Топлификација и нејзиниот штетен и патетичен бизнис план [општа дискусија]

Член од
20 септември 2011
Мислења
8.146
Поени од реакции
8.544
За исклучените
Денес бев кај Нотарката да се распрашам кога ќе почнат да праќаат решенија.
Ми рекоа : Решенијата не се готови и речиси сигурно нема да бидат готови до Нова година.
Ова значи - чекајте мирно Нова година
Уште еднаш да ве подсетам - приговорот е готов и ако некој добие решение нека јави.
 
Член од
10 август 2010
Мислења
66
Поени од реакции
33
На интернет страницата на скопска Топлификација го најдов ова: http://toplif.com.mk/Tekstovi/vlijanie_iskluceni_stanovi.pdf
Во овој текст меѓу другото стои:
„ Дали исклучените станови кои не се греат терба да не плаќаат ништо, каква е праксата по
одлуката на Уставниот Суд од пред неколку години, или треба да плаќаат одреден износ до
50% како што беше праксата пред таа одлука е прашање на политика на оние кои согласно
законот тоа треба да го дефинираат. Кое решение ќе биде во сила зависи од Тарифниот систем
за топлинска енергија кој го носи Регулаторната Комисија за Енергетика. “
Ова ме наведе да помислам дека Топлификација сака повторно да наметне плаќање на 50%, сега преку Регулаторната комисија.
Какво е Вашето мислење околу ова?

Еве и јас овде (случајно) најдов ист проблем како нашиот...АМА во нашето подалечно и европско соседство...т.е. во Република Хрватска.
Значи ...исти или слични маки мачат и нашите соседи...во европска Хрватска
Па ако не е спроти правилата на Форумов...сакам да ви го презентирам...секако во оригинал.

'TO JE UŠUTKAVANJE I ZASTRAŠIVANJE!' Aktivisti 'Neću usluge toplane' priveden na ispitivanje u karlovačku policiju




На овој линк...ја имате целата статија во оригинал.
http://www.jutarnji.hr/-to-je-usutkavanje--i-zastrasivanje----aktivisti--necu-usluge-toplane--priveden-na-ispitivanje-u-karlovacku-policiju-/1112475/
:(
 
Член од
20 септември 2011
Мислења
8.146
Поени од реакции
8.544
@novace
Она што се случуваше во Хрватска е минато.
Но постои битна разлика помеѓу Скопје и Хрватска:
Во Хрватска топланите беа под локалната власт и локалните лешинари се бореа да ги задржат работните места во топланите
Инаку тој „ ативист “ е локален функционер на една партија така да таму има и политика
А во Хрватска се е решено. Донесен е закон и кој сака да може да се исклучи и ништо не плаќа. Така да локалните моќници ја изгубија власта да пропишуваат кој може а кој не може
http://www.zakon.hr/z/606/Zakon-o-tržištu-toplinske-energije
Погледнете член 45 став 3

(3) Krajnji kupac iz stavka 1. ovoga članka dužan je plaćati sve troškove osim troškova toplinske energije za svoju samostalnu uporabnu cjelinu.

Кај нас е сосема друга ситуација.
ТОПЛИФИКАЦИЈА МАМИ,
 

Stefus Corp.

Рационална Коза
Член од
22 август 2012
Мислења
2.097
Поени од реакции
1.821
Балкан енерџи груп сака да го менува режимот за греење – на подобро

Балкан енерџи груп АД Скопје (БЕГ) поднел предлог до надлежните органи за вградување два нови сервиси во соодветната легислатива и промена на режимот на испорака на топлина согласно со потребите на потрошувачите и согласно со законските норми од оваа област во Република Македонија.
БЕГ предлага испорака на топлина наутро, преку ноќно предгревање на топловодната мрежа, со што сите корисници ќе добијат еднаков квалитет на топлина во исто време, без разлика на кој дел од мрежата се лоцирани, како и продолжена испорака на топлина до корисниците за дополнителни два часа навечер.
„Реакциите од нашите потрошувачи во однос на изменетиот и подобрен режим на испорака на топлина се исклучително позитивни и претставуваат основа за преземање нови чекори во насока на понатамошно подобрување на квалитетот на услугите што ги нуди БЕГ“, се вели во соопштението од Балкан енерџи груп АД Скопје.
 
Член од
20 септември 2011
Мислења
8.146
Поени од реакции
8.544
Како дополнување на веста која @Stefus Corp. ја постираше во претходниот Економски лидер извести дека таквото парно
ќе чини 100 до 200 денари повеќе
http://lider.mk/2013/12/12/parno-do-23-casot-ke-cini-plus-100-do-200-denari/
Проектот се реализира во делот на Скопје приклучен на Топланата „Исток“, поточно во населбите Аеродром, Кисела Вода, Лисиче и дел од Центар, се вели во веста.

Ако си спомнувате пред неколку години Советот на градот Скопје бараше Топлификација да работи од 7 до 22 часот наместо од 6 до 21.
А погледнете сега што самите бараат
Како го толкувате ова?
 
Член од
21 октомври 2011
Мислења
1.731
Поени од реакции
2.548
Ќе греат од 5 до 23 часот, односно 3 часа повеќе отколку досега од 6 до 21. Тоа е 20% подолг период, што значи и 20% повеќе испорачана енергија, што ќе се одрази како 20% повисока сметка.
Ако некој плаќа 500-1000 денари за парно, тогаш разликата би била 100-200 денари повеќе. За сите останати ќе биде 500-1000 денари.
 
Член од
20 септември 2011
Мислења
8.146
Поени од реакции
8.544
Порака за исклучените!
Вчера добив „ последна опомена пред тужење “, од БЕГ која се однесува сметки од јануари до април 2013.
И други наши пријатели добиле вакви „ опомени “
Ги подсетувам сите исклучени дека ова е само уште едно заплашување.
Не им плаќајте!
Веројатно нема ниту да тужат, а ако тужат треба да се поднесе приговор до нотарот и тоа ќе се одложи со години.
Сега е битно да не попуштиме пред измамниците и крадците и да останеме сите заедно
Тие на крајот ќе мораат да ги „ излижат сите ла*на “ кои ги посраа
http://www.youtube.com/watch?v=b2eO2q-Qhag
 
Член од
17 декември 2013
Мислења
4
Поени од реакции
1
I jas dobiv od BEG "posledna opomena pred tuzenje". Sakam da prasam dali nesto treba da odgovoram na ova ili da cekam da stigne resenie od notar, pa da podnesam prigovor?
 
Член од
20 септември 2011
Мислења
8.146
Поени од реакции
8.544
I jas dobiv od BEG "posledna opomena pred tuzenje". Sakam da prasam dali nesto treba da odgovoram na ova ili da cekam da stigne resenie od notar, pa da podnesam prigovor?
Не.. На ова не треба да им одговараш.
Приговор се дава само на решението
 
Член од
20 септември 2011
Мислења
8.146
Поени од реакции
8.544
Изманиците од БЕГ - Топлификација, повторно во акција. Сега барат јавната власт односно надлежните институции да донесат мерки во насока на приклучување кон системот на централно греење на јавните, деловните и приватните субјекти кои имаат приклучок или достапност до топловодната мрежа.
На тој начин, според овие измамници, ќе се намалело загадувањето
Еве како за ова изветија, Сител и МК-Њуз
http://sitel.com.mk/mk/balkan-enerdzhi-grup-predlaga-site-da-se-prikluchat-na-parno-mrezhata
http://mkd-news.com/beg-go-koristi-zagaduvaneto-za-da-dobie-poveke-korisnitsi-na-parno-predlaga-vladata-da-donela-takva-merka/
Во мометов ТЕ - ТО работи без котел утилизатор и представува најголем загадувач. Секој саат таму согоруваат 57 000 нормални метри кубни метри гас и ова е всушност викање - „ држете го крадецот “
Но, јас мислам дека власта ќе го прифати ова барање на измамниците.
Затоа во најскоро време очекувајте присилни мерки по жалба на ТЕ - ТО
 

Zoran MKD

Мијак на квадрат.
Член од
11 септември 2010
Мислења
2.021
Поени од реакции
1.018
Батка ни РАБОТАМ во БЕГ ни се граем на нив но за интерес на вистината !
Продукт на согорување природен гас ( CH4 + 2 O 2= CO2 + 2H2O)
over & ende.
Кога си во право те подржувам. Дерење народ па со нечиија поткрепа ( државна ) уште помалку.
 
Член од
26 јануари 2009
Мислења
1.663
Поени од реакции
213
Во право си парното не е ефтино но ни јас не сум должен да ги дишам глупостите на кои се греат за поефтино да поминат, пластики, масла што ти не се бута по печките
 

Kajgana Shop

На врв Bottom