Тенкови и тенковски операции во втора светска војна

Дискусија во форумот 'Историја' започната од Let 3, 20 јуни 2017.

  1. Beric Dondarrion

    Beric Dondarrion Lord of Blackhaven

    Член од:
    14 август 2006
    Мислења:
    24.518
    Допаѓања:
    28.958
    Смената на Манштајн е дел од процес во вермахтот, инициран и спроведен од самиот Хитлер, кој од кај 43-та, почнува да ги отпушта интелегентните генерали, како Манштајн, Гудериан и други, а на нивно место става силеџии генерали од типот на Шурнер (Ferdinand Schörner), кои се лојални и спремни без поговор да ги извршуваат тактички сулудите наредби на Хитлер.
     
    На callejón de la muerte и Bateman им се допаѓа ова.
  2. Klin

    Klin Колце

    Член од:
    6 јануари 2014
    Мислења:
    3.118
    Допаѓања:
    3.674
    Од каде ова баш ме интересира...


    Во Lost Victories самиот Мајнштајн во неколку наврати спомнува дека на генералштабни брифинзи отворено влегува во судир со Адолф по однос на повеќето одлуки, и тоа и како дивизиски а подоцна и како командант на армиска група.
    Често други високи офицери му честитале на храборста, меѓутоа во истата книга на самиот почеток спомнува како е деградиран но и додатно самиот се повлекува уште пред избувнувањето на ВСВ како најблизок соработник на Бек (корекција) ако добро се сеќавам (солидарност бидејки му бил идол и ментор), кој пак е буквално прегазен од нацистите и целосно девалвиран во јавноста поради наводна хомосексуалност, иако воглавно главната причина е што потекнува од старата каста на пруски офицери кои се професионални војници, и кој над се не им полага верност и сервилност на нацистите.

    После сево ова нацистите го реактивираат назад Мајнштајн пред се како одличен војник но и поради тоа шо операција Барбароса е базирана токму на негови планови, но како предуслов бара автономија во носењето на одлуки на тактичко ниво т.е оператика на стратешките цели да биде исклучиво негова на шо добива согласност...
     
    Последно уредено: 24 октомври 2018
    На Кариес му/ѝ се допаѓа ова.
  3. Beric Dondarrion

    Beric Dondarrion Lord of Blackhaven

    Член од:
    14 август 2006
    Мислења:
    24.518
    Допаѓања:
    28.958
    https://en.wikipedia.org/wiki/Sturmgeschütz_III
    Although the problem was well known in the German army, it was General Erich von Manstein who is considered the father of the Sturmartillerie (assault artillery). This is because the initial proposal was from Colonel Erich von Manstein and submitted to General Ludwig Beck in 1935, suggesting that Sturmartillerie units should be used in a direct-fire support role for infantry divisions. On 15 June 1936, Daimler-Benz AG received an order to develop an armoured infantry support vehicle capable of mounting a 75 mm (2.95 in) calibre artillery piece.


    Ја колку што знам он е творец на финалниот Fall Gelb (инвазијата на Франција), значи таков каков што испадна, а не каков што го замислија првично.
    Не би им давал големо значење на мемоарите на било кој, ако сакам да имам објективна слика. Во мемоарите (Изгубени победи), на повеќе места, Манштајн, грубо кажано, не ја кажува вистината.
     
  4. Klin

    Klin Колце

    Член од:
    6 јануари 2014
    Мислења:
    3.118
    Допаѓања:
    3.674
    Нема извор наведено за едно чудо, а експлицитно е посочен Мајнштајн, не дека го доведувам во прашање напишаното или сл.

    Меѓу другото и тоа, командува со армиска група во операција Барбароса а инвазијата на Франција нема командна должност колку шо знам. Инаку наведов само извор за напишаното, не се сметам за компетентен да напишам дека лаже, меѓутоа се искупува себеси од одредени потези и вешто се иззема од нацистичкиот дел, иако навистина не бил нацист, реално им служел. А сите без исклучок му аплаудирале на фирерот дури испорачувал победи.
     
  5. Beric Dondarrion

    Beric Dondarrion Lord of Blackhaven

    Член од:
    14 август 2006
    Мислења:
    24.518
    Допаѓања:
    28.958
    Многу после Барбароса .
     
  6. ZooGraf

    ZooGraf

    Член од:
    29 декември 2007
    Мислења:
    104
    Допаѓања:
    190
    Мајнштајн е се разбира суперталентиран генерал, но надвор од тесните одговорнoсти, хмм како да кажам, чуден? На страна што не учестува во заговорот против Хитлер 1944 (а во мемоарите после војната за се му е крив баш Хитлер). Станува збор за човек кој ги има потрошено речиси сите негови пари така што купува голем посед во источна Померанија/Прусија во октомври 1944. Само пар месеци пред да дојде Црвената Армија таму. Common sense, anyone? WTF?
     
  7. Beric Dondarrion

    Beric Dondarrion Lord of Blackhaven

    Член од:
    14 август 2006
    Мислења:
    24.518
    Допаѓања:
    28.958
    За да се сфати подобро зошто Мајншатјн не учествувал во пучот, зошто не му наредил на Паулус пробој и други некои случки, треба да се знае нешто повеќе за пруската воена традиција, благородничкиот пруски офицерски врв.
    Во врска со мемоарите, станува збор за класична човечка особина да се испере сопствената вина, која доаѓа до израз во посебните услови, во кои се наоѓале Мајншатајн, Зајдлиц, Гудериан... во моментот кога ги пишуваат тие мемоари.
    Мемоарите на генералите не се историски подобна алатка за откривање на вистината, а сепак заради идеолошки побуди, токму мемоарите на германските офицери, во голема мерка, го обликуваат јавниот наратив на западот за многу нешта, околу Вермахтот и војната. Тие заблуди денес се разобличени.


    Кои се причините рационални битија на врвот од својата струка, како што се пруските генерали, упорно да продолжат да војуваат кога војната е повеќе од изгубена?
    Идеологијата која го преклопува рационализмот, постојано во Третиот Рајх, е главна причина за губење на војната (примери - милион). Таа е една од причините за тоа, зошто Германците продолжија да војуваат. Но, пруските генерали не се некои нерационални битија, со оглед на нивната струка и спремност. Не им е нив доволно тоа. Иако е сосема доволно за обичниот Ханс или за новиот ков на генерали, кои Хитлер ги нсталира, од кај 43-та, а особено после летото 44-та, наместо пруските благородници.
    Има доста други причини поради кои овие луѓе продолжуваат со војната. Некои од нив се тесно поврзани со пруската воена традиција, некои се поврзани со патриотизмот и евидентната војна до истребување, која самите Германци ја наметнаа. Но сепак, има уште нешто, што вака на површина не се глеа, а тоа е системот на дотации (воведен уште пред неколку векови), според кој владетелот на Прусија им доделува пари на своите генерали (надвор од регуларните плати и други привилегии), за верната служба. Дотациите во Третиот Рајх за генералите, биле баснословни и биле давани по разни поводи. На пример, за 50-ти или 60-ти роденден добивале околу два милиони долари (пресметано во денешни пари).
    Не знам која му била причината на Мајнштајн за да го купи имотот во Померанија, но сигурен сум дека во тие моменти му бил јасен исходот на војната. Веројатно, се потсетил на периодот по Прва Светска и што се десило со марката/рајхсмарката после војната, па скроз е можно да решил да ги претвори парите во нешто што нема да изгуби на вредност после.
     
    На Gag му/ѝ се допаѓа ова.

Сподели преку: