Правни проблеми, не говориме за казни парични или одземање на оружјето, туку за долгогодишни робии. Човек влегува во затвор здрав, прав и млад, а ќе излезе стар и болен. Пред некоја година имаше дешавка некаде во источна Македонија, каде дедото со својата пушка (најверојатно ловечка) го упукал и убил напаѓачот/крадецот на сопствениот имот/двор/куќа... едниот во гроб, а дедото во затвор оти убил човек, тоа што убиениот бил разбојник апсолутно не ги занима судските власти, тој што употребил оружје макар и на сопствен имот, па макар и во самоодбрана и заштита на своето е виновен, такви се барем законите овде !