Еве ти го просветлувањето: бакарните телекомуникациски кабли кои ги користат сите телекомуникациски оператори се` со иста дебелина од памтивек и тоа никогаш не се има променето.
Истото важи и за коаксијалните кабли на кабелските оператори, кои се подебели, но исто така се останати непроменети од памтивек.
Единствена причина зошто на било која локација телекомуникацискиот сигнал преку бакарна телекомуникациска мрежа би бил посилен или послаб е` исклучиво поради опремата во локалната телекомуникациска централа, опремата кај корисникот и оддалеченоста меѓу овие две места.
Јас живеам во станбена зграда изградена во втората половина на 1970-те години и користев 3 Max Comfort + пакет од тогашен Ти-Хоум преку истиот бакарен телекомуникациски кабел поставен во зградата кога истата била изградена во втората половина на 1970-те години, и слободно можам да ти потврдам дека никогаш немав проблеми со сигналот или со Интернет брзините.
За волја на вистината, во втората половина на 1990-те години беа поставувани нови подземни бакарни телекомуникациски кабли низ мојата населба, но тоа беше поради зголемувањето на бројот на корисници, а не бидејќи тогашен ПТТ го откри Интернетот.
И повторно се враќаме на опремата кај корисникот и во локалната телекомуникациска централа, и на оддалеченоста меѓу овие две места. Во мојата населба, локалната телекомуникациска централа на Македонски Телеком, исто како и локалната телекомуникациска централа на Вип, се` сместени на половина километар од мојата зграда, поради што секогаш имам одличен сигнал без разлика од кој оператор ќе користам услуги.
Ти од друга страна, доколку живееш на повеќе од еден километар од локалната телекомуникациска централа на Македонски Телеком, со секој нареден метар имаш послаб телекомуникациски сигнал - не поради дебелината или староста на бакарните телекомуникациски кабли, туку поради оддалеченоста од твојата станбена зграда/куќа од локалната телекомуникациска централа на Македонски Телеком.
Биди 100% сигурен дека истото те чека и доколку се префрлиш на Неотел, бидејќи бакарната телекомуникациска мрежа и оптичката телекомуникациска мрежа на Неотел сеуште не се достапни низ цело Скопје, а уште помалку па низ цела Македонија.
Таму каде што бакарната/оптичката телекомуникациска мрежа на Неотел не е достапна, Неотел сепак ги нуди своите телекомуникациски услуги, но преку бакарната/оптичката телекомуникациска мрежа на Македонски Телеком.
Неретко се случува Македонски Телеком и/или Неотел да поставуваат појачала, односно засилувачи на сигналот, помеѓу локалната телекомуникациска централа и крајните корисници, доколку оддалеченоста помеѓу овие две места е голема, особено во планинските региони.
На крајот од деноноќието, дебелината и староста на каблите има врска со слабеењето на сигналот исто онолку колку што има остатоци од ланскиот снег - кој и онака едвај го имаше во Скопјево. Кабелот може да биде извор на проблемот единствено ако е оштетен, а тоа речиси никогаш не зависи од староста или дебелината на кабелот, туку од надворешните услови - каде и како е` поставен кабелот, какви се условите на тоа место во текот на четирите годишни времиња: суша, влага, летни горештини, зимски студови - сите овие фактори можат да влијаат врз кабелот и да го оштетат порано или подоцна.
Доколку ти дале хибриден Интернет од Македонски Телеком, односно комбинација од ADSL/VDSL Интернет преку бакарна телекомуникациска мрежа, заедно со 4G Интернет, тогаш најверојатно живееш во планински предел, или живееш на поголема оддалеченост од локалната телекомуникациска централа на Македонски Телеком, бидејќи во спротивно не би ти одобриле хибриден Интернет, а дебелината и староста на каблите нема ама баш никаква поврзаност со ова.