет, ама за жал во станот немам оџак.
Минатата зима јас се исклучив од топлификација. Радијаторите ги продадов и купив конвектори (за кои викаат дека трошеле многу) ги ставив на температура над 22 степени..така останаа цела зима без ниту еднаш да ги исклучам...платив 30 проценти помалку од тоа што платив за парно а температурата беше за 2-3 степени повисока од таа што ја добивав со парно...е сеа израчунај ја ти разликата ако температурата ја намалев на 19-20 колку што добивав од топлификација...крадат и лажат...ако ставиш инвентер наместо конвектори ќе имаш многу подобри резултати...не е ова време на термо печки и грејалки кои ти си ги користел...па лицето топло а газот ладен :)...
 
Член од
20 септември 2011
Мислења
8.146
Поени од реакции
8.544
Ми стигна новата сметка за парно, за 20% поголема од мартовската (референтна пред последното поскапување, а која не е порамнувачка).

Па добро бе, пи4ка им е6ем материна, нели за 3% требаше да поскапи, а не за 20%. Стварно човек треба да земе зоља и калаш, па право во планина по човекови права.
Колку квадрати е станот и колку сега сметката изнесува во денари?
 
Kajgana Shop

На врв Bottom