Тодор Александров

Член од
29 септември 2013
Мислења
629
Поени од реакции
503
Како Тодор Александров ја „украде“ прославата на Илинден?
Крушевчани се револтирани што ликот на Тодор Александров доминирал на Илинден. Но според организаторот, учеството на Здружението што го слави неговото дело, било одобрено во официјалниот протокол за прославата


Тодор Александров деновиве е најспомнуваното име во крушевската чаршија. Не стивнуваат реакциите на крушевчани поради тоа што неговиот лик станал доминантен на последната прослава на Илинден и го узурпирал значењето на празникот и на делото на храбрите илинденци. Гласните дискусии на оваа тема го привлекуваат и вниманието на минувачите во центарот на планинското гратче.

„Не е во ред. Во говорот на премиерот ниту еднаш не се спомна Питу Гули, кој овде ја предводел најголемата чета, а ја спомна битката кај Слива, која е значајна, но е една од многуте што се воделе во овој крај, во тие денови. И згора на тоа, централни ликови овде станаа луѓе во црни маички со ликот на Тодор Александров, небаре е ова панихида за него, а не прослава на најголемиот државен празник. Па дури и на телевизискиот пренос тие беа постојано во кадар. Кој дозволи тоа да се случи? Ние сме многу револтирани. Не знаеме дали е ова случајно, некаква организациска грешка и пропуст, или има некаква друга стратегија, што нам воопшто не ни се допаѓа ако е така“, реагира М.П. возрасен крушевчанец.

Негови сограѓани се вклучуваат во дискусијата и го шират списокот на забелешки.

„Посебна приказна е 'Десет дена Крушевска република', која во март следната година ќе слави 50- годишен јубилеј. Од реномирана научно-културна манифестација, ја претворија во квази-научна. Се политизира манифестацијата, се презентираат чудни податоци, се измислуваат разни конструктори на црешовото топче... Во Крушево сите знаат кој го изработил црешовото топче - Тоду Борјар, кој почина во шеесетите години. И не е во ред отпосле да се измислуваат прикаски за разни други конструктори“, реагираат повозрасните крушевчани.

Поради ова, сметаат дека прославата годинава поминала „недостоинствено“, а преку контраверзните иконографии било релативизирано нејзиното значење.



извор и целиот текст: http://www.dw.com/mk/како-тодор-александров-ја-украде-прославата-на-илинден/a-19448015
 

LordDragonII

Dr.Strangelove
Член од
15 август 2008
Мислења
10.995
Поени од реакции
5.725
Држете се до темата и престанете со политика.

Благодарам.
 
Член од
31 мај 2009
Мислења
1.179
Поени од реакции
2.073
Па во право се Крушевчани. Катастрофа е тоа што во последно време, не само сега, почна да се спомнува повеќе името на контроверзниот Тодор Александров, и тоа да се возвишува повеќе од вистинските дејци, борци, револуционери за слободна Македонија. Нормално дека во Крушево треба да се спомнува и возвишува Питу Гули, војдводата со неговата чета кои што се бореле до крај и се знае на крај како загинал Питу Гули, додека за овој Тодор Александров не е ништо расчистено, само контроверзи и чудни постапки. Самите себе си пропагнда си тераме. Штета!
 

Ернесто ЧЕ Гевара

Hasta La Victoria Siempre
Член од
21 јуни 2010
Мислења
14.282
Поени од реакции
21.595
Тоа е човекот кој убивал македонски револуционери и кој јавно се откажал од создавање независна Македонија.
Не ме чуди што има негови поддржувачи, тоа е на некој начин нормално. Многу луѓе сме, мора да не има и секакви (и нормални и ненормални и непрегледани). Жално е што "државата" наша го рехабилитира овој крвник и го споменува заедно со вистинските македонски револуционерни дејци.
 

пунтер

betfair trader
Член од
21 март 2011
Мислења
5.089
Поени од реакции
8.360
Тоа е човекот кој убивал македонски револуционери и кој јавно се откажал од создавање независна Македонија.
Не ме чуди што има негови поддржувачи, тоа е на некој начин нормално. Многу луѓе сме, мора да не има и секакви (и нормални и ненормални и непрегледани). Жално е што "државата" наша го рехабилитира овој крвник и го споменува заедно со вистинските македонски револуционерни дејци.
немој да ме ебеш
 
Член од
8 јуни 2011
Мислења
2.498
Поени од реакции
2.779
само македончето постојано кон историјата гледа, вмро, мвро, александар наш е, оној бугар е, предавник, грците педери...
затоа и нема иднина, заглавено е македончето во историјата, назад гледа, место напред да оди
Taман си е историјата. Само кој како си ја разбира.
Неможеш ти да одиш напред ако не го знаеш минатото. Од грешките да извлечеш поука и да не ги повторуваш во иднина. Се има врска со историја, само кој како гледа на нејзе. Кој читал строго комуњарска историја и не излегол од таа мантра, ќе го дели народот и ќе избира подобни и неподообни во нашата историја.
Тој е подобен, тој не е...Александров не е подобен ама Ѓорче е подобен иако е министер во земјоделската Влада на Стамболиски кој шурува со србите и му објавува војна на ВМРО.
Мислам алооооо.....тоа се историски процеси. Земете го предвид времето во кое се дејствувало.
Историја суди за секоја постапка и за секој потег. Секој човек во животот има позитивни и негативни работи. Најважното е да се стави крај на поделбите меѓу Македонецот. Леви, Десни, Прави, Обратни...По национални прашања, по државни интереси нема што муабет да се прави вака или така...
Идејата е една и на Александров и на Ѓорче и на сите ...
НЕЗАВИСНА МАКЕДОНСКА ДРЖАВА!
Точка. Точка. И пак точка.

Поздрав за @Ернесто ЧЕ Гевара
todor-aleksandrov-grob.jpg
Неговата фамилија на гробот на Пирин.
 
Член од
23 ноември 2011
Мислења
14.322
Поени од реакции
32.862
Точно, историјата суди, историјата ќе суди еден ден, не сега оваа тривијалност која ни ја продаваат, Александров е сеупште котраверзен и неразјаснет лик за да се слави во позитивна конотација, се согласувам дека треба да се учи и да се обасјнува повеќе за него на пошироката јавност (мене лично не ми треба тоа, доволно ми е од тоа што го знам да го ставам во негативните ликови во историјата), па после мнозинството ќе си изгради став за тоа каков е и што е, но дотогаш треба сеуште време, а не издигнување во небеса на лабави историски основи.
 

ultras1988

4600
Член од
6 февруари 2014
Мислења
3.011
Поени од реакции
7.085
Точно, историјата суди, историјата ќе суди еден ден, не сега оваа тривијалност која ни ја продаваат, Александров е сеупште котраверзен и неразјаснет лик за да се слави во позитивна конотација, се согласувам дека треба да се учи и да се обасјнува повеќе за него на пошироката јавност (мене лично не ми треба тоа, доволно ми е од тоа што го знам да го ставам во негативните ликови во историјата), па после мнозинството ќе си изгради став за тоа каков е и што е, но дотогаш треба сеуште време, а не издигнување во небеса на лабави историски основи.
Хрватите го реведираат Анте Павелиќ, Србите на Милан Недиќ, веќе го ревидираа Дража.Зошто ние не го ревидираме Тодор Александров, да се извадат сите документи на маса, па да видиме кој е херојот а кој предавникот, реално.
 
Член од
23 ноември 2011
Мислења
14.322
Поени од реакции
32.862
Нека се извадат па ќе видиме, од тоа што е досега извадено, воопшто не е поволно за Тодорчето. А тоа што соседите рехабилитираат фашисти, крвници и квислинзи не значи дека треба по нивниот ум да одиме.
 
Член од
23 ноември 2011
Мислења
14.322
Поени од реакции
32.862
Гарант сите се закачени на државна цицка, канцелариска работа, ова им иде како хоби, како риболов, јаките „револуционери“, во вистинска војна сите има да ги снема од државата за пола саат.
 

Ернесто ЧЕ Гевара

Hasta La Victoria Siempre
Член од
21 јуни 2010
Мислења
14.282
Поени од реакции
21.595
Гарант сите се закачени на државна цицка, канцелариска работа, ова им иде како хоби, како риболов, јаките „револуционери“, во вистинска војна сите има да ги снема од државата за пола саат.
Прецедникот на тоа здружение е вработен во едно од малкуте државни претпријатија, ЕЛЕМ.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom