Се вратив од Тасос пред некој ден и можам да кажам дека впечатоците се ОК
Бевме сместени во Скала Потамина, што е мислам второ најдобро место за сместување после Потос. Местенцето е Ок со таверни и кафиќи. Дискотеки не видов. Има каде да излезеш да речеме на вечера или на коктелче, има продавнички за сувенирчиња и слично, но ако некој очекува забава со журки нека не оди таму.
Во местенцето има неколку маркети со цени карактеристични за нашиот јужен сосед. Единствен подобро снабден маркет - Керфур кој се празни до пладне
Цени - гиро 2,5, сувлаки 2,5, леб (дупли) од 1,80-2,50, кока-кола 1,5л - 1евро. Местенцево е најскапо од целиот остров.
Луѓето - тотално не заинтересирани за ништо, што ме чудеше бидејќи таков случај немам сретнато никаде по грчките острови.
Плажи
1. Голден Бич - каде што бевме сместени - 4,5км долга песочна плажа со мноогу ситен песок и доволно природна сенка. Единствено не ми се допадна што мора да одиш еден километар за да дојдеш до длабоко. Не сакам такви плажи и од таа причина не ја ни посетивме Парадајз бич. Лежалки некаде се 5 евра две лежалки и чадор, некаде одат со пијачка и фрее ви-фи.
2. Мермерна или Саљара како што ја викаат
Прекрасна плажа со карактеристична зелена боја на водата и бели мермерни камчиња, но УЖАСНО недостапна!!! Пред да тргнете натаму прашајте го гугл за правец зошто нема баш некој знаци т.е. нема никакви знаци на патот а мештаните ќе ве пратат господ знае каде. Имајте на ум дека со изнајмена кола не смеете да идете на мермерната плажа-пишува во договорот. Ние бевме со скутер и среќа што не бевме во сезона инаку ќе се изнаголтавме прашина и дечко ми сигурно ќе ме оставеше некаде по планините. 5км неасвалтиран и полн со дупки пат и не е баш малку. Пијачки 3 евра без разлика што пиете.
3. ПсилиАмос - прекрасна плажа и за чудо лесно достапна. Со покрупен и потежок песок, многу ми се допадна
4. Алики- интересни заливче со бистра вода, искрено ништо посебно
Имаше и други плажи како Ливади, Пацхи, Глифада, Потос, но не беа ништо посебно. Макријамос е единствена плажа каде што се плаќа влез 3 евра по човек и 7 евра лежалки.
Бевме и на Гиола или како што го викаат Окото на Зевс, но во никој случај не препорачувам да одите таму. Патот е долг и благо речено ужасен. Ужасен во права смисла. Не знам колку долго, можеби половина или саат време, пешачевме по земјен неасвалтиран пат зошто скутерот го оставивме на главниот пат (јасно стои знак дека е забранета вожња на скутери), и потоа уште половина час се спуштавме по козји патеки (карпи, камења, земја) за да дојдеме до базентчено. Интересно - да, но не вреди за патот.
Во глобала, тивок остров, убави плажи, чиста вода. Не би одела пак, за мене сеуште само Кефалонија останува остров на кој би се вратила пак.
Ако има некој некое прашање слободно нека пише
тоа е тоа што ми текнува во моментов.
--- надополнето: 20 септември 2013 во 21:00 ---
А да ќе заборавев, обавезно да го посетите Манастирот на Св. Архангел Михаил....прекрасен е малку за да се опише, а од погледот на неговата тераса застанува здивот, мислиш се наоѓаш на небо. Преубаво.