Напишав во телекабел групата, а можеби некој форумџија ќе се најде и овде што би знаел како да направам.
Градам куќа и планирам сите доводни кабли вклучувајќи и антенски, телефонски и оптички кабел да ги спроведам до капија, за да кога ќе поврзувам да не копам низ двор. Имам оптички кабел, но прашањето е дали би можел да го ставам во црево и да го закопам од точка А до точка Б или има посебен оптички кабел за во земја како што е кабелот за струја ПП 00? Благодарам на одговор
Тоа е работа на електричарот или електричарите кој/кои ќе ти ја мести/местат струјата низ куќата. Но ќе мораш да знаеш кои луѓе ги ангажираш, мораат да бидат луѓе кои се разбираат од оптички телекомуникации за да знаат како да го пуштат цревото кое треба да излегува на улица, бидејќи оптичкиот кабел не толерира виткање под агол од 90 степени или помалку, поради што секогаш се пушта накосо или со полукружно виткање под агол повисок од 90 степени, односно никогаш не скршнува под агол од 90 степени или помал агол. И се разбира, ќе мораш да им потенцираш дека сакаш да пуштат црево за оптички кабел и каде сакаш да излегува тоа црево.
Доколку на улицата на која ја градиш куќата е достапна оптичката телекомуникациска мрежа на Македонски Телеком или на Телекабел, ќе мораш да обрнеш внимание дали оптичките кабли ги пуштаат подземно или воздушно, односно преку бандера.
Ако ги пуштаат оптичките кабли подземно, тогаш ќе треба електричарот/електричарите да пушти/пуштат црево со туба за оптички кабел кое ќе започнува во просторијата каде што сакаш да биде поставен рутерот, а ќе завршува надвор на улица, поточно од надворешната страна на оградата на куќата - под претпоставка дека веќе имаш или планираш да градиш ограда. Ако цревото за оптичкиот кабел завршува кај внатрешната страна од оградата, тогаш кога ќе доаѓаат монтерите/техничарите за да го пуштат оптичкиот кабел, ќе мораат да бушат низ оградата за да го пуштат кабелот.
Ако ги пуштаат оптичките кабли воздушно, односно преку бандера, тогаш ќе треба електричарот/електричарите да пушти/пуштат црево со туба за оптички кабел кое ќе започнува во просторијата каде што сакаш да биде поставен рутерот, а ќе завршува горе на покривот, или под покривот или внатре во покривот - зависи од тоа од каде сакаш ти да влегува оптичкиот кабел од бандерата - за оваа цел ќе мораш да поставиш и држач на покривот/под покривот/внатре во покривот, за кој ќе биде врзан надворешниот оптички кабел од бандерата.
Доколку не познаваш електричари кои се разбираат од оптички телекомуникации, распрашај се во станбените згради во градот во кој живееш, а во кои е` достапна оптичката телекомуникациска мрежа на Македонски Телеком или на Телекабел и прашај ги која фирма ја правела внатрешната оптичка инсталација во зградата.
За коаксијален кабел кој во иднина би се поврзувал со кабелска телевизија, истото црево за оптичкиот кабел би ти завршило работа - треба да е доволно дебело за да собере два кабли: тубата низ која ќе поминува оптичкиот кабел и коаксијалниот кабел за кабелската телевизија.
Доколку на улицата на која ја градиш куќата не е достапна оптичката телекомуникациска мрежа на Македонски Телеком или на Телекабел, тогаш низ истото црево за оптичкиот/коаксијалниот кабел, ќе може да поминува бакарен кабел од Македонски Телеком и/или коаксијален кабел од кабелската телевизија.
За сателитска антена ќе треба електричарот/електричарите да постави/постават црево кое ќе започнува во просторијата во која сакаш да бидат телевизорот и сателитскиот рисивер, а ќе завршува горе на покривот каде што ќе биде поставена сателитската антена.
Ако живееш во Скопје, можеш да прашаш во повеќе компании кои ги прават внатрешните оптички инсталации на Македонски Телеком во станбените згради.
Жикол - реон Чаир, но како што е општо познато, работат низ цело Скопје, Струмица, а најверојатно и низ цела Македонија
http://www.zikol.com.mk/contact-sk
http://www.zikol.com.mk/contact-sr
Фибернет МК - реон Центар, вклучувајќи ги и Кале, скопска чаршија, Мавровка, Бит Пазар, факултетскиот комплекс и судскиот комплекс кај МРТВ, Крњево, Керамидница, Автокоманда, делови од Гази Баба - вклучувајќи ги и факултетите и студентскиот дом Стив Наумов и делови од Железара
http://www.fibernet.mk/contact.aspx?mid=7
Кабтел - реон Кисела Вода, вклучувајќи ги и Лисиче, Ново Лисиче и Аеродром
http://www.kabtel.mk/mk/contact.php
Овернет - реон Карпош, реон Ѓорче Петров, реон Тетово, за овие најмалку мислам дека ќе ти завршат работа, бидејќи работат исклучиво со фирми, а не со физички лица
http://toten.com.mk/contact/
Прашај ги дали вршат електрични инсталации - вклучувајќи и оптички телекомуникациски инсталации - во куќи кои сеуште се во изградба, и колку наплаќаат за тоа.
Ако не за ништо друго, барем можеш да ги прашаш за препорака за некој добар електричар кој би ти завршил работа за внатрешна оптичка инсталација ако не можат тие да ти завршат работа.