Топлификација и нејзиниот штетен и патетичен бизнис план [општа дискусија]

Член од
20 септември 2011
Мислења
8.146
Поени од реакции
8.544
кога ви го вклучија/пуштија парното годинава ( заради погодните временски услови колку заштеди т.е колку ќари топлификација од вас ?
Јас сум исклучен - мене воопшто не ме грее. Инаку почнаа да греат од 15 октомври..
Само од исклучените Топлификација треба да наплати преку 3 милиони евра годишно. Толку јавната власт ја „ чести “ Топлификација - 3 милиони ни лук јал ни лук мирисал - право во џеп на арамиите
Инаку целиот капитал на Топлификација потекнува од граѓаните на Скопје. Ниту еден тамошен директор ништо не донел а многу однел ниту Топлификација некогаш имала друга дејност
 

@cool@

Η Μακεδονία δεν είναι Ελληνική
Член од
2 јуни 2007
Мислења
23.601
Поени од реакции
27.111
Јас сум исклучен - мене воопшто не ме грее. Инаку почнаа да греат од 15 октомври..
Само од исклучените Топлификација треба да наплати преку 3 милиони евра годишно. Толку јавната власт ја „ чести “ Топлификација - 3 милиони ни лук јал ни лук мирисал - право во џеп на арамиите
Инаку целиот капитал на Топлификација потекнува од граѓаните на Скопје. Ниту еден тамошен директор ништо не донел а многу однел ниту Топлификација некогаш имала друга дејност
да не си грешка друже....годинава почнале да греат дури еден месец покасно,бар така ми имаат кажано пријатели дека иако било ладно наутро -парно немале па пуштале клими , калорифери...
 
Член од
20 септември 2011
Мислења
8.146
Поени од реакции
8.544
да не си грешка друже....годинава почнале да греат дури еден месец покасно,бар така ми имаат кажано пријатели дека иако било ладно наутро -парно немале па пуштале клими , калорифери...
Moжно е да е ова точно. Јас не се греам на Топлификација па да знам точно кога почнале да затоплуваат
Но гарант е точно дека сите пари на Топлификација потекнуваат од Скопјани. Тие друга дејност немаат ... Нешто малце се занимаваат со проектирање но тоа е „ситно“
 

^X^

Член од
22 декември 2007
Мислења
1.457
Поени од реакции
376
Требаше да почнат да грејат пред 15 Октомври, затоа што имаше ладни денови а постои и закон, 3 дена по ред доколку минималната температурата падне под 12 степени пред 15 Октомври мора да почнне грејна сезона. Но законите не важат за сите, хидрометрролошкиот завод јави дека треба да има греење, условот за мин. температура 3 дена по ред е исполнет. Имаше реакции по телевизии дека законот не се почитува и толку.

А и после 15 Октомври греат многу малку на сабајле, многу млаки радијатори. И времето им се погоди, топло но утрата беа ладни, но не греат - штедат, а дебело наплатуваат. Знам кај моите комшии кои се смрзнуваа, инаку јас се исклучив од топлификација и немам ваков проблем, а комшииве кои имаат мали деца редовно смрзнуваат во меѓусезона.
Вистинско греење има дури сега кога падна снегот.
 
Член од
20 септември 2011
Мислења
8.146
Поени од реакции
8.544
Многу прост одговор,
Не постои ниско напонска мрежам, која би издржала таков напон). кој би се користела за затоплување на цел град.
Нај голема глупост што се направиу е приватизцијата на ЈП Бутел и на ЈП Топлификација.
овер & енде.
До сега само @Zoran MKD го изнесе своето мислење зошто власта со сета сила запнала, да јас од мојата сиромаштија, по секоја цена им плаќам на измамниците од Топлификација секој месец по илјада денари.
Ево ќе набројам уште неколку можни одговори вклучително и мислењето на Zoran MKD
1. Исклучените од Топлификација ќе се префлат на струја и мрежата нема да издржи
2. Високи личности од власта имаат акции во Топлификација и ако Топлификација пропадне ќе им пропаднат парите
3. Голем срам и резил за власта ќе биде ако сега се обелодени дека Топлификаци крадеше со години а тие не направија ништо да ја сопрат.
4. Иднината на производството на струја во Македонија е во гасот. Сите термо централи ќе преминат на гас. Но гасот е скап. Затоа гасот ќе се користи когенеративно ќе се добива струја и ќе се затоплуваат становите во Скопје, Битола, Кичево и околините села.
5. Постои притисок од странски земји, кои сакаат да Македонија што повеќе користи гас.
Еве ова се пет можности. Ако мислите дека имаа и други - надополнете ме
Што мислите, која од овие можности „ држи вода“, а која „ не држи “?
 

Zoran MKD

Мијак на квадрат.
Член од
11 септември 2010
Мислења
2.021
Поени од реакции
1.018
Ти одоговорам пак од стручен аспект
Од политика ми се гади.

РЕК Битола и РЕК Осломеј.........( пази сега)............
Ова го пишувам као дипл.инг
И не смао мое мислење туку и на стручните луге во овие објекти...
НЕМА ТЕОРИЈА КОТЛИТЕ КОИ ЈА ПРЕГРЕВААТ ПАРЕАТА А СЕ НА ПОГОНСКО ГОРИВО ЛИГНИТ, ДА СЕ ПРЕФРЛАТ НА ПРИРОДЕН ГАС.
ПРЕД СЕ ЗАРАДИ ГЕОМЕТРЈАТА НА КОТЕЛОТ.
ПРОЕКТИРАНИСЕ ЗА ЛИГНИТ ИЛИ МЕШАВИНА ОД ЛИГНИТ И АНТРАЦИТ.

Единствен кој може да работи на плин е ТЕЦ Неготино.
Кој има погонско горив мазут.
И да т ие по јасно во Неготино има 2 котли ( да видиш физичката разлика во котлите) за турбина и генератор кој е потополно ист како во РЕК битола.
И наместо микност од 225 Мвати како битолскиот ТЕЦ Неготино со 1 котел вади 90 Мв а со 2 та 180. Иначе конструктивно е направен без проблем кога ке се додведе гас до Неготино како погонско гориво да користи природен гас.
 
Член од
20 септември 2011
Мислења
8.146
Поени од реакции
8.544
Известување за исклучените кои ( како и јас ) не сакаат да им платат на криминалците од Топлификација
Денес бев кај нотарот да прашам кога ќе ги добиеме решенијата
Уште не се готови... ми рекоа за десетина дена, а можеби и за еден месец. Не сакаа моето решение да ми го дадат “ преку ред “ - на сите одеднаш ќе им ги прателе по пошта
Ако некој добие решение, веднаш нека извести. Како што знаете приговорот е подготвен и ако некој има потреба веднаш ќе го постирам.

Ти одоговорам пак од стручен аспект
Од политика ми се гади.

РЕК Битола и РЕК Осломеј.........( пази сега)............
Ова го пишувам као дипл.инг
И не смао мое мислење туку и на стручните луге во овие објекти...
НЕМА ТЕОРИЈА КОТЛИТЕ КОИ ЈА ПРЕГРЕВААТ ПАРЕАТА А СЕ НА ПОГОНСКО ГОРИВО ЛИГНИТ, ДА СЕ ПРЕФРЛАТ НА ПРИРОДЕН ГАС.
ПРЕД СЕ ЗАРАДИ ГЕОМЕТРЈАТА НА КОТЕЛОТ.
ПРОЕКТИРАНИСЕ ЗА ЛИГНИТ ИЛИ МЕШАВИНА ОД ЛИГНИТ И АНТРАЦИТ.

Единствен кој може да работи на плин е ТЕЦ Неготино.
Кој има погонско горив мазут.
И да т ие по јасно во Неготино има 2 котли ( да видиш физичката разлика во котлите) за турбина и генератор кој е потополно ист како во РЕК битола.
И наместо микност од 225 Мвати како битолскиот ТЕЦ Неготино со 1 котел вади 90 Мв а со 2 та 180. Иначе конструктивно е направен без проблем кога ке се додведе гас до Неготино како погонско гориво да користи природен гас.
Јас ти верувам дека е така како што кажуваш.
Но факт е дека власта најавуваа топлификација, на Битола, Новаци и околните села и топлификација на Кичево, Осломеј, Зајас и други села во околината на Кичево
Истовремено не се најавува топлификација на ниту еден друг град или друго село. И врз основ на овој факт може да се заклучи дека нешто „ готват “ околу двете наши термоелектрани.
„ Визионерите “ од Топлификација, одамна ја пласираат ова визионерска идеја. Овие „ визионери“ за техниката се дунстери, тоа е општо познато и за што зборува фактот дека го изградија ТЕ -ТО како најголема мегаломанска промашена приватна инвестиција
Но тие се моќни, богати, угледни и влијателни. Тие со пари помагаат политички партии, новинари, медиуми и тн. Вработуваат... Мажот на една регулаторка го вработија во Топлификација. Од друга страна власта како секоја власт... Не значи, ако си на власт, дека мора да ја познаваш техниката и лесно е да излажеш такви.
Но за мојот проблем тоа воопшто не битно
Битно е дека власта по секоја цена сака да јас им плаќам на криминалците од Топлификација илјада денари месечно, секој месец до крајот на животот, а по мојата смрт, тоа да го прават моите наследници.
И моето прашање е зошто запнале по секоја цена да го спроведат тоа.
Во постот 1250, јас наведов пет можни причини за тоа. Ако имаш друга идеја, посочи и други причини. Според твоето мислење која од овие причини „ држи вода “?
 

Zoran MKD

Мијак на квадрат.
Член од
11 септември 2010
Мислења
2.021
Поени од реакции
1.018
На техничко прашање не можам да дадам политчки одговор и обратно.
Попатно сега кај што седам во зградата и јас с егрејам на ел енергија.

И тоа ке е исплатливо додека струјата има регулирана цена!

По 2015 господ да ни е на помош.
 
Член од
23 октомври 2013
Мислења
817
Поени од реакции
170
realno e deka cenata na energensite ke raste. Ke vidime so kakvo tempo.
I drvata ke poskapat.
 
Член од
20 септември 2011
Мислења
8.146
Поени од реакции
8.544
realno e deka cenata na energensite ke raste. Ke vidime so kakvo tempo.
I drvata ke poskapat.
Ова е за темата Најекономично затоплување, но само кратко. Цената на струјата во моментов е превисока, но веројатно уште ќе поскапува поради се поголемото опорезување. И дрвата се скапи. Во Македонија дрвата се поскапи од колку што се во Бугарија и Србија. За дрвото постои конкуренција од увоз и од алтернативни горива, така да тоа не може многу да поскапи
Повеќе за ова во темата Најекономично затоплување
Во овој случај се работи за нешто друго. Највисоката јавна власт решава по секоја цена исклучените од Топлификација да им плаќаат на криминалците три милиони евра годишно
Зошто?
 
Член од
20 септември 2011
Мислења
8.146
Поени од реакции
8.544
Еве сега го напишав приговорот со кој ќе им ја вратам последната фактура на криминаците од БЕГ - Топлификација.
Мислам дека многу убаво ( стилски ) и од срце се им напишав и затоа сакам последниот пасос да го споделам со Вас
Еве како јас се изразив во врска нивните закани:
„ Со оваа фактура добив и кратка опомена со која ме повикувате да ги платам Вашите фактури „ во најкраток можен рок “ и се заканувате дека ќе поднесете предлог за донесување на решение до нотар.
Како не Вие срам тоа да го велите? Вие очигледно се обидувате да ме измамите. И наместо да се извините и да ги корегирате сите Ваши претходни фактури, Вие се заканувате. Општо е познато дека јавната власт силно Ве подржува, се „ помочаа “ на Правната наука само Вам да Ви угодат. Но ова што Вие го правите ги преминува сите граници. Вие очигледно мамите, а сега ми се заканувате
И покрај тоа што е очигледно дека јавната власт ќе стори се да судовите судат во Ваша корист, јас сепак одбивам да ги платам Вашите фактури. Причина за тоа е што јас имам совест. Сите фактури Ви се вратени и Ви се вложени приговори на кои не одговарате. Мојата фактура до Вас, Вие сеуште не сте ја платиле. И нема потреба да ми се заканувате со нотар, туку повелете тужете ме. Вашите фактури не се „ веродостојна исправа “, туку докази дека се обидувате да ме измамите. Сепак, убеден сум дека судовите ќе судат во Ваша корист, бидејќи јавната власт е на Ваша страна, како што реков тие „ се помочаа “ на Правната наука само за да Вие од мене и од други сиромашни наплатувате и ги полните џеповите. Затоа тужете, на овој начин Вие „ ќе заработите “ многу повеќе. Јас, речиси сосема сигурно ќе ја загубам парницата и ќе платам многу повеќе. Но барем ќе го сочувам моето човечко достоинство и углед. Бидејќи ако почнам да плаќам на измамници и крадци, од мене ќе се срамат, мојот Син и идните генерации потомци. Вие веројатно такви проблеми немате, но јас има совест.
Затоа Ви порачувам: Немам никаква намера да ги плаќам Вашите фактури. Тужете ме.... „
 
Член од
20 септември 2011
Мислења
8.146
Поени од реакции
8.544
neka propadnat vise. Treba ednas drzavata da ja kupi skapanata BEG.
Не да ја купи, туку да ја конфискува. Целиот капитал на Топлфикација е украден од Скопјани. Имот стекнат со крадење се одзема, се конфискува а не се купува
 

Kajgana Shop

На врв Bottom