Немав намера да правам споредби, чисто поентата беше да се долови еволуцијата во развојот на оклопната борба, пред се од почетокот до крајот на ВСВ што е битно за тоа каде се изгуби Штуг како јуришен топ во подоцнежните години, и каде сме денес и како главниот борбен топ ги обединува мобилноста на еден M18 Hellcat, орудието на IS-3 и како композитниот оклоп со далеку помала тажина го надминува хомогениот оклоп. Да се разбереме, класификациајта постоела врз основ на намената, горе долу сите се тенкови.
Инаку што се однесува до ловци на тенкови точкаши денес во активна употреба, не баш многу земји ги имаат во свој состав, иако во набројувањето си ги изоставил оние земји кои бројно ги имаат најмногу, САД со Stryker и Франција со AMX10RC, ERC90 и сега со нивната замена Панхард Јагуар. Пред се сеуште ги користат поради тоа што со својата тежина лесно се транспортираат со авион, не би рекол дека се кој знае колку побрзи од модерен ГБТ.
М36 Jackson во суштина е еволуција на М10 Wolverine ловец на тенкови, исто како што М10 е базиран на стандардна шасија од М4 Sherman, така М36 е на основа на М4 Sherman Jumbo, појачаната шасија. М18 Hellcat е нешто измеѓу, со подoбро орудие од М10 но послаб оклоп од М36 и далеку поголема мобилност од двата. Останува еден од најбрзите тенкови иако приматот го губи со појавата на лесните извиднички тенкови како M24 Chaffe, M41 Walker Bulldog итн.
СУ85/100 русите никогаш по ГРАУ не ги класифциирале како ловци на тенкови туку еднставно се самоодни орудија, нешто како Штуг, за разлика од овие она што САД го има со М10, М18 и М36 се комплетно различни концепти а со тоа и категоризација.
Како и за што биле наменети е едно а за што се пак биле употребувани во воени дејствија се ептен различни работи. Секој еден ГБТ со создавање на вештачки наклон пред него може да се употребува како артилериско орудие, меѓутоа тоа никако не го става во категорија на Самоодни Артилериски Орудија и обратно, повеќето Самоодни Артилериски Орудија покрај индиректен можат да се користат и за директен оган меѓутоа тоа никако не ги прави главни боребни тенкови.
Инаку една корекција, Штугот-Sthurmgechutz е дел од формациите на ЈНА после ВСВ и никогаш не е класифициран како самоодна артилерија колку шо знам јас, самоодно орудие е да, меѓутоа не артилериско.
Ferdinand никогаш не бил наменет за Panzer Jagger или ловец на тенкови, Порше и Круп се во натпревар за дизјанот на тежок тенк со купола, тоа е Тигарот PzKpfWg VI со тоа што Порше уште тогаш воведува хибриден погон комбиниран со соодветна трансмисија, иако Тигарот и така бил исклучително напреден ова било научна фантастика. Меѓутоа поради исклучиво комплицираното одржување и чести дефекти избран е конвенционалниот модел на Круп иако имале слични топови и купола и воглавно складни техничко експлоатациони к-ки, Порше со својот модел да не оди во заборав ја исфрла куполата прави на истата шасија го прави Фердинанд кој е тежок ловец на тенкови.
Сето тоа шо си го наборјал за Фердинанд се причините поради кои назнаката PzKpfWg VI P(orche) не стана опертаивна и се сведе на само два модели, бар така мислам. Не дека делумно не си во право за нацистичкото лудило, далеку од тоа, само не биле толку блесави, има причина зошто се обидувале максимално со совојот техничко технолошки напредок да ја компрензираат сојузничката квантитативна надмоќ, штугот никогаш неможе да биде надмоќен врз Т34 или М4 Шерман а и со него да речиме не може бројно да постигнат баланс, затоа се префрлаат на оној концепт кој претходно го спомнав.
Според ова во старт Sthurmgechutz und Panzerjagger се два различни света, пак да се навратам на тоа дека една е категоризацијата друго е за шо се може да се користи во борбени услови и сета таа импровизација.
По тогашна класификација Т34 и М4 Шерман се medium tanks, и точно надвор од класата на Пантерот, класа на Пантер е Першингот и ИС2 кои се оперативно доста подоцна воведени формациски...е сеа пак да се навратам на тоа што сакава да потенцирам, а тое е дека тогашната и сегашната категоризација во поглед на тенкови е различна, тогаш Главен Борбен Тенк или јадро на оклопните единици биле средните тенкови, тешките тенкови оперирале во неависни баталјони по оперативна потреба, за разлика од денес каде сето тоа е сведено на далеку поедноставна категоризација.
Во поглед на самоодната артилерија или орудија тоа и денес останува исто, со тоа што денес секоја една модерно самоодно артилериско орудие може да го прави без проблем тоа што го правел Штугот или Фердинанд тогаш и тоа е предуслов.
Според мене PzKpfWg V Panther е најдобриот тенк што го имале германците во секој поглед.
Види во оперативна употреба слободно можеш да импровизираш, ловна пушка 12ка подеднакво е ефикасна на човечки цели како и било кој друг дивеч, е сеа сепак никогаш нема да биде категоризирана како воено оружје
Од друга страна М2 Бредли е категоризирано како борбено возило на пешадијата а според ситеп податоци во Заливската војна уништи далеку повеќе ГБТ со своите наведувани проектили од било кој друг ГБТ кој учествуваше во таа војна на страната на САД, ама сепак останува Infantry Fighting Vehicle а не Main Battle Tank.