Роден сум во Република Македонија и немам никакви врски со Југославија, уште помалку со Србија.
Ајде да зборуваме за факти.
Факт е дека Тодор Александров и целата негова чета носеле бугарска униформа и се бореле како членови на бугарската армија. Мислиш дека тоа било присилно или така сакале? Јас мислам дека биле доброволци.
Факт е дека во текот на балканските војни, Тодор Александров му пишал писмо на бугарскиот цар во кое барал целата територија на етничка Македонија да и припадне на Бугарија. Нели тоа се поклопува со желбите, заложбите и политиките на Бугарија?
За повеќето е крвник и негативец, има такви кои го сметаат и за јунак, но факт е дека во најмала рака, Тодор Александров е контроверзна историска фигура и никако не може да се стави во ист кош со дејците од илинденскиот период.
Вака не сум историчар и не сум го проучувал Александров многу но горд сум како Македонец на секој оној кој се борел за слободна Македонија а посебно на оние кои не го жалеле својот живот за денешнава Македонија!
Треба понекогаш омразата да се тргне на страна кога вакви прашања се поставуваат - малку само логика и ке биде многу нешто јасно.
1.Македонски доброволци како христијани во борба против Османлиите може да најдеме во многу христијански држави - посебно во царска Русија - тие иако се бореле за Русија запишани се и обележени за Македонци - истите носеле препознатлива униформа на руска војска!
2.Маскирните униформи денес производ ли се на Македонската војска или нашите војници и официри поради униформата која ја носат во Авганистан и др. мисии на нато не треба да се покажуваат како Македонци!
3.Александров по мое мислење покрај воен раководител бил и политички водач кој со дадената ситуација се справувал по свое најпаметно решение - толку бил образуван и толку бил паметен па така и постапувал - еден пр. По поразот на Бугарија во 2 балканска војна Александров пишал писмо за автономија на Македонија во склоп на Бугарското царство,нешто кое не е измислено од Александров туку од Македонската интелегенција меѓу која и Ѓорче Петров која барала на Берлинскиот конгрес (пред балканските војни) автономија на Македонија во склоп на Отоманската империја - никој од оваа интелегенција не е посочен за Турчин или Туркофил за истата идеја.
Ке појаснам - сите земји створиле независна држава по ист пат - прво автономија(кнежевство) и подоцна држава(кралство) пример се Грција,Србија и др.
4.Треба да се дискутира за состојбата во која бил Александров за да се проценат неговите одлуки од денешен аспект дали биле паметни или тотална утка - таква една одлука е за Мајскиот манифест и ВМРО - дали ние од денешен аспект мислиме дека ВМРО би можела како партија да биде во тоа време дел од коминтерната и да соработува успешно со останатите комунисти како комунистичка партија нормално - јас мислам нема шанса!
Има уште ама убаво е кога се дискутира,убаво е да се знае кој е кој и што направил а не само ајде на ѕидот на срамот.
И никако не признавам споредба на Михајлов со Александров - читав 99% дека е сигурно убиството на Александров е организирано од Михајлов потпомогнат од Бугарите за уништување на партијата ВМРО!