Казаки
Атаманот - Army of Christ
- Член од
- 2 септември 2011
- Мислења
- 1.526
- Поени од реакции
- 1.969
Јако упецан си на бугарска јадица, некој се самоидентификувал како Бугарин и рандом негативен лик во нашата историја. И замисли извор пропагандната библиотека „Струмски“ која освен за гола фактографија, за ништо друго не служи. Сакаш да ти извадам вакви факти каде Даме Груев се потпишувал како Дамјан Грујиќ? Па да не треба и него за големосрпски херој да го прогласуваме и човек на Обренович?http://www.strumski.com/books/t_alexandrov_memoire_league_of_nations_1922.pdf?fbclid=IwAR3s86Zcdwnoq2aDBO-FRPssDOgZry0Snxnxq6hLF7gZRoQnX4QWwpTHBHc
http://www.strumski.com/books/T_Aleksandrov_Jovan_Jovicevic.pdf
Tодор Александров от Ново село, штип, Вардарска Македонија - "Борбите за свобода и обединение са дело на целија б'лгарски народ (По случај 15-годишнината на Илинденското в'зстание)", публикувано в'в в-к "Военни известија", год. XXVII, бр. 174, Софија, 2 август 1918 година
http://www.strumski.com/books/Todor_Alexandrov_Borbite_na_Vsichki_Bulgari.pdf
Александров и Протегеров се ослободени од страна на русинот Антон Прудкин (шеф на градската полиција во Софија за време на владата на Стамболиски), а бегството го прават со помош на војводата Михаил Радев. Еве повеќе за тоа кој е Прудкин, а кога ќе објасниш какво влијание имал овај двоен агент за бугарскиот двор, тогаш ќе си играме Погоди зошто?Уапсени се ради разните злодела и отвореното противење против владата на Стамболиски (БЗНС, кој имал и подршка од БКП). Подоцна ослободени од бугарскиот двор. Погоди зошто.
http://www.mn.mk/komentari/10620
Ај сега да те вратам неколку години поназад на форумот кога активен беше Ч Е Н Т О и бришеше патос со блгарчетата на форумот. Не за џабе ти го споменав битолчанецот Димитар Ризов, кој целиот свој живот го поминал во служба на бугарската држава. Повели па коментирај, за да не ти биди апсурдно.И те како треба да е репер блискоста со дворот.
Идеите не се поклопиле ниту делумно, сам си објасни подоле колку е апсурдно сето ова околку царскиот двор кој ја сакал неделивата Македонија која требало да се припои кон Бугарија за разлика од останаите револуционери кои биле за независна Македонија во склоп на рамките од некоја си идна Балканска федерација, секако по тој шаблон на Ленин кој го спомнав погоре (право на самоопределба како најважен елемент а не како "македонски бугари").
Како се нарекувале Македонците наспроти пропагандните тврдења!?
Штета што Мештровиќ беше прогонет од комунистите, а претходно и од Усташите. Па годините кога се пишуваа националните истории на Југословенските народи, све беше црно или бело, и немаше место за вакви сведоштва како тоа на Димитар Ризов, за кои денес малку се знае.
Ваков неславен обид како твојот имаше и благонадежниот сопруг на Силванева Бонева, кога во 2000 г. проба да го рехабилитира Стерјо Гулев (синот на Питу Гули), со бугарската измишљотина дека се самоубил, пред ослободувањето на Крушево од страна на партизаните со измислените зборови „нема пак да не гази српска чизма“. Па требаше да излези синот на Стерјо Гулев и да ги разобличи лагите со само една фотографија од неговиот погреб.
Рушење на митовите на пропагандата: кој го уби Стерјо Гули?
Стерјо Гули е најмладиот син на револуционерот Питу Гули. Роден е во Крушево во 1902 година. Стерју оставил потомство, неговите две ќерки: Евгенија и Елена, како и посинокот Кочо, дете од претходниот брак на сопругата Љуба.
За животот на Стерјо има доволен изворен материјал, кој овозможува да се направи релативно вистинска реконструкција на неговиот живот. Но, постои делумна мистерија околу мотивите и начинот на неговото убиство. Во овој текст ќе се обидеме со релевантни податоци да ги демантираме тврдењата на одредени личности што „тврдат“ дека Стерјо Гули е убиен од партизаните во 1944 година.
Имено, во статијата „Педесет и шест години премолчување на вистината“, Македонско дело, 11 февруари 2000 година, од Александар Бонев, е напишано следното:
„Третиот син на крушевскиот војвода Питу Гули, Стериу Гули, бугарската фашистичка окупација ја доживува како ослободување, станува водач на контрачета и кога влегуваат партизаните во Крушево се самоубива во една кафана, кажувајќи: ’зарем пак ќе не гази српската чизма’“. Ова „тврдење“ исто така е искористено од страна на бугарската википедија, во која за смртта на Стерју Гули стои: „Заробен од страна на партизаните - комунисти и е убиен е на 6 октомври 1944 година“.
Меѓутоа, да видиме што велат изворите. Интересна за нас е изјавата на посинокот Кочо Гули, во која се вели: „Татко му на Кочо, Стерјо - најмалиот син на Питу- се отепал со англиски автомат во кафеаната ’Цвета Лазор’ во Крушево по завршувањето на Народноослободителната војна во 1944 година. Тој и уште неколку други луѓе од градот отишле да испратат некоја партизанска чета за Кичево. Се вратиле во Крушево и влегле во кафеаната. Таму Стерјо се застрелал со автоматот“. Кочо кој тогаш имал 9 години бил на нива да го собере пиперот. „Ја завршив работата и се враќав дома. Кога влегов во Крушево слушнав дека бијат камбаните во црквата. А луѓето зборуваа: „Се убил Стерјо Гули, синот на Питу Гули“, раскажува Кочо за смртта на својот татко. Од оваа изјава јасно се гледа дека станува збор за самоубиство, дали со намера или од невнимателност се уште не може со сигурност да се тврди. Но дека гореспоменатото толкување на споменатиот Бонев е неиздржано ќе прикажеме една досега необјавена фотографија, од која јасно може да се констатираат неколку работи.
Од погребот на Стерјо Гули
На фотографијата се забележува дека има големо присуство на граѓани од Крушево, но и на партизани кој му оддаваат почит, неколку пораки напишани на траките, како и знаме на Крушевски народноослободителен партизански одред „Питу Гули“, кој е формиран на 16 април 1942 во месноста Груева Нива.
Ваквиот погреб и оваа чест доволно зборува за почитта која ја имаш Стерјо Гули како и неговиот татко Питу Гули меѓу партизаните. Но, и го разобличува тенденциозниот обид за прекројување на историските факти и обидот смртта на Стерјо Гули да ја прикажат како убиство без пресуда, егзекуција поради „српска чизма“.
Македонските партизани биле горди со делата на своите предци и борци од првиот Илинден, многубројните соборци што биле учесници и во првиот како и во вториот Илинден се доказ за решеноста на Македонците да се ослободат од секаква „чизма“ во Македонија. Несреќниот случај со смртта на Стерјо Гули пропагаторите се обидоа да го искористат, но пред фактите и боговите молчат.
Благојче Андонов, објавено на MKD.mk
https://documents-mk.blogspot.com/2013/05/blog-post_15.html
Стерјо Гулев
Можно е и да го елиминирале тогашните комунистички служби под контрола на Белград, како тоа што го направиле со братот на Никола Карев, Ѓорги Карев (чиј единствен грев бил што бил кмет на Крушево за време на окупацијата), а на самото семејство на Стерјо Гулев да им рекле дека било несреќно самоубиство. Но тоа, неможи да го побие фактот на сликата, дека и покрај тоа што бил на различна страна од партизаните, бил погребан од со највисока почит од страна на припадниците на Крушевскиот народноослободителен партизански одред „Питу Гули“ и од самите Крушевчани!