За Tanes и сите останати што користат рутери за адсл конекција на T-home. Oд пред 9-10 месеци е започната промена на некои од централите во нивна сопственост. Доколку ве префрлат на новата централа, има проблем со поголем број од рутерите што се продаваат низ македонија. Едноставно рутерот не работи со PPoE конекција преку модемот. Не вреди ни менување на firmware. Лек нема сега за сега. Од кај нив ветија дека со новиот software за проблематичните централи проблемот ќе биде решен, но до сега нема ништо ново. До сега само Linksys, Netgear, Repotec, LevelOne (само два модели) немаат никаков проблем. Се друго едноставно не работи. Тоа е тоа.