Телеком ADSL и OPTIC интернет - генерална дискусија (новости, прашања, проблеми)

  • Креатор на темата vmx
  • Време на започнување

The Wild Boy

љепотан
Член од
26 декември 2017
Мислења
1.551
Поени од реакции
931
Ќе треба да ги прашаш во некој од салоните за хибриден Интернет - тоа е комбинација од ADSL/VDSL заедно со 4G Интернет, за што ќе ти дадат посебен рутер на користење.

Се читаш ли себеси дете ?

Токму АДСЛ значи Асиметрична Дигитална Претплатничка Линија.

Оптичкиот Интернет е` симетричен, а бакарниот Интернет е` асиметричен.

И не, оптичката телекомуникациска мрежа на Македонски Телеком не е достапна во Драчево, но се шири низ Кисела Вода, па можеби Драчево ќе дојде на ред во 2019 година - ама само можеби.
Леле извини. У глава 300 поими ми се моткаат и се измешав со тоа симетриката lol
 
The Wild Boy

љепотан
Член од
26 декември 2017
Мислења
1.551
Поени од реакции
931
Шо е ова бе.
Ајде пак проблеми со Телекомов,и тоа на оптика. За срамота бе...
Општина Аеродром,интернетот пак си паѓа случајно кога ќе му текне,а ми беше среден до скоро.
Ако до нова година продужат проблемите,ги мењам и у такво ќе ги отерам,после нека крадат по други,ма не се замарам и на мене и на татко ми преку глава ни е. Едвај чекам у Неотел да се сменам,барем и блиску сум до нивната главна централа па нема да зеза (дајбоже).
Да не имате и вие проблем со оптикава,или само јас за џабе ко будала се нервирам???
3 пути ми дропна на меч на PUBG...
 
Член од
13 септември 2018
Мислења
32
Поени од реакции
5
Здраво дали некој користи 4г со хибридот да сподели искуство и брзина колку достигнува.
 
Член од
26 јули 2014
Мислења
173
Поени од реакции
41
Здраво дали некој користи 4г со хибридот да сподели искуство и брзина колку достигнува.
Jas koristam hibriden ruter i ako nemas moznost za optika(kako vo mojov slucaj) ti go preporacuvam !
ne samo sto nemoze da ti padne netot tuku i dosta solidni brzini imam.
 
Attachments

Член од
26 јули 2014
Мислења
173
Поени од реакции
41
Screenshot_1.png
neznam tocno kolku e cenata na paketot ama isto e sve normalno samo treba da dojdat i da ti go smenat ruterot i kolku sto znam treba na sto povisoko mesto da bide postaven bidejki preku sattelit dobiva internet koga ke se prefrli na 4g, mozebi jas imam prednost deka sum na 6ti kat vo zgrada...ama obicno mi rekoa deka go stavaat na mesta kade sto ima slaba konekcija, na primer jas prethodno imav edvaj 4-5 mbps download speed..
 
The Wild Boy

љепотан
Член од
26 декември 2017
Мислења
1.551
Поени од реакции
931
Прегледај го приврзокот 197067
neznam tocno kolku e cenata na paketot ama isto e sve normalno samo treba da dojdat i da ti go smenat ruterot i kolku sto znam treba na sto povisoko mesto da bide postaven bidejki preku sattelit dobiva internet koga ke se prefrli na 4g, mozebi jas imam prednost deka sum na 6ti kat vo zgrada...ama obicno mi rekoa deka go stavaat na mesta kade sto ima slaba konekcija, na primer jas prethodno imav edvaj 4-5 mbps download speed..
За уште појак сигнал тури го на тераса :D
Иначе убаво и Телеком што нудат 4G интернет за домашни услови, како што први почнаа Неотел. Тоа е добро бидејки не сите имаат пристап до оптичкиот интернет.
Ако збориме за брзини, од ADSL, VDSL секако е побрз 4G интернетот, но сепак 4G интернетот за домашни услови кои што го нудат Телеком и Неотел не ги достигнува брзините кои што 4G како мрежа може да ги достигне. Еве на пример ако го земеме за пример паметниот телефон од Samsung - Galaxy Note 9 тој може да достигне брзини со Cat 16 до 1200/200 U/D. Е сега секако дека кај нас на 4G мрежа нема да достигне толку многу, ама отприлика едно 100~200 и 50~100 за U/D.
Мене ме чуди тоа, како може еден телефон кој што е дури и помал од тој 4G рутер, да достигне толку високи брзини, а 4G интернетот се мачи да достигне 40 Upload, и 5 Download.
Незнам што ги спречува Телеком и Неотел да пуштат мрежа со брзини исти како мобилната.
И обете се 4G мрежа.
Можеле Samsung со толкав телефон, можат и Телеком, ама очигледно нејќат.

Или можеби до мене е грешката, бидејки видов на рутерот дека пишува DSL па според мое мислење најверојатно проблемот е бакарот што неможе да повлече толку висок сигнал од 4G рутерот, па затоа се намалуваат брзините?
 
Да, најверојатно е до ДСЛ, каблите што им се на Телеком се многу стари од времето кога служеа само за фиксен телефон, а овие новиве поновиве компании како Вип, Неотел имаат понови и подебели кабли па затоа и подобра конекција...
 
Член од
24 април 2008
Мислења
10.506
Поени од реакции
11.570
Незнам дали се зафркавате или сте стварно неписмени :cuc:
Експерти се` за телекомуникации од прв до последен.

А замисли па кабливе за струја стари повеќе од 50 години ако им текне на ЕВН да ги сменат, сигурно помалку струја ќе трошиме, па и струјата ќе поевтини.
 
Член од
24 април 2008
Мислења
10.506
Поени од реакции
11.570
Ајде просветли ме
Еве ти го просветлувањето: бакарните телекомуникациски кабли кои ги користат сите телекомуникациски оператори се` со иста дебелина од памтивек и тоа никогаш не се има променето.

Истото важи и за коаксијалните кабли на кабелските оператори, кои се подебели, но исто така се останати непроменети од памтивек.

Единствена причина зошто на било која локација телекомуникацискиот сигнал преку бакарна телекомуникациска мрежа би бил посилен или послаб е` исклучиво поради опремата во локалната телекомуникациска централа, опремата кај корисникот и оддалеченоста меѓу овие две места.

Јас живеам во станбена зграда изградена во втората половина на 1970-те години и користев 3 Max Comfort + пакет од тогашен Ти-Хоум преку истиот бакарен телекомуникациски кабел поставен во зградата кога истата била изградена во втората половина на 1970-те години, и слободно можам да ти потврдам дека никогаш немав проблеми со сигналот или со Интернет брзините.

За волја на вистината, во втората половина на 1990-те години беа поставувани нови подземни бакарни телекомуникациски кабли низ мојата населба, но тоа беше поради зголемувањето на бројот на корисници, а не бидејќи тогашен ПТТ го откри Интернетот.

И повторно се враќаме на опремата кај корисникот и во локалната телекомуникациска централа, и на оддалеченоста меѓу овие две места. Во мојата населба, локалната телекомуникациска централа на Македонски Телеком, исто како и локалната телекомуникациска централа на Вип, се` сместени на половина километар од мојата зграда, поради што секогаш имам одличен сигнал без разлика од кој оператор ќе користам услуги.

Ти од друга страна, доколку живееш на повеќе од еден километар од локалната телекомуникациска централа на Македонски Телеком, со секој нареден метар имаш послаб телекомуникациски сигнал - не поради дебелината или староста на бакарните телекомуникациски кабли, туку поради оддалеченоста од твојата станбена зграда/куќа од локалната телекомуникациска централа на Македонски Телеком.

Биди 100% сигурен дека истото те чека и доколку се префрлиш на Неотел, бидејќи бакарната телекомуникациска мрежа и оптичката телекомуникациска мрежа на Неотел сеуште не се достапни низ цело Скопје, а уште помалку па низ цела Македонија.

Таму каде што бакарната/оптичката телекомуникациска мрежа на Неотел не е достапна, Неотел сепак ги нуди своите телекомуникациски услуги, но преку бакарната/оптичката телекомуникациска мрежа на Македонски Телеком.

Неретко се случува Македонски Телеком и/или Неотел да поставуваат појачала, односно засилувачи на сигналот, помеѓу локалната телекомуникациска централа и крајните корисници, доколку оддалеченоста помеѓу овие две места е голема, особено во планинските региони.

На крајот од деноноќието, дебелината и староста на каблите има врска со слабеењето на сигналот исто онолку колку што има остатоци од ланскиот снег - кој и онака едвај го имаше во Скопјево. Кабелот може да биде извор на проблемот единствено ако е оштетен, а тоа речиси никогаш не зависи од староста или дебелината на кабелот, туку од надворешните услови - каде и како е` поставен кабелот, какви се условите на тоа место во текот на четирите годишни времиња: суша, влага, летни горештини, зимски студови - сите овие фактори можат да влијаат врз кабелот и да го оштетат порано или подоцна.

Доколку ти дале хибриден Интернет од Македонски Телеком, односно комбинација од ADSL/VDSL Интернет преку бакарна телекомуникациска мрежа, заедно со 4G Интернет, тогаш најверојатно живееш во планински предел, или живееш на поголема оддалеченост од локалната телекомуникациска централа на Македонски Телеком, бидејќи во спротивно не би ти одобриле хибриден Интернет, а дебелината и староста на каблите нема ама баш никаква поврзаност со ова.
 
Последно уредено:
Член од
13 септември 2018
Мислења
32
Поени од реакции
5
Кај мене е супер 4г интернетот 80 /40 инаку сум одалечен 2 км од централата.на секој го препорачувам поздрав.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom