- Член од
- 24 април 2008
- Мислења
- 11.089
- Поени од реакции
- 12.651
Најверојатно ти се погодиле техничари кои не знаеле што зборуваат или се плашеле дека ќе им зададеш дополнителна работа, иако за волја на вистината, нивна обврска е да пуштат телекомуникациски приклучок на твојата адреса на живеење, а за продавницата - бидејќи не е на истата адреса - немаат никакви обврски.Ајде пак јас... Да прашам едно глупаво прашање...
Е сега знам дека оптичкиот интернет на Телеком оди 99% оптички кабел до крајниот корисник(рутер) а 1% (пр. До компјутер) оди со CAT кабел.Тоа да, знам. Но кога дојдоа техничарите да ми местат оптички интернет, ја прашав еден ако може да пуштам кабел доле у дуќан(втор рутер) од кај што живеам (влезот е блиску до дуќанот, па заради тоа прашав) и ми рече дека бакарниот кабел не работи на голем опсег(големи растојаниа) пошто, кај може иди ти од 4/5 спрат пушти бакарен кабел до приземје, нема да може за големо растојание... И вака ја после некое време ми влезе една чудна работа во мозокот...
Е сега ако тогаш бакарниот кабел има мал опсег на растојание како тогаш кога бев поврзан на АДСЛ(пред да ми стават оптика) имав интернет со бакарен кабел од централа до дома???
Во пракса, мрежниот сигнал кај Cat 5e мрежните кабли почнува да се губи после 100 метри, ма да некои велат дека почнува да се губи после 150 метри.
Во 2007 година јас бев корисник на безжичниот WADSL Интернет на тогашен Он Нет, но бидејќи тогаш немаа многу предаватели на сите страни низ Скопјево, мораа да ја постават WADSL антената не 5 ката над мојот стан, туку 11 ката над мојот стан, а антената беше поврзана со мојот рутер преку мрежен кабел кој сигурно беше долг околу 50 метри. И слободно можам да ти потврдам дека за тогашните услови во 2007 година, WADSL Интернетот што тогаш го користев од тогашен Он Нет беше брз и стабилен и бев максимално задоволен од истиот.
Како и да е, доколку планираш да пушташ надворешен мрежен кабел, тогаш препорачливо е да купиш FTP Cat 5e мрежен кабел, кој е поскап од обичниот UTP Cat 5e мрежен кабел, бидејќи FTP мрежниот кабел доаѓа со заштитна обвивка направена од алуминиумска фолија за да ги штити внатрешните жици од надворешните влијанија како што се временските услови - високи и ниски температури, влага и слично.
FTP мрежен кабел ќе те чини поскапо од обичниот UTP мрежен кабел кој сите Интернет провајдери го даваат на користење на своите корисници, но дополнителните пари кои ќе ги дадеш ќе бидат потрошени на мрежен кабел со добра заштита од надворешните влијанија.
Овој конкретен кабел со доста сочна цена од 37 денари за метар, го користат по бандери, скап е, но одлично ќе ти заврши работа, дури и во описот убаво пишува дека е со должина од 100 метри и гарантира мрежна брзина од 100 мегабита (12.5 мегабајти) во секунда.
Немој да ме разбереш погрешно, има и поевтини FTP Cat 5e мрежни кабли, овој конкретен е ептен направен за надворешна употреба, и тоа за да виси по бандери.
http://www.loging.mk/348/187639/0/ShowProduct/FTP_kabel
Не сум 100% сигурен, но мислам дека овој кабел ќе мора да започнува и да завршува во дозна и во станот и во продавницата, така што од дозната во станот до рутерот и од дозната во продавницата до компјутерот или до втор рутер ќе мораш да го поврзуваш со обични UTP Cat 5e мрежни кабли.
И се разбира, ако одиш со ова решение, ќе мораш да најдеш електричар кој ќе ти ги поврзи кабелот со дозните, бидејќи ова сигурно нема да можеш сам да го направиш, бидејќи ќе ти треба клешта за набивање, која сигурно не планираш да ја купуваш за само една употреба.
http://www.loging.mk/242/181952/0/ShowProduct/Krone_kleshta
Ако купиш дозни со 2 мрежни приклучоци, немој да се збуниш, мрежниот кабел може да биде поврзан со само еден мрежен приклучок, не смее да биде поврзан со двата мрежни приклучоци истовремено.
http://www.loging.mk/536/189550/0/ShowProduct/2xRJ45_zenski_prikluchok_za_montiranje_na_sid
Но се разбира, има и други поевтини FTP Cat 5e мрежни кабли кои исто така ќе ти завршат работа, а нема ни да ти требаат дозни за нив, туку директно ќе можеш да го поврзеш FTP Cat 5e мрежниот кабел со рутерот во станот на едниот крај, и со компјутерот или вториот рутер во продавницата на другиот крај.
http://www.anhoch.com/product/30547/patch-cable-ftp-20m-cat5e
http://www.anhoch.com/product/43041/ftp-cable-cat5e-100m-solid-gembird-gray-050-mm-cca
Последно уредено: