Тетоважи

BliND

Raptus regaliter...
Член од
16 јануари 2006
Мислења
3.963
Поени од реакции
361
Значи да прашам , за тетоважа со големина негде 20 на 15 цм (црна боја со малце црвено и секако сенчање) колку е цената ? Или покрај големината е важна и комплексноста ?
Исто така да прашам некој да не знае привремени (Со времетраење од 1,2 ,3 или 5 години) кој изработува и какви се цените (а воедно и процедурата ) ?
Фала однапред :smir:
 
Точкест

I'm Awesome
Член од
25 јануари 2007
Мислења
7.641
Поени од реакции
458
Го изживеав периодот за присање, па сеа сакам да си направам 2 тетоважи:pipi:...една на внатрешниот дел од трицепсот и една у предел на градна коска, па ме занима дали некој има искуство и знае кои салони и tatoo мајстори се онака проверени (користат стерилна опрема, квалитетни бои и сл.) и знаат шо работат (цртежот да биде стварно добар).
Гуле Тату
http://www.guletattoo.com/

И Гравот, неам линк. Има студио ама неам појма од студиото али таму гори со цената. Сите кои се поблиски со Гравот идат кај него дома да се тетовираат, сум бил и сум видел значи све му е 100% стерилно.

Профи се и двајцата ДО ЈАЈА, значи што и да им кажеш ќе ти нацртаат, другар му раскажа сон на Гравот и овој му го нацрта :)

Sверови, можеби ќе платиш 1000/2000 денари повеќе него шо ќе платиш кај некој џанкер ама барем ќе знаеш дека немаш ни хепатит, ни свински грип, а имаш квалитетна тетоважа
 
/gone/87

+++FOR CLEAN SKOPJE+++
Член од
30 март 2009
Мислења
1.769
Поени од реакции
119
Значи да прашам , за тетоважа со големина негде 20 на 15 цм (црна боја со малце црвено и секако сенчање) колку е цената ? Или покрај големината е важна и комплексноста ?
Исто така да прашам некој да не знае привремени (Со времетраење од 1,2 ,3 или 5 години) кој изработува и какви се цените (а воедно и процедурата ) ?
Фала однапред :smir:
КОЈА е поентата на привремените тетоважи??/-фалење:kesa:
 
statusQuO

Модератор
Член од
18 јуни 2008
Мислења
13.038
Поени од реакции
7.617
КОЈА е поентата на привремените тетоважи??/-фалење:kesa:
имање тетовања се дур е складно со годините а потоа да си ја извадиш кога ке ти помине пубертетот...

edit:

how cool is that!
 
Ѓорче 1932

тој сум...
Член од
17 февруари 2009
Мислења
13.564
Поени од реакции
11.576
Колку пари е отприлика кај Гуле,онака тетоважа накај 30 сантима,на нога....ме интересира,пошо глеам на страната има многу интересни и добри тетоважи.
Дајте некое инфо,треба да одам да се тетовирам....:smir:
 
BliND

Raptus regaliter...
Член од
16 јануари 2006
Мислења
3.963
Поени од реакции
361
КОЈА е поентата на привремените тетоважи??/-фалење:kesa:
Не , имам здравствен проблем со вишок кожа и сега ако ставам трајна ќе ми се оштети ... Затоа прашувам за привремена...
 
Bacillus gagous

Biohazardous
Член од
21 јануари 2006
Мислења
7.380
Поени од реакции
168
имање тетовања се дур е складно со годините а потоа да си ја извадиш кога ке ти помине пубертетот...

edit:

how cool is that!
Ако ќовек не се загледа личин на апаратче за слушање.
 
Г

Грејвдигер

Гостин
КОЈА е поентата на привремените тетоважи??/-фалење:kesa:
Најдобро ти е прво да си ставиш привремена, пример на една година да видиш како ти стои бидејќи како што ти минуват години така и размислувањата и вкусот ти се менува, ваљда нема цел живот да размислуваш како 16 годинеш. Па ако си мислиш дека е супер и кул ти стои онда оди на трајно.
 
I

Intex

Слушајте го А1Тим, он има многу тетоважи по телото. Ко Мајкл Скофилд е. :pos:

Вчера ми се бендиса една тетоважа, Исус во ружа (од Призн Брејк серијата), па има некаде да ми ја исцртаат оваа, ама привремена, да видам како ке ми изгледа. И колку ке ме чини?
 
Г

Грејвдигер

Гостин
Слушајте го А1Тим, он има многу тетоважи по телото. Ко Мајкл Скофилд е. :pos:
Да бе и името на швалерката(пу,пу да не прочите жената :icon_lol:) си го имам тетовирано на онаквото, као хармоника се развлекува :pos:
 
Хакет Мен

Juventus Till I Die
Член од
23 јануари 2009
Мислења
10.227
Поени од реакции
3.414
Најдобро ти е прво да си ставиш привремена, пример на една година да видиш како ти стои бидејќи како што ти минуват години така и размислувањата и вкусот ти се менува, ваљда нема цел живот да размислуваш како 16 годинеш. Па ако си мислиш дека е супер и кул ти стои онда оди на трајно.
Најдобро е на 18-19 год да размислиш дали воопшто да ставиш тетоважа... а за привремените можам да кажам само Bullshit :nesum:
 
I

Intex

Гостин
Најдобро е на 18-19 год да размислиш дали воопшто да ставиш тетоважа... а за привремените можам да кажам само Bullshit :nesum:
Не викај дека се булшит. А1Тим ти кажа дека се многу добри. Тој има искуство со нив. :D
 
rossonerka

too good to be true
Член од
8 октомври 2007
Мислења
6.081
Поени од реакции
889
Не , имам здравствен проблем со вишок кожа и сега ако ставам трајна ќе ми се оштети ... Затоа прашувам за привремена...
Jaс се распрашував многу за привремена и се предомислив :)

Процедурата е иста како и за обична. Значи исто се црта, иста болка но различни бои. Траат овие тетоважи околу година дена (а може да почне да белее и многу порано, се зависи од твојата кожа како ја прифаќа бојата, дури нели и трајни тетоважи некогаш обелуваат, а кај привремените овој процент на прерано обелување е малку поголем).
Инаку цената е дупла од обичната тетоважа. Значи множи си со 2. Поскапи биле тие бои затоа е и дупло поскапа.

Плус една колешка имала таква и кажа дека и била добра околу година дена а потоа едно 2-3 години чекала да и обели и да ја снема. И за тие 3 години ти имаш бледа тетоважа што не личи на ништо :)

Инаку тетоважата со гуштерчето на уше за мене е ептен грда. Баш како апаратче или како да си неизмиен :pos:

HaCkEt_MaN напиша:
Привремените тетоважи се за 2 недели,најмногу за 1 месец .... а тие што излеваат за 2-3 год не постојат ... тоа е само залажување .... демек ќе излезе за толку време,но ќе си остане трајна ... затоа на 18 год стај една трајна и не се замарај :)
Aко не си информиран не кажувај без врска работи. Тоа е друго тетоважите што ги цртаат низ улици по 2 недели што траат. Со кна. А друго е привремена тетоважа за неколку години
 
Kajgana Shop

На врв Bottom