Здраво, имам Internet M i TV L, брзината треба да ми е 12 мбити меѓутоа никогош не е повеќе од 6.5 мбити. Ако имам вклучено и тв тогаш пак нема шанса и над 5 мбити да отиде, а со исклучено тв е околу 6.5 мбити. Еднаш во месецот во период од неколку часа се случува со вклучено тв брзината да ми е околу 6 мбити. Оддалечен сум од централа околу 3 км(така барем ми кажаа кога имав проблем со тв-то и случајно го прашав техничарот што дојде..), и поврзан со телефонска линија(бакарен линк најверојатно), дали има можност да се добијат тие 12 мбити, треба малку да се биде досаден кон телеком за да ги испорачаат тие брзини? Некакви совети?Дали да инсистирам да ме префрлат на VDSL и дали тоа ќе ги подобри работите?Дали префрлувањето на VDSL ќе треба да се направи со некаков нов договор или може да им се јавам на 122 и да побарам да ме префрлат?
И уште нешто..како може да си ја ресетирам лозинката на рутерот(speedport w 503v)? до пред две недели често се вклучував за да гледам одредени информации, меѓутоа сеа не знам која е лозинката, не памтам јас да сум ја сменил, дали е можно од телеком да ја промениле?
Лозинката на рутерот Speedport W 503V вообичаено е avm - можеби со големи букви, или па можеби telekom и да, можно е` да ја смениле од Македонски Телеком.
Најдобро ќе биде телефонски да ја контактираш службата за техничка поддршка во Македонски Телеком на 122 и да им го пријавиш проблемот со слабата телекомуникациска линија.
И да, мораш да инсистираш да го отстранат дефектот, особено бидејќи ADSL/ADSL2/ADSL2+ телекомуникациска линија треба да биде стабилна ако навистина живееш толку блиску до локалната телекомуникациска централа.
Ако не го решат проблемот наскоро, јави им се повторно на 122 за да им пријавиш пречка, и така одново и одново, бидејќи се` зависи од тоа кај кој техничар ќе заврши налогот за твојата пречка.
Налогот може да заврши кај некој кој внимава да ја отстрани пречката што е можно поскоро, но може да заврши и кај некој кој не си ја сфаќа сериозно работата, можеби ќе ја измере линијата без воопшто да излезе надвор на терен, па ако баш во моментот кога ја мере линијата добие добри резултати, ќе го затвори налогот со тврдење дека пречката е` отстранета, иако во пракса ништо не направил на терен.
Можеби ќе треба да се преработи приклучокот кај тебе дома, можеби ќе треба да се преработи приклуочкот во телекомуникациската централа или па можеби телекомуникациската порта со која е` поврзан приклучокот е слаба или неисправна, поради што ќе треба во централата да го поврзат приклучокот со друга телекомуникациска порта, а ако живееш во куќа, можеби ќе треба да се преработи и приклучокот на бандерата.
И во едниот и во другиот случај, огромна е` веројатноста дека ќе ти го сменат рутерот и ќе ти го дадат на користење новиот рутер Speedport Entry 2i, кој може да се користи и за ADSL и за VDSL Интернет, но не верувам дека ќе имаш техничка можност за VDSL Интернет ако живееш на повеќе од 1 километар од локалната телекомуникациска централа.
Инаку, ако имаш техничка можност за VDSL Интернет, ќе треба да мигрираш на Internet L пакетот, така што ќе мораш да потенцираш дека сакаш да го користиш пакетот преку бакарната телекомуникациска мрежа на Македонски Телеком, односно преку VDSL линија, а не преку оптичката телекомуникациска мрежа на Македонски Телеком.