Топлификација и нејзиниот штетен и патетичен бизнис план [општа дискусија]

Член од
2 јануари 2008
Мислења
21
Поени од реакции
3
под итно треба да се покрене иницијарива за разбивање на монополот на топлификациа. Владата треба да најде начин , на основа на голем монопол да ја натера компанијата да се подели на производство и дистрибуција и да се продаде на берза во рок од 6 месеци.... Тоа ќе отвори простор за пристап на нови понудувачи на топлинска енергија и конкуренција , а дистрибуцијата ќе се расвива по свој пат на основа на еднаков пристап за сите и продавачи и купувачи....
Го има тоа направено Топлификација. Од пред некое време се групација составена од 11 друштва.
http://toplif.com.mk/Tekstovi/GI2011.pdf

Види ги првите неколку страни.

А како што и добив инсајдерска информација од зимово можно е да греат 24 часа (но навечер со пониска температура него преку ден).
--- надополнето: 9 јули 2012 во 12:27 ---
Потребно е едноставно да се следи трендот.....наречен енергетска заштеда и заштита на околината.....по кој секоја топлина произведена со цел да служи за загревање во вакви системи , мора да биде од КОГЕНЕРАЦИЈА. Се друго е непотребно штетно растурање на скапи енергенси...и непотребно загадување по сите линии..
Тоа значи дека треба да се инсистира, со секоја топлинска енергија во јавен систем за загревање да биде произведена и електрична енергија, која е по вредност поголема од отпадната...т.е. топлината.. Со еколошки закон да се пропише дека при тоа топлински киловат не смее да се продава повисоко од 1/3 цена на електричната енергија.
Па ко воли..нек изволи во таа шема.
Нели новава гасна централа што ја направија Топлификација и Синтезис е Когенеративна.

concrete

alte Esel
Член од
22 март 2005
Мислења
12.248
Поени од реакции
1.703
Го има тоа направено Топлификација. Од пред некое време се групација составена од 11 друштва.
http://toplif.com.mk/Tekstovi/GI2011.pdf

Види ги првите неколку страни.

А како што и добив инсајдерска информација од зимово можно е да греат 24 часа (но навечер со пониска температура него преку ден).
--- надополнето: 9 јули 2012 во 12:27 ---

Нели новава гасна централа што ја направија Топлификација и Синтезис е Когенеративна.
--- надополнето: 9 јули 2012 во 12:27 ---

Нели новава гасна централа што ја направија Топлификација и Синтезис е Когенеративна.
..да когенеративна е , но сега батките прават екстра профит...или бргу ќе прават..продавајќи исто двапати....
..хммм се поделиле??? а кој е сопственик на деловите???....мноооогу акционери или двајца тројца исти. Затоа треба да се продаде на берза по понудена цена во рок од 6 месеци. Тоа не е компанија од времето на индустриската револуција па ди има фамилијарен сопственик, а плус тоа е со функција на јавна услуга...па плус тоа на многу матен начин приватизирана...затоа ЈАВНОСТА мора да ја поседува...;)
 
Член од
20 септември 2011
Мислења
8.146
Поени од реакции
8.544
Пребарувајќи на интернет најдов еден интересен напис од Вечер напишан на 04. 01. 2011. кој зборува за вистинската слика за АД Топлификација
Во написот стои ( во вториот дел со поднаслов Плаќаш парно и за комшијата ) дека АД Топлификација за првите 9 месеци од 2011 остварила добивка од 530.000 евра, при тоа имала вкупен приход од 1.370.000. 000 евра.! ( овие бројки не се за верување )
Во написот, пишува дека граѓаните се жалат на високите сметки за парно, но за тоа се окривуваат исклучените, односно пишува дека граѓаните се жалеле на Регулаторна дека плаќаат за комшиите.
Интересен напис кој ја карактеризира климата што е направена околу високите сметки: За се се криви „ исклучените “, а не високите профити на АД Топлификација.
Меѓутоа се е лага околу Топлификација и за се се виновни „исклучените “
http://www.vecer.com.mk/default.asp?ItemID=D0EE794992E00545A2A647DD3B119F65
 
Fringe

Скитник низ паралелни светови
Член од
24 септември 2011
Мислења
7.898
Поени од реакции
3.005
По логика на топлификација излегува дека ако јас дома пуштам клима,треба да ми плати комшијата што се лади и неговиот стан!!!
 
concrete

alte Esel
Член од
22 март 2005
Мислења
12.248
Поени од реакции
1.703
Работава веќе излегува од рамките на нормалното. Топлификација проба да наметне некакви феудални права кои немаат никаков допир со слободниот пазар и капитализмот. Никој никаде не плаќа за нешто што не го купил, а не па за нешто што нема ни намера да го купи.
Овде се провлекува една чудна приказна. Објаснението , на очигледно КУПЕНТАТА Регулациона комисија се врти околу ставот: на тој начин да се спречи понатамошното еродирање на системот.
Значи народ ќе се тера по секоја цена да плаќа, за да некој и понатака заработува екстра профити.
Системот за централно греење во Скопје, е концепиран и изграден во едно време , кога поимот енергетска ефикасност и ПАЗАРНА ЦЕНА НА ПРОИЗВОД.., не постоеја.
Сега имаме сосема друга состојба и во игра треба да бидат сите опции. Дури и банкрот на топлификација , ако не може пазарно да опстане. А пазарно опстанување не е ситуација во која некој се принудува да потроши 30-40%% од својата плата на луксузно загревање на својот стан.
Се знае .....кој нема пари за тоа, се грее, ако треба и под јорган.
Другото тврдење дека треба да го напушти станот и да го смени за таков кој не е поврзан со ситемот е ГРУБ АТАК НА ПРИВАТНАТА СОПСТВЕНОСТ.
И обезвреднување на имотот, со принуда на брзо продавање под притисок....кој имот дури се доведува во ситуација да биде конфискуван на основа на имагинарни неплатени долгови.

Топлификација секој месец генерира долг, кој за некое КОНЕЧНО време по основица плус камати, плус утерувачи на долгови..ќе ја надмине вредноста на станот.

Може би гледано од страна и не се работи за големи пари...цца 30-100 евра месечно, но тие се огромни пари,кога ЗАКОНСКИ гарантираната плата не е ни 200 евра и кога 35% од народ не е вработен.
Од друга страна профитите на Топлификација , иако сигурно прикажани помали...покажуваат дека има ГОЛЕМО ЦИЦАЊЕ на пара од народ...
Мислам дека е тоа идеа на словенските потенцијални газди, а со цел да опљачкаат некоја пара и да си ги покријат таквите проблеми дома.
Друга логика нема. Иста е како со Телекомот, иста како со ЕВН...................... кои извлекуваат големо азно од Македонија.
 
Член од
20 септември 2011
Мислења
8.146
Поени од реакции
8.544
Во Плусинфо излезе напис во врска наметнувањето на 50%,
Има изјава од Професорот Зоран Шапуриќ.
Има информација дека Топлификација веќе поднела барање за ново покачување на цените.
Погледнете:
http://www.plusinfo.mk/vest/49445/Ni-se-gotvi-nov-Toploten-bran
 
Fringe

Скитник низ паралелни светови
Член од
24 септември 2011
Мислења
7.898
Поени од реакции
3.005
Во топлификација 24/7 намерно работат светлата и климите да прават трошок,демек имаат зголемени трошоци САМО за да имааат основа за поскапување.
Колку недомаќинско работење
 
^X^

Член од
22 декември 2007
Мислења
1.457
Поени од реакции
376
Во Плусинфо излезе напис во врска наметнувањето на 50%,
Има изјава од Професорот Зоран Шапуриќ.
Има информација дека Топлификација веќе поднела барање за ново покачување на цените.
Погледнете:
http://www.plusinfo.mk/vest/49445/Ni-se-gotvi-nov-Toploten-bran
Конечно некоја партија да се произнесе... За жал главните партии молчат, изгледа дека и едните и другите се поврзни со Топлификација кога доаѓаат на власт, а токму на оваа тема може да се ќарат политички поени, затоа што од ова се засегнати многу граѓани.
 
Член од
10 јануари 2011
Мислења
1.658
Поени од реакции
3.322
Во Вечер има подолг напис за состојбата со Топлификација
Не видов нешто, ново или значајно
http://www.vecer.com.mk/?ItemID=E2C3AEAA860AFB48857DE9E136C92167
Можеби е добра идеја да се пише до сите политички партии и да се побара нивното мислење за ова? Баш ме интересира што ќе одговорат?
 
Член од
20 септември 2011
Мислења
8.146
Поени од реакции
8.544
Можеби е добра идеја да се пише до сите политички партии и да се побара нивното мислење за ова? Баш ме интересира што ќе одговорат?
Ќe пробаме и тоа но, според мое видување, нашиве политичари не прават ништо друго освен што меѓусебно се караат. На интернет страницата на Собранието на пребарувачот отчукав „ топлификација “се појавија 40 страници, што значи најмалку 40 пати дискутирале за топлификација еве што најдов на едната од тие страници:
СТЕНОГРАФСКИ БЕЛЕШКИ
од 16-то продолжение на 26-та седница на Собранието на Република Македонија, одржана на 17 април 2012 година

Или што да кажам за Топлификација, цел град е загрижен. Топлификација силно го нарушува буџетот на граѓаните во Скопје. Покачената цена, тоа што беа приморани голем дел од нив да се откажат. Тоа што повторно Топлификација ќе се обиде да покрене правилник според кој ќе мора да се приклучат и да плаќаат 50%, а користеле, не користеле за тоа што се дел од таа инфраструктура која е поставена во градот, тоа е исто така голем проблем, а е продуциран благодарение на тоа што Владата води лоша енергетска политика.

Не е тоа битно нека се караат, она што е битно за нас е да прашаме и побараме да секој слободно може да се исклучи од топлификација без да бара дозвола од соседите и без да плаќа надоместок секој месец иако е исклучен, тие што не сакаат да се исклучат нека си плаќаат тоа си е нивен избор.
Доколку повеќе граѓани бараат мислење од некоја политичка партија за топлификација тогаш тие ќе добијат одговор, сакам да го видиме ставот на политичките партии за оваа тема?
 
...занимлива забелешка .., ова е прашање на кое можат да се добијат или изгубат избори во Скопје, ако се менаџира соодветно. Но очигледно политичарите, оние кои треба..., СЕ КУПЕНИ од веќе дебело нафатираните газди на топлификација..., молчат како неми сомови....;)
 
Член од
20 септември 2011
Мислења
8.146
Поени од реакции
8.544

Kajgana Shop

На врв Bottom