Телеком ADSL и OPTIC интернет - генерална дискусија (новости, прашања, проблеми)

Дискусија во форумот 'Македонски интернет провајдери' започната од vmx, 7 јуни 2005.

  1. The Wild Boy

    The Wild Boy Ни името, ни Samsung - от.

    Член од:
    26 декември 2017
    Мислења:
    555
    Допаѓања:
    146
    Се јавив, и зборевме и пробав се како што ми кажа тој човекот и пак ништо... Евентуално од Техничка ми кажа дека ке требале од централа да средат но сигурно од одма нема да биде бидејки они проблем по проблем решавале... Ако се среди ке ми стигне по порака и ке биде океј, а ако не тогаш ке мора они да дојдат да проверат... И во најлош случај ке мора да го заменат овој рутер...
     
  2. The Wild Boy

    The Wild Boy Ни името, ни Samsung - от.

    Член од:
    26 декември 2017
    Мислења:
    555
    Допаѓања:
    146
    Ајде што биднало, бинало...
    Ми се јавиа од централа и кажаа кога ке може да дојдат ке проверат од ормар од кај што иде интернетот па се до кај мене... Се надевам ке го средат и дека веќе дајбоже нема ни да паѓа интернетот... И после ова user/pass на сајтот за рутерот не га дирам, како што си е така нека биде...
    Е сега друга работа ке ми треба switch да земам за евтина цена мал, е сега незнам дали од 100 мегабити ке биде доволно, пошто едни ми викаа дека ке се намалела брзината, а други не... Најверојатно таков и ке го поврзам кабелот што оди до лаптопот со Switch-от до Лаптопот, Андроид Smart TV боксот и евентуално макс тв-то...
    Само незнам кај да најдам...
    --- Споено дупло мислење, 14 април 2018 ---
    Ете дојдоа двајца од технича и семаа кај тоа кутијата у влез пошо беше 1 спрат погоре(нема на секој спрат таква кутија и каблите ги влечат од таа погоре)и семаа со некое мало апаратче го извадија ласерскиот кабел и имаа едно како унимер проверуваа и заклучија дека (не ги разбрав баш убаво)но опсегот бил многу јак и секогаш на 12 саати кога се мењавала IP адресата интернетот паѓал.И да така беше,го средиа тоа они пошто како што кажа Dexter тие што ми местеа оптика гарант биле у брзање и грешка направиле сигурно...после дојде на ред рутерот...не го сменија но средија некои ствари таму со сигналот,и после ги сменија каблите што беа во LAN портите,бидејки евентуално ми биле погрешно наместени и после тоа дојде интернет,но телевизија снема....и овие и тоа го средија и ете така на крај добив интернет и се реши (дајбоже) проблемот со паѓањето на интернетот!
    Сега преостанува да земам Switch и да побрзам лаптопот,Android TV Боксот и Макс ТВ-то
    И научив лекција да не си играм со рутерот,и за тоа бев предупреден од самите техничари...
     
    Последно уредено: 14 април 2018
  3. Sukhoi

    Sukhoi

    Член од:
    1 септември 2016
    Мислења:
    29
    Допаѓања:
    10
    Добро зошто не прочиташ некоја книга што поминува почетнички материјал компјутерски мрежи. Најди било каква книга што поминува материјал за comptia network+ курсот, и нема да спамаш со постови во темиве, нема да рчкаш кајшто не разбираш и што е најважно ке научиш доволно работи. Или гледај некои курсеви по youtube што се free, најди си занимација и да научиш плус нешто, не само да прашуваш.
     
    На The Wild Boy му/ѝ се допаѓа ова.
  4. The Wild Boy

    The Wild Boy Ни името, ни Samsung - от.

    Член од:
    26 декември 2017
    Мислења:
    555
    Допаѓања:
    146
    Океј фала, иначе ова вака ненадејно испадна... Не дека ја сум некој кој што многу смарам... И ова што прашував поврав се што треба.... See ya!
     
  5. Sponge BobbY

    Sponge BobbY

    Член од:
    19 октомври 2010
    Мислења:
    576
    Допаѓања:
    342
    Напишав во телекабел групата, а можеби некој форумџија ќе се најде и овде што би знаел како да направам.
    Градам куќа и планирам сите доводни кабли вклучувајќи и антенски, телефонски и оптички кабел да ги спроведам до капија, за да кога ќе поврзувам да не копам низ двор. Имам оптички кабел, но прашањето е дали би можел да го ставам во црево и да го закопам од точка А до точка Б или има посебен оптички кабел за во земја како што е кабелот за струја ПП 00? Благодарам на одговор
     
  6. The Wild Boy

    The Wild Boy Ни името, ни Samsung - от.

    Член од:
    26 декември 2017
    Мислења:
    555
    Допаѓања:
    146
    За тоа прашај го @Dexter26 .Од се се разбира човекот,се ќе ти објасни.
    Иначе ти ако градиш куќа и ако не си поврзан на било која оптчка мрежа од било кој оператор ондак изгради ја куќата и после кога ќе ти местат ти кажи им кај да местат и што да прават.За другото со копање,и такви ствари тоа ја појма си неам,ти пишав за подетално кој да прашаш :)
     
  7. gjoko-mkd

    gjoko-mkd

    Член од:
    8 јануари 2012
    Мислења:
    4.790
    Допаѓања:
    3.348
    Vo Kičevo ima firma koja ima aparat "krtica" koja mozi da iskopa kanal za ibstalacija bez da go ošteti gornio sloj. Na primer vo Karpoš vo Sk postavija kabli po dolzina na celata ulica bez da se oštetuva asfaltot( i samiot Stefče bil začuden od možnostite)
    Taka da ima rešenie i za postavuvanje na instalacija " odposle"..... no toa treba da se plati
     
    На The Wild Boy му/ѝ се допаѓа ова.
  8. Dexter26

    Dexter26

    Член од:
    24 април 2008
    Мислења:
    7.771
    Допаѓања:
    6.739
    Тоа е работа на електричарот или електричарите кој/кои ќе ти ја мести/местат струјата низ куќата. Но ќе мораш да знаеш кои луѓе ги ангажираш, мораат да бидат луѓе кои се разбираат од оптички телекомуникации за да знаат како да го пуштат цревото кое треба да излегува на улица, бидејќи оптичкиот кабел не толерира виткање под агол од 90 степени или помалку, поради што секогаш се пушта накосо или со полукружно виткање под агол повисок од 90 степени, односно никогаш не скршнува под агол од 90 степени или помал агол. И се разбира, ќе мораш да им потенцираш дека сакаш да пуштат црево за оптички кабел и каде сакаш да излегува тоа црево.

    Доколку на улицата на која ја градиш куќата е достапна оптичката телекомуникациска мрежа на Македонски Телеком или на Телекабел, ќе мораш да обрнеш внимание дали оптичките кабли ги пуштаат подземно или воздушно, односно преку бандера.

    Ако ги пуштаат оптичките кабли подземно, тогаш ќе треба електричарот/електричарите да пушти/пуштат црево со туба за оптички кабел кое ќе започнува во просторијата каде што сакаш да биде поставен рутерот, а ќе завршува надвор на улица, поточно од надворешната страна на оградата на куќата - под претпоставка дека веќе имаш или планираш да градиш ограда. Ако цревото за оптичкиот кабел завршува кај внатрешната страна од оградата, тогаш кога ќе доаѓаат монтерите/техничарите за да го пуштат оптичкиот кабел, ќе мораат да бушат низ оградата за да го пуштат кабелот.

    Ако ги пуштаат оптичките кабли воздушно, односно преку бандера, тогаш ќе треба електричарот/електричарите да пушти/пуштат црево со туба за оптички кабел кое ќе започнува во просторијата каде што сакаш да биде поставен рутерот, а ќе завршува горе на покривот, или под покривот или внатре во покривот - зависи од тоа од каде сакаш ти да влегува оптичкиот кабел од бандерата - за оваа цел ќе мораш да поставиш и држач на покривот/под покривот/внатре во покривот, за кој ќе биде врзан надворешниот оптички кабел од бандерата.

    Доколку не познаваш електричари кои се разбираат од оптички телекомуникации, распрашај се во станбените згради во градот во кој живееш, а во кои е` достапна оптичката телекомуникациска мрежа на Македонски Телеком или на Телекабел и прашај ги која фирма ја правела внатрешната оптичка инсталација во зградата.

    За коаксијален кабел кој во иднина би се поврзувал со кабелска телевизија, истото црево за оптичкиот кабел би ти завршило работа - треба да е доволно дебело за да собере два кабли: тубата низ која ќе поминува оптичкиот кабел и коаксијалниот кабел за кабелската телевизија.

    Доколку на улицата на која ја градиш куќата не е достапна оптичката телекомуникациска мрежа на Македонски Телеком или на Телекабел, тогаш низ истото црево за оптичкиот/коаксијалниот кабел, ќе може да поминува бакарен кабел од Македонски Телеком и/или коаксијален кабел од кабелската телевизија.

    За сателитска антена ќе треба електричарот/електричарите да постави/постават црево кое ќе започнува во просторијата во која сакаш да бидат телевизорот и сателитскиот рисивер, а ќе завршува горе на покривот каде што ќе биде поставена сателитската антена.

    Ако живееш во Скопје, можеш да прашаш во повеќе компании кои ги прават внатрешните оптички инсталации на Македонски Телеком во станбените згради.

    Жикол - реон Чаир, но како што е општо познато, работат низ цело Скопје, Струмица, а најверојатно и низ цела Македонија
    http://www.zikol.com.mk/contact-sk
    http://www.zikol.com.mk/contact-sr

    Фибернет МК - реон Центар, вклучувајќи ги и Кале, скопска чаршија, Мавровка, Бит Пазар, факултетскиот комплекс и судскиот комплекс кај МРТВ, Крњево, Керамидница, Автокоманда, делови од Гази Баба - вклучувајќи ги и факултетите и студентскиот дом Стив Наумов и делови од Железара
    http://www.fibernet.mk/contact.aspx?mid=7

    Кабтел - реон Кисела Вода, вклучувајќи ги и Лисиче, Ново Лисиче и Аеродром
    http://www.kabtel.mk/mk/contact.php

    Овернет - реон Карпош, реон Ѓорче Петров, реон Тетово, за овие најмалку мислам дека ќе ти завршат работа, бидејќи работат исклучиво со фирми, а не со физички лица
    http://toten.com.mk/contact/

    Прашај ги дали вршат електрични инсталации - вклучувајќи и оптички телекомуникациски инсталации - во куќи кои сеуште се во изградба, и колку наплаќаат за тоа.

    Ако не за ништо друго, барем можеш да ги прашаш за препорака за некој добар електричар кој би ти завршил работа за внатрешна оптичка инсталација ако не можат тие да ти завршат работа.
     
    Последно уредено: 16 мај 2018
    На The Wild Boy, gjoko-mkd и Anon им се допаѓа ова.
  9. The Wild Boy

    The Wild Boy Ни името, ни Samsung - от.

    Член од:
    26 декември 2017
    Мислења:
    555
    Допаѓања:
    146
    Чекајте сега Телеком ја напушта Македонија, но што ќе биде со домашниот интернет, и оптичката мрежа што ја местеа... Сето тоа ќе пропадне, ќе го продадат на друг или? Или домашниот интернет ќе си остане???
    Леле ако ми се оствари шанса ѓи мењам овие, скапи се идам директива на Неотел.
     
  10. Dexter26

    Dexter26

    Член од:
    24 април 2008
    Мислења:
    7.771
    Допаѓања:
    6.739
    Готово е, си заминува Дојче Телеком, ќе ги вадат каблите и сета опрема од централите и ќе си ги земат со нив во Германија, ќе не` вратат во 19-ти век.

    Не ќе биде лошо слободното време после училиште да го поминеш на часови по општествено уредување и економија во некоја библиотека или факултет или академија, сигурно нема да им пречи да дозволат на настава да присуствува некој кој сеуште нема завршено средно образование, а не знае како функционираат приватните компании кои нудат услуги од јавниот сектор, а кои истовремено имаат двајца или повеќе сопственици.
     
    На miki80, vlatkobond и The Wild Boy им се допаѓа ова.
  11. Apple

    Apple It's good to be good

    Член од:
    11 октомври 2009
    Мислења:
    2.618
    Допаѓања:
    980
    https://meta.mk/andreas-elsner-zami...aven-izvrshen-direktor-na-makedonski-telekom/

    Да се идат најверојатно Виваком Бугарија ќе го земе.
     
    На The Wild Boy му/ѝ се допаѓа ова.
  12. The Wild Boy

    The Wild Boy Ни името, ни Samsung - от.

    Член од:
    26 декември 2017
    Мислења:
    555
    Допаѓања:
    146
    Можда ко шо викаш, треба од тоа игриците да се тргнам и да ја фатам работа озбилно. Прочитав низ форум во другата тема и на интернет, и видов дека тоа си останува, но дека одделот за Телефонија заминува и некој друг ќе го купи тоа, тоа најмал проблем. Ја на мајка ми кога и кажав за ова се израдува... Пошо сметката над 4 илјади иде. Договорот си останува само за интернет така?
    Да гледам шанса ако фатам да го тргнам тој 2 годишен договор без да плаќам пенали (ако у опште може) и да се сменам на Неотел.
    T - Мобиле искрено не беа лоши за интернет и се си беше топ, освен цените. Исто е и со Телеком, затоа сакам да ги откачам што побрзо.
     
  13. Dexter26

    Dexter26

    Член од:
    24 април 2008
    Мислења:
    7.771
    Допаѓања:
    6.739
    Ептен јак купувач, сопственичката структура на Виваком во неговата матична држава Бугарија до денешен ден не е разрешена и сеуште се водат судски спорови за истата.

    Другата "алтернатива" на татарите е Турски Телеком, кој исто така е вмешан во афери поврзани со прислушкувања и заразувања на компјутерите на своите корисници со вируси за шпионажа за потребите на турските разузнавачки агенции.

    Било кое од овие "решенија" е погубно за Македонски Телеком, ако било која од овие компании стане нов сопственик на Македонски Телеком, допрва компанијата ќе почне да допира нови дна.

    Со Дојче Телеком беа и останаа скапи, но барем нудеа квалитет за дадените пари, додека со татарите или турците како нови сопственици, Македонски Телеком го чека погубување.

    Што си потпишал, тоа ќе си користиш и ќе го плаќаш.

    Сопственичката структура на компанијата со која си го потпишал обврзувачкиот договор нема никакви допирни точки со договорот кој ти си го потпишал и на кој си се обврзал на временски период од 12 или 24 месеци.

    Договорот останува на сила без разлика кој е сопственик на компанијата со која си го потпишал договорот.

    Договорот може да престане да важи единствено ако престане да постои компанијата со која си го потпишал истиот тој договор, или ако своеволно одлучиш да го раскинеш предвремено договорот, за што вообичаено се плаќаат пенали кои се предвидени со самиот договор.
     
    Последно уредено: 22 мај 2018
    На alekjov, The Wild Boy и gjoko-mkd им се допаѓа ова.
  14. mishko

    mishko

    Член од:
    27 декември 2008
    Мислења:
    981
    Допаѓања:
    380
    Сепак не се продава Телеком
    https://vecer.press/владата-не-го-продава-уделот-во-телеко/

    Владата на Република Македонија не го продава уделот на државата во Македонски Телеком, а таква информација немаме ниту од партнерите од Дојче Телеком, информираат за МИА од Владата.

    Оттаму додаваат дека сега веќе поранешниот главен извршен директор Андреас Елснер самиот поднел оставка и оти тоа е негова лична одлука која не ја коментираат.

    – Во насока на поголема ефикасност на работењето на компанијата еден од акционерите поднесе предлог за спојување на двете позиции на извршни директори во една. За Владата ова решение е прифатливо, но ќе ги разгледаме сите детали од новиот предлог концепт за работа на компанијата по што нашиот став ќе го кажеме на Собранието на акционери, каде државата ја има златната акција, наведуваат од Владата.

    Главниот извршен директор и член на Одборот на директори на Македонски Телеком Андреас Елснер на 1 јули годинава заминува од компанијата.

    На позицијата главен извршен директор на компанијата Елснер беше назначен во мај 2017 година и под негово водство компанијата бележи позитивен пресврт во работењето преку најдобрата мрежа, иновативното портфолио на производи и најдоброто корисничко искуство. Тој заминува од компанијата со успешни резултати во првото тромесечје од 2018 година, со раст од 2,6 отсто во однос на минатата година и водечки позициониран бренд.
     
  15. Dexter26

    Dexter26

    Член од:
    24 април 2008
    Мислења:
    7.771
    Допаѓања:
    6.739
    Сепак не се продава државниот удел во Македонски Телеком, кој е понизок од 40%, додека приватниот удел на Дојче Телеком, кој изнесува 51% наводно е на продажба и наводно се бара купувач за истиот.

    Со криминалци како пвеводбениците или плавите жолтици на власт, секогаш гладни и жедни за измолзување на народните пари и за перење на својот криминално стекнат капитал, како и за непрекинат извор на партиски вработувања, државниот удел во златна кокошка како Македонски Телеком никогаш нема да го продадат.

    Проблемот не е во државниот удел на Македонски Телеком, туку во приватниот удел на Дојче Телеком, кој ако заврши во сопственост на Виваком Бугарија или уште полошо - во сопственост на Турк Телеком, било кое од тие две сценарија е смртна пресуда за Македонски Телеком.

    Ако Дојче Телеком е одлучен да го продаде својот мнозински сопственички удел во Македонски Телеком, подобро нека го продаде на некој светски телекомуникациски бренд како британски Водафон, шпанска Телефоника или норвешки Теленор, а не на третокласни регионални оператори кои го имаат истиот балкански менталитет како и секое друго државно или јавно претпријатие во Македонија.
     
    Последно уредено: 22 мај 2018
    На The Wild Boy му/ѝ се допаѓа ова.

Сподели преку: