Тенкови и тенковски операции во втора светска војна

Let 3

The Nipple Erector
Член од
13 јули 2008
Мислења
30.917
Поени од реакции
31.152
Со оглед дека на друга тема се распишавме за ова проблематика,. предлагам тука да ја продолжиме со молба до администраторите овде да ги префрлат мислењата.
@Ilumious , ако може последни неколку мислења, фрли ги тука
 
Beric Dondarrion

Lord of Blackhaven
Член од
14 август 2006
Мислења
27.114
Поени од реакции
32.021
Шерманот у никој случај не може еден на еден да се спореди со Пантер (нормално ни со Тигар).
Дебелина на оклоп, калибар на топ... буквално све освен мобилност има послабо. Исто Пантерите и Тигарите полесно се расипувале од Шерманите и од Т34. Друго све е на нивна страна.
Ова ако збориме за квалитет.

Нормандија Американците имаа огромни загуби во Шермани: заради пост-плажа теренот (оние меѓи со дрвја), на кои не мислеа коа планираа, заради панцерфаустите, заради пантерите и тигарите.

Но, квантитетот ја доби војната.
 
Последно уредено:

Дебелината на оклопот многу не му значеше на германците пошто металот беше доста лош квалитет, крут и напукнуваше при удар на проектил. Процент на преживување на посадата кај шерманот беше голема (поради просторот во тенкот, додека кај германските тенкови внатрешноста беше тесна (посебно кај тигарот) поради големината на топот, шерманот беше поподвижен, побрз и имаше поголем радиус и носеше повеќе муниција од тигар или пантер што значеше дека германските тенкови мораа поголем дел од времето да бидат на полнење на гориво или муниција, шерманот беше многу поедноставен за одржување и поправки, додека германските беа комплицирани и тешки за одржување, мислам дека некаде најдов податок да околу 15% германски тенкови во нормандија беа напуштени од посадите поради дефекти и неможност за поправка, шерманот имаше и повисока брзина на пукање, отприлике на секој 1 проектил испукан од тигар - шерман испукуаше 3 проектили, шерманите имаа и стабилизатор на цевка шо беше непознато на германската воена индустрија (ни еден германски тенк немаше таков уред) како шо излегуваа пооклопени германски тенкови, така се развиваа и панцирни проектили на шрманите, така да зрното М93 можеше комотно да го пробие предниот оклоп на Тигар-2 танкот на 750 метри далечина.
 
Beric Dondarrion

Lord of Blackhaven
Член од
14 август 2006
Мислења
27.114
Поени од реакции
32.021
Пантерите и Тигарите пателе од расипување, жива истина.
Дебелината на оклопот (посебно тој од напред) бил апсолутна предност на Пантерот и Тигарот. Од предна страна Шерманот не ни може да ги пробие. Ни од страна. За сигурно, само од позади.
За разлика од нив, Шерманите умираат со само еден погодок од Тигар или Пантер. Tommycoockers ги викале Германците. Небројни сведоштва се на преживеани Американци и Германци тенкисти за ова. погледај некој документарец. Имаше прашање до сите американски и германски тенкисти ветерани од II С.В. во емисијата наречена Пантер vs Шерман, кој тенк би го избрале. Не мора ни да ти кажувам едноглсано, како сите одговорија.

Тактиката на Шерманите за уништување на Пантер, во пост-плажа просторот на Нормандија е следна:
Идат 4.
- ги здогледува Пантер, обично на тој простор вкопан, во брдо или зад меѓи од дрвја.
- убива два Шермани, одма и инстантно
- едниот ги користи труповите на двата (како штит) да го заобиколи Пантерот од една страна, а другиот иде од позади, од другата страна.
Обично тој што иде однапред преку труповите на првите две жртви, одкоа ќе излезе после нив, бива исто така уништен. Тек четвртиот успева да му дојде од позади и да го погоди.

Германските тенкови од последните генерации патеа од расипување, малубројност и поради лоши и долги интендантски линии.
А истите беа во предност кај обученсота на екипажот и технички карактеристики.
 
Битката кај Аракорт, амерички шермани против германски тенкови (претежно новите пантери)
18, 19 20 и 21 септембар поради ниски облаци и магла сојузничкото воздухопловство не можеше да дејствува така да битката воглавном се водеше на копно.
Резултат беше 32 изгубени амерички тенкови и 86 уништени германски тенкови
 
Klin

Колце
Член од
6 јануари 2014
Мислења
3.336
Поени од реакции
4.578
Битката кај Аракорт, амерички шермани против германски тенкови (претежно новите пантери)
18, 19 20 и 21 септембар поради ниски облаци и магла сојузничкото воздухопловство не можеше да дејствува така да битката воглавном се водеше на копно.
Резултат беше 32 изгубени амерички тенкови и 86 уништени германски тенкови
Онеспособени, што не е исто со уништени, воглавно напуштени и оставени во таква состојба од екипажите порaди недостиг на гориво :)

Дали може, и ако може каде да ставам екниги на оваа тематика во пдф тука?
 
Член од
29 јуни 2014
Мислења
9.627
Поени од реакции
9.627
Najgolema mana kaj germancite bila so motorite im bile na benzin, koj e mnogu pozapaliv za razlika od dizelot.
 
Let 3

The Nipple Erector
Член од
13 јули 2008
Мислења
30.917
Поени од реакции
31.152
Онеспособени, што не е исто со уништени, воглавно напуштени и оставени во таква состојба од екипажите порaди недостиг на гориво :)

Дали може, и ако може каде да ставам екниги на оваа тематика во пдф тука?
бројката е само за уништени тенкови во битка
 
Beric Dondarrion

Lord of Blackhaven
Член од
14 август 2006
Мислења
27.114
Поени од реакции
32.021
Кога се гледаат резултати од битка, не може така сувопарно статистички да се гледа само билансот. Има тука побитни фактори, како исполнување на цели, развој на настаните по битката и слично.
На пример, битката за Mосквa, битката за Сталинград и кај други битки билансот беше скроз во корист на Германците, а сепак битките ги добија Русите.
Така и во оваа битка кај Аранкур, целта на Германците беше исполнета. Го сопреа продорот.

Губитоците кај Аранкур се должат на неколку фактори (меѓу кои не на божемната техничка супериорност на шерманите, највеќе затоа што не постои), но најповеќе на организацијата на германските тенковски единици: панцер-бригади, наместо панцер-дивизии. Попрецизно, поради отсуството на панцергренадирите, кои во панцер-бригадите ги имало дупло помалку одколку во панцер-дивизиите, отсуство на артилериска регимента, и многу послаба извидница.
Панцер бригадите (користени во оваа битка) имале по два батаљона (еден со четворки, а еден со пантери). Но, да не должам -
Небројно многу извори може да се наведат за супериорноста на Пантерите и Тигарите во споредба со Шерманот. Нонсенс е да се тврди обратно.[DOUBLEPOST=1497988566][/DOUBLEPOST]
Najgolema mana kaj germancite bila so motorite im bile na benzin, koj e mnogu pozapaliv za razlika od dizelot.
Шерманите се најзапалливите тенкови во Втора Светска Војна.
 
Let 3

The Nipple Erector
Член од
13 јули 2008
Мислења
30.917
Поени од реакции
31.152
Кога се гледаат резултати од битка, не може така сувопарно статистички да се гледа само билансот. Има тука побитни фактори, како исполнување на цели, развој на настаните по битката и слично.
На пример, битката за Mосквa, битката за Сталинград и кај други битки билансот беше скроз во корист на Германците, а сепак битките ги добија Русите.
Така и во оваа битка кај Аранкур, целта на Германците беше исполнета. Го сопреа продорот.

Губитоците кај Аранкур се должат на неколку фактори (меѓу кои не на божемната техничка супериорност на шерманите, највеќе затоа што не постои), но најповеќе на организацијата на германските тенковски единици: панцер-бригади, наместо панцер-дивизии. Попрецизно, поради отсуството на панцергренадирите, кои во панцер-бригадите ги имало дупло помалку одколку во панцер-дивизиите, отсуство на артилериска регимента, и многу послаба извидница.
Панцер бригадите (користени во оваа битка) имале по два батаљона (еден со четворки, а еден со пантери). Но, да не должам -
Небројно многу извори може да се наведат за супериорноста на Пантерите и Тигарите во споредба со Шерманот. Нонсенс е да се тврди обратно
Околу 40% на средни и тешки тенкови кои ги сопреа германските дивизии пред москва беа британски
 
Beric Dondarrion

Lord of Blackhaven
Член од
14 август 2006
Мислења
27.114
Поени од реакции
32.021
Русите примаа голема материјална помош од запдните созузници. А победата им се должеше првенствено на нивната бројна надмоќ, но и на други фактори (различни во секоја битка).
 
LordDragonII

Dr.Strangelove
Член од
15 август 2008
Мислења
10.792
Поени од реакции
5.454
Дали може, и ако може каде да ставам екниги на оваа тематика во пдф тука?
Стај директен линк од pdf книгата или Прикачи дадотека.

Исто нема да е лошо кога дискутирате да дадете некој извор Лет и Берик.
 
Let 3

The Nipple Erector
Член од
13 јули 2008
Мислења
30.917
Поени од реакции
31.152
Русите примаа голема материјална помош од запдните созузници. А победата им се должеше првенствено на нивната бројна надмоќ, но и на други фактори (различни во секоја битка).
Историски гледано, русите ги имаа германците пред москва во 1941. Огромни пространства на русија беа окупирани, во германски раце паднаа фабрики, рудници, градови, магацини со храна оружје муниција..... беа прекинати снадбувања со енергија и суровини. Русите почнаа со селења на цели комплекси на фабрики и погони со се работна сила, неколку иљади километри на исток, па нивна монтажа па нивно снадбување со суровини па почетоци на производство. До 1943 година руските фабрики не можеа да ја задоволат потребата на руската армија. Тоа значеше да без западна помош, германија од 42 ќе продолжеше со напредување, ќе се доближеше и до тие дислоцирани фабрики, ќе дојдеа на домет на нивни бомбардери......
Она шо ги застана, забави беше во најголема мерка помошта на америка и англија. Зборуваме за цели тенковски дивизии, воздугхопловни ескадрили, муниција оружје суровини храна лекови машини..... во период додека почна да функционира повторно руското стопанство, во живот ги одржуваше западната помош.[DOUBLEPOST=1497991069][/DOUBLEPOST]
Стај директен линк од pdf книгата или Прикачи дадотека.

Исто нема да е лошо кога дискутирате да дадете некој извор Лет и Берик.
да наведам литература во фуснота?
 
Член од
28 декември 2015
Мислења
726
Поени од реакции
1.000
Стај некој линк, интересна тема е на за друго.
World War II - Tanks, Eric Grove, Orbis publishing Ltd. London, 1976 преведена на хрватски и издадена 1977 од Алфа Загреб како Тенкови, набавена од уличен продавач пред 5 години мислам за 250 денари (немам фискална) :)

Таму пишува дека фамата на Тигар била поради дефанзивната улога во која бил одличен. Во офанзивните дејства целосно потфрлил и ќе бил заборавен ако не послужел како покретен бункер подоцна во војната движејќи се од еден камуфлиран положај до друг. За неговиот наследник, Кралскиот Тигар пишува дека бил прескапо 70-тонско чудовиште со нула влијание на исходот на борбите освен првичниот шок во Ардените.

Шерман пак имал можност за усовршување и во разни модификации служел до 1990-те а Т-34 служи и денес во некои армии, неговите наследници Т-55 и Т-62 исто.

Друго, пишува дека германските тенкови на почетокот, Панцер 1 и 2 биле исклучително лоши но поради тактиката и имањето на радио-уред ги совладале поединечно супериорните тенкови како полскиот 7ТП, француските Шар Б, С-35 и Х-39 и британската Матилда 2.
Исто германците 1/3 од тенковите во нападот на запад им биле запленети чехословачки ЛТ-35 и ЛТ-38.
 
На врв Bottom