Ај ќе го прерипам периодот од основно, пошто и онака има многу за пишување. Никогаш не сум бил закачко, ама сум бил магнет за тепачки. Не трпам некој да ми кења, да ми се обраќа мангупски и провокаторски, да ми закача другар, недај боже брат.
Средношколски тепачки
Во трета средно ми пукна филм и решив да го нашлакам школкиот силеџија кој беше матурант (знаете, од оние чкарт фраери, р'чкатори, курајбери). Не дека некогаш директно ме загрозил, ама ми падна мака секојдневно да го гледам како се пекмези. Ми добаци нешто после часови и си реков "денес ти е дојден денот". Стигнав на автобуската која беше преполнаа, му ја тупнав една и го препрчив. Рипнаа неколкумина од неговиот клас, ама окркаа и тие боксчиња, а по дваесетина секунди дотрчаа и моите, па стана ептен голема тепачка, се бркавме по Партизанска, коли кочеа. Изедоа квалитетен ќотек.
Поука: ако си матурант, не ги потценувај оние од трета.
Си одиме накај дома, влегуваме во автобус, стоиме кај задната врата која беше отворена (автобусот сеуште не беше тргнат), кога едни не распукаа со топки снег. Излеговме, ги здробивме за 3 секунди и останаа да лежат во снегот.
Поука: Ако сакаш зимски радости, оди на скијање, не мавај со грутки.
Подоцнежен период...
Спијам, ме буди брат ми и ми кажува дека некој му врзал шамар на игралиште пошто нејќел да им напуни вода. Си се облекувам, се симнуваме доле и гледам 12 души на игралиште играат фудбал. Видоа дека ќе има невоља и гледам почнаа да шепкаат, да се договараат демек "ако мрчи ќе му рипнеме". Брат ми ми го покажа суртукот, се прекачувам преку ограда, го викнав да дојде и го прашав зошто го удрил. Добивам одговор "за кур кеиф". Второ прашање немаше, следеше пукање бокс и овој куфер доле. Уште два тројца копиљаци демек ќе рипаат, запукување и нив и рогање по земја. Еден зеде огромен камен демек ке ме мава, ме промаши, па кога јас го зедов каменот, сите 12 души незнаеја на каде да бегаат, како зајци испорипаа преку ограда.
Поука: ако малиот нејќе да ти наполни вода, не му мавај шамар. Ако веќе си му мавнал и дојде брат му, извини се. Ако веќе не се извинуваш, биди маж до крај.
Друга маалска дешаваљка...дојдоа некои од којзнае каде и ни го зафатија теренот за сервис, а цел ден го цртавме. И ние така фини, коректни, ги оставивме да играат, арно ама никако не им текнува да завршат. Нa културно прашање "дечки уште колку" имаш одговор "уште колку сакаме". Еиии...каква нога сум му дал, фатија магла и тие.
Поука: на учтиво прашање за време, давај учтив одговор.
Има уште многу, ама побрутални се и не се за кажување, а и да не гњавам, доста е. :kesa: