Топлификација и нејзиниот штетен и патетичен бизнис план [општа дискусија]

Член од
20 октомври 2012
Мислења
3.612
Поени од реакции
6.240
Edni moi prijateli sakaa da si go namirat ''stariot dolg'' kon toplifikacija , dobija odgovor deka veke ima tuzba protiv niv i deka ako sakaat da se povlece tuzbata mora da go platat dolgot x 2 pati .Zaradi trosocite za notar i sl.
Dali veke pocnaa so tuzbi ili se foliraat. Na prasanjeto zosto ne se informirani za tuzbata, receno im bilo deka veke ima isprateno opomena pa taka ne se dolzni da gi izvestat za tuzba i procesot ke tece i bez nivno znaenje.
Sto mislite za ova !?!?
Тоа се веројатно стари долгови за кои они имале склучено договор. Тие ќе мора да ги платат.
Ние овде зборуваме за "новите долгови" кои сакаат да им ги плаќаме ние исклучените без договор. За нив колку што знам нема тужби. Чекаме да видиме како ќе не тужат без договор. :pipi:
 
Член од
20 септември 2011
Мислења
8.146
Поени од реакции
8.544

dab

Член од
1 ноември 2013
Мислења
3
Поени од реакции
0
Тоа се веројатно стари долгови за кои они имале склучено договор. Тие ќе мора да ги платат.
Ние овде зборуваме за "новите долгови" кои сакаат да им ги плаќаме ние исклучените без договор. За нив колку што знам нема тужби. Чекаме да видиме како ќе не тужат без договор. :pipi:
Не се работи за сатр долг, станот не е приклучен на мрежата, дури ни цевки не поминуваат низ станот.
 
Член од
20 октомври 2012
Мислења
3.612
Поени од реакции
6.240
Не се работи за сатр долг, станот не е приклучен на мрежата, дури ни цевки не поминуваат низ станот.
Епа нема тогаш за што да плаќате! Нема договор, нема долг!
 
Член од
20 септември 2011
Мислења
8.146
Поени од реакции
8.544
Edni moi prijateli sakaa da si go namirat ''stariot dolg'' kon toplifikacija , dobija odgovor deka veke ima tuzba protiv niv i deka ako sakaat da se povlece tuzbata mora da go platat dolgot x 2 pati .Zaradi trosocite za notar i sl.
Dali veke pocnaa so tuzbi ili se foliraat. Na prasanjeto zosto ne se informirani za tuzbata, receno im bilo deka veke ima isprateno opomena pa taka ne se dolzni da gi izvestat za tuzba i procesot ke tece i bez nivno znaenje.
Sto mislite za ova !?!?
До сега не сме тужени
Сите „ опомени “, последни известувања “, ударања црвени печати јавувања по телефон и слично се само заплашувања.
За сметките од октомври, ноември и декември 2012 Топлификација до нотарите достави барање да се донесат решенија.
И јас до мојот нотар доставив преставка дека Топлификација се измамници.
Досега, нотарот не ми одговорил на преставката, ниту сум добил решение, но речено ми е дека решенијата нема да бидат пред Нова година.
Ако добиеме решенија, ќе треба да дадеме приговор. А потоа судот ќе одлучи дали ќе има судење, а може и топлификација да се одкаже од тужбата.
Значи ти си со нас. Ако добиеш решение - јави да го постирам приговорот
 
Член од
20 септември 2011
Мислења
8.146
Поени од реакции
8.544
Повеќе написи известија дека регулаторна го одбила барењето на Топлификација за продолжување на времето на затоплување од 21 до 23 часот
Еве како за ова извести Вечер
http://www.vecer.com.mk/default.asp?ItemID=9CAF695619586549A216CDDE7FD50034
Според мое мислење, ова е најнеповолно решение за граѓаните. Сега Топлификација ќе грее кога сака колку сака и наплатува колку сака. Впрочем таа тоа го прави повеќе години наназад
 
Член од
20 септември 2011
Мислења
8.146
Поени од реакции
8.544
Веројатно поради празнициве кои помина во медиумите нема ништо за тужбите со кои Топлификација ќе ги тужи исклучените на чело со мене.
Затоа ќе напишам една порака со Исклучените
Многумина потклекнаа и почнаа да им плаќаат на арамиите од Топлификација. Пред неколку дена сретнав еден Познаник кој им плати и ми вели им платив се уплашив од нотари, тужби, судови.... Му реков што се плашиш и тоа е за луѓе. Ама знаеш, ми рече тој, мене стварно затоплувањето со клима многу малку ме чини, бидејќи добивам топлина од „ поминување на цевки “.
Според мене тој не добива ништо, никој не се стоплил со „поминување на цевки“ - тој сам себе се оправдува за тоа што го сторил.
И според сегашните закони тој не треба ништо да плаќа. Се што ќе добие од комшиите е негово.
Еве како јас тоа го напишав во пригиворот кој е подготвен:
„ Односите со соседите се решени во Законот за сопственост други сродни права ( Службен весник на Република Македонија број 18/2001 ). Во член 22 став 1 од овој Закон стои: „ На сопственикот му е дозволено од своето земјиште да истргнува жили и корења на туѓо дрво или растение, како и да ги отсекува или поткаструва гранките на туѓи дрвја, како и дел од стеблото кое се наоѓа во воздушниот простор над неговата недвижност и да ги задржи за себе, или пак да се користи со тие делови на туѓите дрвја.“ А член 17 во став 4, од истиот Закон, гласи: „ Тоа што е одредено за соседското право на соствениците на земјиштата на соодветен начин се однесува и за сопствениците на другите недвижности, вклучувајќи ги и зградите во етажна сопственост, ако не е во спротивност со закон или со суштината на недвижноста. “
Меѓутоа ова не „ измислица “ на Правниот систем на Република Македонија, туку е општа правна прифатена кај цивилизираните народи и денес и во минатото. Уште во Leges duodecim tabularum, 10. Закон од VII Taблица гласел:„ [10] Cautum est . . . lege XII tabularum, ut glandem in alienum fundum procidentem liceret colligere (Plinius, nat. hist. 16, 5, 15) “.
Очигледно е со донесувањето на одредбите од членовите 66 и 53, од Правилата за снабдување со топлинска енергија број 01 – 1302/1, Регулаторната комисија за енергетика се „ помочала “ на Правната наука. “

Мојата порака до исклучените е не се предавајте. Законите се на наша страна. Вистината мора да победи. Издржете...
И мене ми е тешко, но мораме да издржиме
 
Член од
20 септември 2011
Мислења
8.146
Поени од реакции
8.544
И понатаму нема никакви вести од Топлификација
Но за да го задржиме борбениот моралот и победничкиот дух, еве уште еден доказ за криминалот на Топлификација и Регулаторна
Цените по кој наплатува Топлификација ги определува Регулаторна врз основа на одобрените трошкови со кои им ги одобрува платите. и на вработените и на директорите

Еве за 2013/2014 колку пари за целата година им одобрила регулаторна за плати за секоја дејност посебно:

Дејност .......... Бруто плати ............Менаџерски плати

Снабдување:.....40 050 296.............5 680 104
Дистрибуција.....43 010 136.............4 214 712
Производство....80 371 192.............9 116 226

Вкупно...............163 431 624...........19 011 042.. денари

Ако сумата за плати ја поделиме со 12 ќе добиеме месечна сума за плати
163 431 624 : 12 = 13 619 302 денари месечно
Ако претпоставиме дека имаат 400 вработени, тогаш месечната просечна бруто плата изнесува
13 619 302 : 400 = 34 048 днари

Ако сумата за менаџерски плати ја поделиме со 12 ќе добиеме месечно вкупни плати
19 011 042 : 12 = 1 584 253 денари месечно за менаџери
Да препоставиме дека има 10 менаџери кои ги делат овие менаџерски плати
1 584 253 : 10 = 158 425 денари е просечна менаџерска плата во Топлификација
Или пресметано во евра:
158 425 : 61, 5 = 2576 евра
Со зборови две илјади петсто седумдесет и шест евра просечно месечно „ заработуваат “.
Веројатно сите менаџери немаат еднакви плати. Генералниот веројатно има месечна плата од 4-5 илјади евра, а другите веројатно помалку.
Ова се плати а колку земаат по други основи е друга сметка
Еве од каде се извадени овие податоци
http://www.erc.org.mk/odluki/2013.07.29 ODLUKA ZA BEG DISTRIBUCIJA.pdf
http://www.erc.org.mk/odluki/TE-C-2012.07.27 ODLUKA ZA CENA DISTRIBUCIJA SKOPJE-so tabeli.pdf
http://www.erc.org.mk/odluki/2013.07.29- ODLUKA ZA CENA-BEG PROIZVODSTVO-so tabeli.pdf
http://www.erc.org.mk/odluki/2013.07.22-GS-ODLUKA SNABDUVANJE BEG-so tabeli.pdf

Инаку во МЕПСО, ЕЛЕМ воопшто нема ставка „ менаџерски плати “ тоа го имаат само „ визионериве “ од Топлификација
Мислам дека со ова станува појасно зошто Јавната власт сака и со сите сили се бори и исклучените да и плаќаат на Топлификација.
 
Член од
20 септември 2011
Мислења
8.146
Поени од реакции
8.544
За следната среда 22. 01, Уставниот суд како 5 точка на дневниот ред ќе разгледа поедини одредби од Правилата за снабдување со топлинска енергија. Меѓу нив е и членот 53 став 2 кој гласи:
(2) Исклучените потрошувачи од став 1 на овој член се задолжуваат со плаќање на надоместокот за ангажирана моќност (фиксен дел) од надоместокот за топлинска енергија, кој се определува согласно тарифниот систем за топлинска енергија.
Еве кои одредби ќе бидат разгледани:
5. - член 6 став 1,
- член 9 ставови 4, 5 и 6,
- член 11,
- член 12,
- член 19 став 3 точка 4,
- член 20 став 3,
- член 21 став 3 во делот: Приговорот не го одлага плаќањето на фактурата“ и став 4, во делот: освен ако снабдувачот нема побарувања од потрошувачот по било кој друг основ“,
- член 53 став 2, и
- член 55 став 3
од Правилата за снабдување со топлинска енергија, број 01-1302/1 од 30 јули 2012 година („Службен весник на Република Македонија“ бр.97/2012) донесени од Регулаторната комисија за енергетика на Република Македонија.
(Реферат У.бр.80/2013)
Судија-известител, Државен советник,
д-р Наташа Габер Дамјановска Татјана Јањиќ Тодорова

Ова е целиот текст на Правилата:
http://www.erc.org.mk/odluki/2012-07-30- PRAVILA SNABDUVANJE TOPLINSKA ENERGIJA.pdf
А ова е страницата на Уставниот суд:
http://ustavensud.mk/domino/WEBSUD.nsf
 
Член од
20 септември 2011
Мислења
8.146
Поени од реакции
8.544
Вчеравечер ми се јави по телефон една наша Сограѓанка, која е исто исклучена. И ме праша што да прави, повторно армиите од БЕГ и пратиле „ последна опомена “, демек ќе ја тужеле ако не им платела.
Еве што и реков:
Никако не им плаќајте на измамниците од топлификација. Ако им платите се смета дека сте го признале долгот и речиси е невозможно да си ги вратите парите.
Како што напишав во претходниот пост, денес Уставниот суд повторно ќе ги разгледа Правилата. До вечер ќе знаеме што одлучиле.
Меѓутоа и овој пат ако ја одбијат жалбата, ние, во моментов, имаме уште три жалби доставено до Уставниот суд. А и уште ќе доставиме
Битно е дека законите се на наша страна, Според сите закони на Македонија ние не треба да и плаќаме на топлификација. Овде се работи за угнетување. Јавната власт ги угнетува граѓаните да се богатат арамиите и крвопиите од топлификација. Очигледно е дека зад ова угнетувањето стојат највисоки преставници на јавната власт. Јас не ги знам по име кои се и не ме интересираат нивните имиња, но тоа е очигледно.
Но тие нема вечно да бидат на власт, а и нема вечно да живеат, секој има крај па и тие.
Во оваа ситуација ние имаме разработено тактика на борба.
Еве уште еднаш да ја образложам:
Штом ќе ги добиеме нотарските решенија, ќе влошиме приговори.
Потоа кога предметот ќе дојде на суд, со поднесување на поднесоци ќе ја одолговлекуваме постапката се додека не се укинат правилата односно не настанат за нас поволни услови .
 
Член од
20 септември 2011
Мислења
8.146
Поени од реакции
8.544
За следната среда 22. 01, Уставниот суд како 5 точка на дневниот ред ќе разгледа поедини одредби од Правилата за снабдување со топлинска енергија. Меѓу нив е и членот 53 став 2 кој гласи:
(2) Исклучените потрошувачи од став 1 на овој член се задолжуваат со плаќање на надоместокот за ангажирана моќност (фиксен дел) од надоместокот за топлинска енергија, кој се определува согласно тарифниот систем за топлинска енергија.
Еве кои одредби ќе бидат разгледани:
5. - член 6 став 1,
- член 9 ставови 4, 5 и 6,
- член 11,
- член 12,
- член 19 став 3 точка 4,
- член 20 став 3,
- член 21 став 3 во делот: Приговорот не го одлага плаќањето на фактурата“ и став 4, во делот: освен ако снабдувачот нема побарувања од потрошувачот по било кој друг основ“,
- член 53 став 2, и
- член 55 став 3
од Правилата за снабдување со топлинска енергија, број 01-1302/1 од 30 јули 2012 година („Службен весник на Република Македонија“ бр.97/2012) донесени од Регулаторната комисија за енергетика на Република Македонија.
(Реферат У.бр.80/2013)
Судија-известител, Државен советник,
д-р Наташа Габер Дамјановска Татјана Јањиќ Тодорова

Ова е целиот текст на Правилата:
http://www.erc.org.mk/odluki/2012-07-30- PRAVILA SNABDUVANJE TOPLINSKA ENERGIJA.pdf
А ова е страницата на Уставниот суд:
http://ustavensud.mk/domino/WEBSUD.nsf
Да ја завршиме ова што е најавено
На 22. 01. Уставниот суд судеше и еве што јавија медијумите:
http://kanal5.com.mk/vesti_detail.asp?ID=28803
http://www.sitel.com.mk/mk/sednica-na-ustaven-sud-14
Можете да видите дека нема ништо за точката које нас не интересира
Прво што помислив дека не е разгледана и дека на наредната седница ќе се разгледа.
Денес е објавен дневниот ред на Уставниот суд за 29. 01 кој можете да го погледате овде:
http://ustavensud.mk/domino/WEBSUD.nsf
и можете да видите дека оваа точка ниту наредната седница не е предвидена

Според мене очигледно е јавата ја симнала оваа точка од дневен ред
Ете.... тоа е наша стварност
Уставот и законите постојат за да се обезбедат нашите природни човекови права. Да имавме Правна Држава ќе се радувавме на Уставот и Законите.....
А кај нас - јавната власт прави се што може и со право и со неправо ( per fas et nefas ) за да продолжи угнетувањето од страна на топлификација.
Зошто толку и на тој начин, со сите сили се борат за да топлификација ограбува?
 
Член од
20 септември 2011
Мислења
8.146
Поени од реакции
8.544
Добив нова сметка како исклучен и таа сега е нешто повисока од претходната и сега изнесува 1018 денари
Истовремено моите приклучени соседи добија вкупна сметка од 758 денари!!!
И другите информации кои ги добив гласат дека вклучените добиле помали сметки од исклучените во цело Скопје
Исклучените од Аеродром добиле и „ втора опомена “ пред тужење на кој топлификација удрила и некаков црвен печат
Ова се се докази за криминалот на Топлификација. За жал сега за сега криминалците никој не ги закача
 

pearl

..~..~..~..~..~..~..
Член од
20 август 2005
Мислења
2.651
Поени од реакции
1.962
Добив нова сметка како исклучен и таа сега е нешто повисока од претходната и сега изнесува 1018 денари.
Ако некој може да им најде нзс, свака част. Кај мене е обратна ситуацијата, за декември ми стигна 0 денари сметка, а воедно ми испратија и корегирана фактура за август. Бидејќи се исклучив во септември, оригиналната за август беше авансна како за приклучен на повисока сума. Сега ми пратија нова на иста сума како и за другите месеци.

Туку мене друго ме буни. Зошто на сметките не ги прикажуваат неплатените сметки како заостанатиот долг, уште повеќе не прикажуваат ниту затезна камата. Откако се исклучив немам платено ниедна сметка и секоја следна не прикажува дека должам нешто од претходно.
 
Член од
20 септември 2011
Мислења
8.146
Поени од реакции
8.544
Пред неколку минути се вратив од БЕГ ( позади Градската библиотека ). Бев да ја вратам последната фактура. Се распрашав дали тужеле. Ми рекоа дека не тужеле, но дека ќе тужат.
Ако некој добие решение од нотар, веднаш нека јави. Како што знаете приговорите се подготвени и ни сме спремни за секаква борба.
Ако некој може да им најде нзс, свака част. Кај мене е обратна ситуацијата, за декември ми стигна 0 денари сметка, а воедно ми испратија и корегирана фактура за август. Бидејќи се исклучив во септември, оригиналната за август беше авансна како за приклучен на повисока сума. Сега ми пратија нова на иста сума како и за другите месеци.

Туку мене друго ме буни. Зошто на сметките не ги прикажуваат неплатените сметки како заостанатиот долг, уште повеќе не прикажуваат ниту затезна камата. Откако се исклучив немам платено ниедна сметка и секоја следна не прикажува дека должам нешто од претходно.
Не барајте логика во сметките на Топлификација. Самиот поим „ ангажирана моќност “ е измама. Се што прави Топлификација е измама. Битно е да не им плаќате, бидејќи не ќе можете да си ги повратите парите.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom