Телеком ADSL и OPTIC интернет - генерална дискусија (новости, прашања, проблеми)

  • Креатор на темата vmx
  • Време на започнување
Член од
24 април 2008
Мислења
10.483
Поени од реакции
11.539
Ајде пак јас... Да прашам едно глупаво прашање...
Е сега знам дека оптичкиот интернет на Телеком оди 99% оптички кабел до крајниот корисник(рутер) а 1% (пр. До компјутер) оди со CAT кабел.Тоа да, знам. Но кога дојдоа техничарите да ми местат оптички интернет, ја прашав еден ако може да пуштам кабел доле у дуќан(втор рутер) од кај што живеам (влезот е блиску до дуќанот, па заради тоа прашав) и ми рече дека бакарниот кабел не работи на голем опсег(големи растојаниа) пошто, кај може иди ти од 4/5 спрат пушти бакарен кабел до приземје, нема да може за големо растојание... И вака ја после некое време ми влезе една чудна работа во мозокот...
Е сега ако тогаш бакарниот кабел има мал опсег на растојание како тогаш кога бев поврзан на АДСЛ(пред да ми стават оптика) имав интернет со бакарен кабел од централа до дома???
Најверојатно ти се погодиле техничари кои не знаеле што зборуваат или се плашеле дека ќе им зададеш дополнителна работа, иако за волја на вистината, нивна обврска е да пуштат телекомуникациски приклучок на твојата адреса на живеење, а за продавницата - бидејќи не е на истата адреса - немаат никакви обврски.

Во пракса, мрежниот сигнал кај Cat 5e мрежните кабли почнува да се губи после 100 метри, ма да некои велат дека почнува да се губи после 150 метри.

Во 2007 година јас бев корисник на безжичниот WADSL Интернет на тогашен Он Нет, но бидејќи тогаш немаа многу предаватели на сите страни низ Скопјево, мораа да ја постават WADSL антената не 5 ката над мојот стан, туку 11 ката над мојот стан, а антената беше поврзана со мојот рутер преку мрежен кабел кој сигурно беше долг околу 50 метри. И слободно можам да ти потврдам дека за тогашните услови во 2007 година, WADSL Интернетот што тогаш го користев од тогашен Он Нет беше брз и стабилен и бев максимално задоволен од истиот.

Како и да е, доколку планираш да пушташ надворешен мрежен кабел, тогаш препорачливо е да купиш FTP Cat 5e мрежен кабел, кој е поскап од обичниот UTP Cat 5e мрежен кабел, бидејќи FTP мрежниот кабел доаѓа со заштитна обвивка направена од алуминиумска фолија за да ги штити внатрешните жици од надворешните влијанија како што се временските услови - високи и ниски температури, влага и слично.

FTP мрежен кабел ќе те чини поскапо од обичниот UTP мрежен кабел кој сите Интернет провајдери го даваат на користење на своите корисници, но дополнителните пари кои ќе ги дадеш ќе бидат потрошени на мрежен кабел со добра заштита од надворешните влијанија.

Овој конкретен кабел со доста сочна цена од 37 денари за метар, го користат по бандери, скап е, но одлично ќе ти заврши работа, дури и во описот убаво пишува дека е со должина од 100 метри и гарантира мрежна брзина од 100 мегабита (12.5 мегабајти) во секунда.

Немој да ме разбереш погрешно, има и поевтини FTP Cat 5e мрежни кабли, овој конкретен е ептен направен за надворешна употреба, и тоа за да виси по бандери.

http://www.loging.mk/348/187639/0/ShowProduct/FTP_kabel

Не сум 100% сигурен, но мислам дека овој кабел ќе мора да започнува и да завршува во дозна и во станот и во продавницата, така што од дозната во станот до рутерот и од дозната во продавницата до компјутерот или до втор рутер ќе мораш да го поврзуваш со обични UTP Cat 5e мрежни кабли.

И се разбира, ако одиш со ова решение, ќе мораш да најдеш електричар кој ќе ти ги поврзи кабелот со дозните, бидејќи ова сигурно нема да можеш сам да го направиш, бидејќи ќе ти треба клешта за набивање, која сигурно не планираш да ја купуваш за само една употреба.

http://www.loging.mk/242/181952/0/ShowProduct/Krone_kleshta

Ако купиш дозни со 2 мрежни приклучоци, немој да се збуниш, мрежниот кабел може да биде поврзан со само еден мрежен приклучок, не смее да биде поврзан со двата мрежни приклучоци истовремено.

http://www.loging.mk/536/189550/0/ShowProduct/2xRJ45_zenski_prikluchok_za_montiranje_na_sid

Но се разбира, има и други поевтини FTP Cat 5e мрежни кабли кои исто така ќе ти завршат работа, а нема ни да ти требаат дозни за нив, туку директно ќе можеш да го поврзеш FTP Cat 5e мрежниот кабел со рутерот во станот на едниот крај, и со компјутерот или вториот рутер во продавницата на другиот крај.

http://www.anhoch.com/product/30547/patch-cable-ftp-20m-cat5e

http://www.anhoch.com/product/43041/ftp-cable-cat5e-100m-solid-gembird-gray-050-mm-cca
 
Последно уредено:
Член од
23 октомври 2016
Мислења
72
Поени од реакции
17
Ako nekoj saka takov kabel FTP CAT 5E so maksimalna zastita i za nadvoresna upotreba( za po banderi) imam jas po 30 den od metar 305 metri e cel kotur.
 
The Wild Boy

љепотан
Член од
26 декември 2017
Мислења
1.549
Поени од реакции
931

Океј ама прашував за тоа како чим мене тој техничарот ми кажал дека бакарните кабли работат на мал опсег(очигледно ме излажал) , тогаш како оди ADSL интернетот на големи растојаниа до крајниот корисисник(од централа) а притоа поминувајки го лимитот од 150 метри како што ти кажа???
Мене тоа ме чуди, за другото ми е јасно све.
 
Ти реков, или не знаел што зборува или те мајтапел бидејќи се загрижил дека можеби ќе му побараш да ти пушти мрежен кабел за до продавницата - иако тоа не е негова обврска, бидејќи како што веќе спомнав, неговиот налог е за пуштање на оптички телекомуникациски приклучок на една адреса, додека продавницата е на друга адреса.

Но лично имам гледано и слушано монтери и техничари од Македонски Телеком буквално како се фалат бидејќи успеале на корисник да му кажат дека не можат да му пуштат мрежни кабли бидејќи немале материјал или бидејќи имале премногу работа, а корисникот не им барал мрежни кабли за соседната куќа или соседниот стан, туку им барал да му пуштат мрежни кабли за да ги поврзе останатите компјутери во својот дом, односно на истата адреса на која се наоѓа телекомуникацискиот приклучок.

Монтерите и техничарите од Македонски Телеком - особено тие со решенија за непрекинат работен однос на неограничен временски период, се мислат дека никој ништо не им може, па зошто баш тебе да те услужат ако имаш компјутери во другите соби од куќата/станот и сакаш сите тие компјутери да ги поврзеш преку мрежни кабли со рутерот кој од Македонски Телеком ти го дале на користење ?

Си мислат дека никој ништо не им може, па затоа измислуваат оправданија.

Од друга страна, ако монтерите/техничарите биле од некоја приватна фирма која соработува со Македонски Телеком - а вообичаено кај тие приватни фирми пристигнуваат налозите за оптички телекомуникациски приклучоци, но сепак неретко се случува таков налог да пристигне и кај монтер/техничар од Македонски Телеком - вообичаено приватните фирми се трудат да трошат што е можно помалку материјал, па затоа нивните вработени се трудат да избегнат трошење повеќе материјал отколку што е потребно.

Ако да речеме ти живееш на првиот кат, и тоа директно над продавницата на приземјето, биди сигурен дека ако монтерите/техничарите биле од приватна фирма која соработува со Македонски Телеком, сигурно ќе ти пуштеле мрежен кабел до продавницата, бидејќи кабелот не би бил многу долг и ќе можеле да го оправдаат таквиот потрошен материјал кај нивниот приватен работодавач.

Но затоа па ако биле монтери/техничари кои се вработени во Македонски Телеком, особено ако се од оние со решенија за непрекинат работен однос на неограничен временски период, биди сигурен дека дури и кога би живеел првиот кат директно над продавницата, нив единствено ги интересира да го реализираат налогот и да си го соберат бонусот кој им следува за секој нов корисник кого го поврзале, а ако на корисникот му треба мрежен кабел, тоа си е негов проблем - освен ако е пријател нивен, во таков случај и резервен кабел ќе му остават за секој случај.

За жал, во Македонија - земјата на чудата, секој ден човек си има работа со секакви индивидуи, тешко ми е да ги наречам луѓе.
 
Последно уредено:

JB00F

DDoS
Член од
21 јануари 2014
Мислења
3.408
Поени од реакции
2.748

Море да не им се најде некој што повеќе знае од нив, па да ги отера у три лепе. :)
 
Член од
24 април 2008
Мислења
10.483
Поени од реакции
11.539
Море да не им се најде некој што повеќе знае од нив, па да ги отера у три лепе. :)
И такви ги познавам, но наместо да ги отераат у три лепе, си ги собираат парталите и фаќаат џаде, бидејќи швабите во Македонски Телеком освен брендот Ти-Хоум и Ти-Мобајл, ништо друго германско немаат донесено.

Македонски Телеком е приватна компанија само на хартија, во пракса и понатаму е дувло на партиски пулени.

Човек со памет не би сакал да работи со такви луѓе, јас лично познавам такви луѓе на кои им се стемни од телекомџиите, поради што си заминаа, а можеа да останат ако сакаа, бидејќи имаа одлични резултати и препораки.
 
The Wild Boy

љепотан
Член од
26 декември 2017
Мислења
1.549
Поени од реакции
931
Ти реков, или не знаел што зборува или те мајтапел бидејќи се загрижил дека можеби ќе му побараш да ти пушти мрежен кабел за до продавницата - иако тоа не е негова обврска, бидејќи како што веќе спомнав, неговиот налог е за пуштање на оптички телекомуникациски приклучок на една адреса, додека продавницата е на друга адреса.

Но лично имам гледано и слушано монтери и техничари од Македонски Телеком буквално како се фалат бидејќи успеале на корисник да му кажат дека не можат да му пуштат мрежни кабли бидејќи немале материјал или бидејќи имале премногу работа, а корисникот не им барал мрежни кабли за соседната куќа или соседниот стан, туку им барал да му пуштат мрежни кабли за да ги поврзе останатите компјутери во својот дом, односно на истата адреса на која се наоѓа телекомуникацискиот приклучок.

Монтерите и техничарите од Македонски Телеком - особено тие со решенија за непрекинат работен однос на неограничен временски период, се мислат дека никој ништо не им може, па зошто баш тебе да те услужат ако имаш компјутери во другите соби од куќата/станот и сакаш сите тие компјутери да ги поврзеш преку мрежни кабли со рутерот кој од Македонски Телеком ти го дале на користење ?

Си мислат дека никој ништо не им може, па затоа измислуваат оправданија.

Од друга страна, ако монтерите/техничарите биле од некоја приватна фирма која соработува со Македонски Телеком - а вообичаено кај тие приватни фирми пристигнуваат налозите за оптички телекомуникациски приклучоци, но сепак неретко се случува таков налог да пристигне и кај монтер/техничар од Македонски Телеком - вообичаено приватните фирми се трудат да трошат што е можно помалку материјал, па затоа нивните вработени се трудат да избегнат трошење повеќе материјал отколку што е потребно.

Ако да речеме ти живееш на првиот кат, и тоа директно над продавницата на приземјето, биди сигурен дека ако монтерите/техничарите биле од приватна фирма која соработува со Македонски Телеком, сигурно ќе ти пуштеле мрежен кабел до продавницата, бидејќи кабелот не би бил многу долг и ќе можеле да го оправдаат таквиот потрошен материјал кај нивниот приватен работодавач.

Но затоа па ако биле монтери/техничари кои се вработени во Македонски Телеком, особено ако се од оние со решенија за непрекинат работен однос на неограничен временски период, биди сигурен дека дури и кога би живеел првиот кат директно над продавницата, нив единствено ги интересира да го реализираат налогот и да си го соберат бонусот кој им следува за секој нов корисник кого го поврзале, а ако на корисникот му треба мрежен кабел, тоа си е негов проблем - освен ако е пријател нивен, во таков случај и резервен кабел ќе му остават за секој случај.

За жал, во Македонија - земјата на чудата, секој ден човек си има работа со секакви индивидуи, тешко ми е да ги наречам луѓе.
Да,за тоа сватив,туку не тоа што прашував општо за дуќанот и техничарите,мене воглавно ме интересираше оптшто за ADSL интернетот на Македонски Телеком.Кога мене техничарите ме излажаа дека неможело,но кажа ти до 100/150 метри максимун.Епа ако е 100/150 метри максимун тогаш општо,како стига ADSL интернетот од централа до крајниот корисник а притоа поминувајки го лимитот од 100/150 метри???
(Пример): Па да кажеме оптшто за некој корисник,во зграда од Осумдесетите со ADSL приклучок оддалечен 3,5 километри од најблиската централа на Македонски Телеком.
 
Е па DSL Интернет и мрежен рутер не е исто.

Пред се`, треба да се земе во предвид фактот дека каблите спаѓаат во пасивна опрема, односно ниту примаат податоци, ниту праќаат податоци, туку само пренесуваат податоци, исто како што улиците, патиштата, мостовите, булеварите исто така ниту примаат патници и роба, ниту праќаат патници и роба, туку служат како транспортни коридори низ кои патниците и робата се движат со патнички или товарни возила.

Брзината на транспортот кај улиците, патиштата, мостовите, булеварите, зависи претежно од брзината на возилата, и се разбира, зависи од квалитетот на изработката на патот, но претежно зависи од брзината на возилата, бидејќи и по дупки може да се вози со висока брзина доколку имаш добри гуми и добри амортизери.

Истото важи и кај телекомуникациите, брзината и квалитетот на телекомуникациската линија зависи повеќе од активната опрема, а помалку од пасивната опрема, а активната опрема е во централата и кај крајниот корисник, односно рутерот.

ADSL2 и ADSL2+ Интернетот достигнува брзини до 24 мегабита (3 мегабајти) во секунда, а неговиот сигнал почнува да се намалува после 50 метри.

На Интернет страницата кон која води наредниот линк е објавена табела во која детално е опишано на колкаво растојание за колку се намалува Интернет брзината кај ADSL2 и ADSL2+, слободно игнорирај ги податоците за ADSL Интернетот, бидејќи Македонски Телеком од поодамна има воведено ADSL2+.

https://www.increasebroadbandspeed.co.uk/graph-ADSL-speed-versus-line-loss-distance

Кога се случува намалување на сигналот после одредена оддалеченост, изводливо е - а особено кај станбените објекти ова е речиси обврзувачки - да се поставуваат појачала за DSL сигналот на одредена оддалеченост од локалната телекомуникациска централа, а такви појачала има во локални ормари на Македонски Телеком, или па можеби ги има во самите станбени згради.

Еве ти пример за појачало на сигнал за ADSL/ADSL2/ADSL2+.

http://actelis.com/actelis-products/broadband-amplifiers/aba/

Еве друг пример за појачало за VDSL, можеби Македонски Телеком ќе почне да поставува вакви појачала - освен ако веќе почнале да ги поставуваат - за да го засилат VDSL сигналот и после 1 километар оддалеченост од локалната телекомуникациска централа.

http://actelis.com/actelis-products/broadband-amplifiers/vba/
 
Ах,океј..баш тоа ме чудеше а и не ни ми текна во главата за појачала дека постојат...
Иначе случајно мислам дека имам едно кај мене во зграда али незнам дали е за струја.Кога ке можам ке го сликам и ке пратам па види ти.Иначе каблите за ADSL од Телеком(има 2 вода) одат од еден дел во подрумот и потоа тој дел оди во едни мали "коцкици" во ѕидот на зградата и таму во нив има едно "портокалово црево"и на секој спрат минува низ тие коцкици,а внатре во нив има еден куп парици,и триста чуда.Исто така во подрумот еден од водовите не е во употреба,а другиот е.Е тоа незнам зошто,но мислам дека е резервен.Барем така јас учев по ТК.[DOUBLEPOST=1520719336][/DOUBLEPOST]А тој вториот вод можно и да е активен но да е на Телекабел за ADSL. Не би ме зачудило ни тоа...
 
Последно уредено:
Член од
27 декември 2008
Мислења
1.531
Поени од реакции
693

Малку да не си грешка тие се оптички кабли.
 
Член од
24 април 2008
Мислења
10.483
Поени од реакции
11.539
Малку да не си грешка тие се оптички кабли.
Не го збунувај дополнително, цел ден го поминавме разјаснувајќи дека сепак може да пушти мрежен кабел од стан до продавница и дека брзината и стабилноста на ADSL Интернетот зависи повеќе од опремата отколку од каблите. :D
 
Не го бунам тој така учел но што научил :)
 
The Wild Boy

љепотан
Член од
26 декември 2017
Мислења
1.549
Поени од реакции
931
Малку да не си грешка тие се оптички кабли.
Ако се тоа оптички кабли тогаш како уште од (моја претпоставка) 2006 Телеком имаат поставено ADSL интернет во мојата зграда. Сигурно немало оптички кабли тогаш, па најверојатно како што кажа Dexter се користат појачала.
А за знаењето, чекајте уште сум втора... Еее до четврта пополека се ке сватам. А ако имам нешто пробем или некои чудни прашања, за тоа е форумот тука!
 
Член од
27 декември 2008
Мислења
1.531
Поени од реакции
693
Ако се тоа оптички кабли тогаш како уште од (моја претпоставка) 2006 Телеком имаат поставено ADSL интернет во мојата зграда. Сигурно немало оптички кабли тогаш, па најверојатно како што кажа Dexter се користат појачала.
А за знаењето, чекајте уште сум втора... Еее до четврта пополека се ке сватам. А ако имам нешто пробем или некои чудни прашања, за тоа е форумот тука!
ADSL технологијата се користи и со обичен бакарен кабел за телефонска линија и нема специални кабли ,Да форумот е да се праша и да се дознае нешто повеќе.
 
Член од
8 јануари 2012
Мислења
9.953
Поени од реакции
14.709
ADSL технологијата се користи и со обичен бакарен кабел за телефонска линија и нема специални кабли ,Да форумот е да се праша и да се дознае нешто повеќе.
Дали знаеш зошто неможам да се најавам да гледам Макс тв го на комјутер? Внесувам конто и тел.број , ми вика дека сум најавен,..но не ме најавува и повторно тоа ми го бара за да можам да гледам Тв(немам Магента...туку 1500 пакет)
 
Kajgana Shop

На врв Bottom