Кога сум разговарал со девојката знаело да се развлече и по 30 мнути. Но тоа се вонредни ситуации, во принцип разговор ми трае од 30-60 секунди со домашните, пријателите, колегите и луѓето што ги гледам почесто.
2-5 минути кога зборувам со некој пријател или роднина со кој што се немаме чуено ни видено повеќе од неколку месеци.
Секогаш ми се долги разговорите на телефон. А ако не се, веројатно сум била принудена да прекинам, (јас ->:blabla сигурно не било по моја желба.
И најчесто се празни муабети. Во разговорот се вклучени едно десетина “шо праиш“, и по неколку паузи во кои веќе никој нема што да изјави.
Интересно ми е, незнам зашто.
:helou:
Порано не толку многу ама во последно време претерано зборвам на телефон, особено со дечко ми ко ќе се размуабетиме, за 2 месеци 40 часа разговор имаме напраено.
јас не обожавам долги муабети на телефон зашто го користам порационално:helou: а плус и мама би ме убила ако направам голема сметка. ама како и да е телефонските разговори ми траат најмногу 5 минути. освен еднаш кога со дечкото го потрошивме 200 за 200 во два дена!:kesa:
Кога бев тинејџерка (мнооооооогу одамна),киснев на телефон со саати...а сега дури и ги заборавам мобилните по дома.Ама со мама кога збориме,утепуваме по 40-50 минути (2-3 пати неделно).
Откога го имам MSN-ов и Skype-ов,само со бабите и дедовците се слушам по телефон.:pos2:
За долги разговори подобро најди се со личноста некаде во град и прави муабеи колку ти душа сака.
Сите имаме обичај некогаш со другарка другар или пак партнерот да се закачиме на телефонот повеќе од вообичаеното..а потоа кога ке стигнат сметките за телефон удираат бројките во глава.Колку време највеќе имате поминато со разговори преку телефон,дали е очигледна вистината дека само женските имаат навика да зборуваат подолго време на телефон од машките и кое време од денот најчесто ги остварувате тие разговори..затоа што мислам дека повеќето oд тие разговори ги остваруваме навечер.Повелеле
Оваа страница користи колачиња за персонализирање на содржината. Со продолжување на користењето, се согласувате со нашата политика за користење колачиња.