Тодор Александров

LordDragonII

Dr.Strangelove
Член од
15 август 2008
Мислења
10.995
Поени од реакции
5.725
Последен пат ќе ве замолам да не се занимавате со политика и изродите бугарофилски од погоре, ќе ги оставам мислењата но после овој пост нека се последни.

Дискутирајте за Тодор Александров.
 

Almeida

поет, мрачна сила, гад
Член од
15 февруари 2015
Мислења
7.563
Поени од реакции
19.992
Дискутирајте за Тодор Александров.
Убаво знаеш ти зошто е реактуелизирана темава и колку таа има врска со него. Ако не ти одговара во овој дух, отвори тема во "случувања" и префрли ги мислењава таму. Иако не гледам потреба да се избегнува дискусија околу фактот чија идеја е да се рехабилитира тоа врховистичко бугарско гомно, кои се тие примитивни дивјаци и анти-македонци кои величаат таков крвник. За некој што артикулира став кон некој историски лик со мочање до негова биста, многу кажува каква е интелектуалната структура која ќе го врати гадов во светлото на нашата историја. Еквивалент на ова - би си ги чувал фекалиите цела година за да го облеам неговиот споменик во Кисела Вода, ама мојот интелект никогаш не би си го дозволил тоа.
 

LordDragonII

Dr.Strangelove
Член од
15 август 2008
Мислења
10.995
Поени од реакции
5.725
Убаво знаеш ти зошто е реактуелизирана темава и колку таа има врска со него. Ако не ти одговара во овој дух, отвори тема во "случувања" и префрли ги мислењава таму. Иако не гледам потреба да се избегнува дискусија околу фактот чија идеја е да се рехабилитира тоа врховистичко бугарско гомно, кои се тие примитивни дивјаци и анти-македонци кои величаат таков крвник.
Убаво знаеш дека ова е под форум Историја, слободно отворете тема во друг под форум - тука нема да толерирам дневно политички случувања.
 

Boogie

no pain no game
Член од
4 декември 2005
Мислења
985
Поени од реакции
544
Само еден цитат - ме заинтригира зошто и како се политизира се во Македонија па пролистав по интернет и еве што најдов!


Професорот во пензија Новица Вељановски смета дека е многу рано да се одреди местото и улогата на Александров низ историјата и дека станува збор за личност чија дејност сè уште не е доволно истражена.

„Според најновите истражувања, кои ги вршеше Зоран Тодоровски, излезе дека тој и не бил толку контроверзна личност. Секако дека треба да се прави разлика помеѓу Александров и Ванчо Михајлов. Но лично сметам дека е многу избрзано тој да се става во редот на македонските револуционери оти треба уште многу научен труд и докази за да се потврдат таквите тези. До вчера сите историски наоди покажуваа дека Александров бил бугарски агент и шпион на царскиот двор, а сега се претставува како еден од најголемите револуционери. Малку е избрзано. И секако дека не се согласувам да се избришат имињата на Стив Наумов и на многумина други борци што си го дале животот за оваа држава. Сепак тие умреле за Македонија“, вели Вељановски.

Ова е напишано од професор кој верувам соодветно ја третира темата!
 

Ѓорче 1932

тој сум...
Член од
17 февруари 2009
Мислења
13.564
Поени од реакции
11.576
Тоа е човекот кој убивал македонски револуционери и кој јавно се откажал од создавање независна Македонија.
Не ме чуди што има негови поддржувачи, тоа е на некој начин нормално. Многу луѓе сме, мора да не има и секакви (и нормални и ненормални и непрегледани). Жално е што "државата" наша го рехабилитира овој крвник и го споменува заедно со вистинските македонски револуционерни дејци.
него мене ме интересира како се откажал од создавање на независна Македонија ?
 

Boogie

no pain no game
Член од
4 декември 2005
Мислења
985
Поени од реакции
544
Тоа се откажал од манифестот нели е шпекулација - нема веродостоен доказ освен оние бугарски писанија кои се нели напишани по нарачка.
Треба здрава дискусија за човеков - чудно е сите го викаат бугарофил ваков таков а на пр. Објавил војна на три крала - српски, бугарски и грчки - кренал востание во велешко, охридско, костурско и ќустендилско - единствено востание кое му успеало било во Бугарија каде добил потполна автономија - држава во држава - малку нели е чудно сето ова?


SKIN ART Macedonia - sending from iPhone using Tapatalk!
 

Ѓорче 1932

тој сум...
Член од
17 февруари 2009
Мислења
13.564
Поени од реакции
11.576
Јавно се откажал од неговиот потпис од мајскиот манифест.

Почнал да се премислува да,бидејќи добил друг документ за потпишување каде ВМРО треба да биде болшевизирана партија која ќе работи по терк на другите,а не за обединување на Македонија,т.е татковинска патриотска организација.

Со тоа одбивање да го потпише Мајскиот манифест,сам си ставил крст на чело,па после неговата ликвидација на чело доаѓа Ванчо Михајлов кој има блиски врски со тогашната влада на Бугарија и почнува со ликвидации.

Тодор Александров е демонизиран во минатото и ден денеска бидејќи сите тука сте,барем повеќето сте отруени од југословенско-српска квази историја напишана од квази историчари кои во тоа време се воделе по слоганот “братство единство“

Старио како што го викале Тодор,убил многу србомани,бугаромани и гркофили.

Убиството на Ѓорче Петров нема никаква врска со тоа дека не сакал обединета Македонија или што ти јас знам,тоа било чисто братоубиствена војна поради леви и десни струи,поради различни мислења околу тоа во кој правец треба да оди ВМРО како организација.

Даме Груев полагал најголеми надежи во Тодор,дури и рекол дека ако биде жив и здрав,тој ќе биде човекот што ќе ја ослободи и обедини Македонија.
 

Ѓорче 1932

тој сум...
Член од
17 февруари 2009
Мислења
13.564
Поени од реакции
11.576

Boogie

no pain no game
Член од
4 декември 2005
Мислења
985
Поени од реакции
544
Мене што ме интересира бидејки што повеке читам за Александров тоа повеке мислам дека неговата функција е навистина претседателска функција, јас водач како единка во ВМРО не сум сретнал - може сум грешка ама мислам дека нема таков револуционер кој целиот терет на организацијата паѓа на негов грб. Ке одам и подалеку - мислам дека ужива толку големо почитување што потсетува на некој авторитет како крал


SKIN ART Macedonia - sending from iPhone using Tapatalk!
 

Ернесто ЧЕ Гевара

Hasta La Victoria Siempre
Член од
21 јуни 2010
Мислења
14.259
Поени од реакции
21.501
Тодор Александров е демонизиран во минатото и ден денеска бидејќи сите тука сте,барем повеќето сте отруени од југословенско-српска квази историја напишана од квази историчари кои во тоа време се воделе по слоганот “братство единство“
Роден сум во Република Македонија и немам никакви врски со Југославија, уште помалку со Србија.
Ајде да зборуваме за факти.
Факт е дека Тодор Александров и целата негова чета носеле бугарска униформа и се бореле како членови на бугарската армија. Мислиш дека тоа било присилно или така сакале? Јас мислам дека биле доброволци.
Факт е дека во текот на балканските војни, Тодор Александров му пишал писмо на бугарскиот цар во кое барал целата територија на етничка Македонија да и припадне на Бугарија. Нели тоа се поклопува со желбите, заложбите и политиките на Бугарија?

За повеќето е крвник и негативец, има такви кои го сметаат и за јунак, но факт е дека во најмала рака, Тодор Александров е контроверзна историска фигура и никако не може да се стави во ист кош со дејците од илинденскиот период.
 

Boogie

no pain no game
Член од
4 декември 2005
Мислења
985
Поени од реакции
544
Роден сум во Република Македонија и немам никакви врски со Југославија, уште помалку со Србија.
Ајде да зборуваме за факти.
Факт е дека Тодор Александров и целата негова чета носеле бугарска униформа и се бореле како членови на бугарската армија. Мислиш дека тоа било присилно или така сакале? Јас мислам дека биле доброволци.
Факт е дека во текот на балканските војни, Тодор Александров му пишал писмо на бугарскиот цар во кое барал целата територија на етничка Македонија да и припадне на Бугарија. Нели тоа се поклопува со желбите, заложбите и политиките на Бугарија?

За повеќето е крвник и негативец, има такви кои го сметаат и за јунак, но факт е дека во најмала рака, Тодор Александров е контроверзна историска фигура и никако не може да се стави во ист кош со дејците од илинденскиот период.
Вака не сум историчар и не сум го проучувал Александров многу но горд сум како Македонец на секој оној кој се борел за слободна Македонија а посебно на оние кои не го жалеле својот живот за денешнава Македонија!
Треба понекогаш омразата да се тргне на страна кога вакви прашања се поставуваат - малку само логика и ке биде многу нешто јасно.

1.Македонски доброволци како христијани во борба против Османлиите може да најдеме во многу христијански држави - посебно во царска Русија - тие иако се бореле за Русија запишани се и обележени за Македонци - истите носеле препознатлива униформа на руска војска!
2.Маскирните униформи денес производ ли се на Македонската војска или нашите војници и официри поради униформата која ја носат во Авганистан и др. мисии на нато не треба да се покажуваат како Македонци!
3.Александров по мое мислење покрај воен раководител бил и политички водач кој со дадената ситуација се справувал по свое најпаметно решение - толку бил образуван и толку бил паметен па така и постапувал - еден пр. По поразот на Бугарија во 2 балканска војна Александров пишал писмо за автономија на Македонија во склоп на Бугарското царство,нешто кое не е измислено од Александров туку од Македонската интелегенција меѓу која и Ѓорче Петров која барала на Берлинскиот конгрес (пред балканските војни) автономија на Македонија во склоп на Отоманската империја - никој од оваа интелегенција не е посочен за Турчин или Туркофил за истата идеја.
Ке појаснам - сите земји створиле независна држава по ист пат - прво автономија(кнежевство) и подоцна држава(кралство) пример се Грција,Србија и др.
4.Треба да се дискутира за состојбата во која бил Александров за да се проценат неговите одлуки од денешен аспект дали биле паметни или тотална утка - таква една одлука е за Мајскиот манифест и ВМРО - дали ние од денешен аспект мислиме дека ВМРО би можела како партија да биде во тоа време дел од коминтерната и да соработува успешно со останатите комунисти како комунистичка партија нормално - јас мислам нема шанса!

Има уште ама убаво е кога се дискутира,убаво е да се знае кој е кој и што направил а не само ајде на ѕидот на срамот.
И никако не признавам споредба на Михајлов со Александров - читав 99% дека е сигурно убиството на Александров е организирано од Михајлов потпомогнат од Бугарите за уништување на партијата ВМРО!
 

Boogie

no pain no game
Член од
4 декември 2005
Мислења
985
Поени од реакции
544
Да не заборавиме и Шаторов и Ченто биле исто прогласени за народни непријатели и предавници во поранешниот систем


SKIN ART Macedonia - sending from iPhone using Tapatalk!
 

Kajgana Shop

На врв Bottom