Тасос - островот на сирените

M

macgowan

Гостин
Нека каже некој како се движат цени за апартманите за 4ца во период од 27-08 до кај 4ти септември
Дали да резервирам од МК или да барам смештај дирекно таму?

Гледам на http://nikana.gr варираат од 30 до 45 евра, дали има нешто поевтино на лице место или тоа е тоа?
Мислам дека на лице место истите цени ќе ти ги нудат, до кај 40, ама барем ќе видиш на што си и ќе се поценкаш малку.
Пишав пред некое време на тема за Кефалонија, апартмани за 4ца ги даваат за и за 30 евра, максимално културно средени со сите нишани и не уџум или на њиву... оди на лице место поакај налевонадесно и ќе најдиш то шо бараш.
 

deXterche

тадаммм
Член од
12 февруари 2006
Мислења
4.920
Поени од реакции
941
Мислам дека на лице место истите цени ќе ти ги нудат, до кај 40, ама барем ќе видиш на што си и ќе се поценкаш малку.
Пишав пред некое време на тема за Кефалонија, апартмани за 4ца ги даваат за и за 30 евра, максимално културно средени со сите нишани и не уџум или на њиву... оди на лице место поакај налевонадесно и ќе најдиш то шо бараш.
30 евра се мисли на апартман не на лице? :)))
Иначе и јас се мислам да по акам таму пошо и периодов е малце тапа, така да сигурно ќе најдам поголема понуда
 
M

macgowan

Гостин
По апартман фала богу! Ќе најдеш, само треба малку шпартање и прашување.
Ми се чини дека во моментов единствено на Халкидики се летнати грците со умот и цените.
 
Член од
22 ноември 2008
Мислења
596
Поени од реакции
99
Беше ли некој годинава да сподели слика од Мермерната плажа па и по можност и од други плажи;)
 

deXterche

тадаммм
Член од
12 февруари 2006
Мислења
4.920
Поени од реакции
941
Беше ли некој годинава да сподели слика од Мермерната плажа па и по можност и од други плажи;)
Моментално сум таму, еве слика од мерменрата



Според мене Парадисо е бр 1
 
Член од
22 ноември 2008
Мислења
596
Поени од реакции
99
Моментално сум таму, еве слика од мерменрата



Според мене Парадисо е бр 1
Па вака од далеку супер изгледа мермернава, баш ме интересира колку пари е лежалка и дали следува и пијалак?
И да, ако имаш и ако не ти тешко пушти слика и од Парадизо :)
Како и да е, ова некогаш мора да се посети:icon_lol:
 
Член од
5 ноември 2012
Мислења
2.527
Поени од реакции
5.718
Супер што повторно ја средиле Мермерната. На почетокот на Јули беше тажна слика
Инаку, еве некоја нова плажа, ЛаСкала бич, неколку километри после Лименас. Личи феноменално




 
Член од
26 март 2011
Мислења
659
Поени од реакции
667
Се вратив од Тасос пред некој ден и можам да кажам дека впечатоците се ОК

Бевме сместени во Скала Потамина, што е мислам второ најдобро место за сместување после Потос. Местенцето е Ок со таверни и кафиќи. Дискотеки не видов. Има каде да излезеш да речеме на вечера или на коктелче, има продавнички за сувенирчиња и слично, но ако некој очекува забава со журки нека не оди таму.
Во местенцето има неколку маркети со цени карактеристични за нашиот јужен сосед. Единствен подобро снабден маркет - Керфур кој се празни до пладне :icon_mrgr:
Цени - гиро 2,5, сувлаки 2,5, леб (дупли) од 1,80-2,50, кока-кола 1,5л - 1евро. Местенцево е најскапо од целиот остров.
Луѓето - тотално не заинтересирани за ништо, што ме чудеше бидејќи таков случај немам сретнато никаде по грчките острови.
Плажи
1. Голден Бич - каде што бевме сместени - 4,5км долга песочна плажа со мноогу ситен песок и доволно природна сенка. Единствено не ми се допадна што мора да одиш еден километар за да дојдеш до длабоко. Не сакам такви плажи и од таа причина не ја ни посетивме Парадајз бич. Лежалки некаде се 5 евра две лежалки и чадор, некаде одат со пијачка и фрее ви-фи.
golden bic.jpg

2. Мермерна или Саљара како што ја викаат
Прекрасна плажа со карактеристична зелена боја на водата и бели мермерни камчиња, но УЖАСНО недостапна!!! Пред да тргнете натаму прашајте го гугл за правец зошто нема баш некој знаци т.е. нема никакви знаци на патот а мештаните ќе ве пратат господ знае каде. Имајте на ум дека со изнајмена кола не смеете да идете на мермерната плажа-пишува во договорот. Ние бевме со скутер и среќа што не бевме во сезона инаку ќе се изнаголтавме прашина и дечко ми сигурно ќе ме оставеше некаде по планините. 5км неасвалтиран и полн со дупки пат и не е баш малку. Пијачки 3 евра без разлика што пиете.

salaria1.jpg

salaria.jpg

salaria2.jpg

salaria3.jpg


3. ПсилиАмос - прекрасна плажа и за чудо лесно достапна. Со покрупен и потежок песок, многу ми се допадна

psiliamos.jpg

4. Алики- интересни заливче со бистра вода, искрено ништо посебно

aliki.jpg

Имаше и други плажи како Ливади, Пацхи, Глифада, Потос, но не беа ништо посебно. Макријамос е единствена плажа каде што се плаќа влез 3 евра по човек и 7 евра лежалки.
Бевме и на Гиола или како што го викаат Окото на Зевс, но во никој случај не препорачувам да одите таму. Патот е долг и благо речено ужасен. Ужасен во права смисла. Не знам колку долго, можеби половина или саат време, пешачевме по земјен неасвалтиран пат зошто скутерот го оставивме на главниот пат (јасно стои знак дека е забранета вожња на скутери), и потоа уште половина час се спуштавме по козји патеки (карпи, камења, земја) за да дојдеме до базентчено. Интересно - да, но не вреди за патот.
Во глобала, тивок остров, убави плажи, чиста вода. Не би одела пак, за мене сеуште само Кефалонија останува остров на кој би се вратила пак.
Ако има некој некое прашање слободно нека пише ;) тоа е тоа што ми текнува во моментов.
--- надополнето: 20 септември 2013 во 21:00 ---
А да ќе заборавев, обавезно да го посетите Манастирот на Св. Архангел Михаил....прекрасен е малку за да се опише, а од погледот на неговата тераса застанува здивот, мислиш се наоѓаш на небо. Преубаво.
 

%naked%

born to be wild
Член од
28 мај 2013
Мислења
550
Поени од реакции
1.480
devojka87 ..дали стварно 5 километри е целио пат до мермерната плажа?????!!!!!!:vozbud:

ако е толку значи ние сме ептен биле авантуристи (луди) :tapp: ;замисли ние цел пат го одиме пеш :tapp::facepalm::ROFLMAO:
 
Член од
26 март 2011
Мислења
659
Поени од реакции
667
devojka87 ..дали стварно 5 километри е целио пат до мермерната плажа?????!!!!!!:vozbud:

ако е толку значи ние сме ептен биле авантуристи (луди) :tapp: ;замисли ние цел пат го одиме пеш :tapp::facepalm::ROFLMAO:
Од каде сте оделе пеш? :vozbud:Од кај Макријамос од каде што се дели патот? Ако од таму сте оделе пеш стварно сте вантуристи (луди).
Од делот каде што се дели патот за да влезеш во Макријамос и неасвалтираниот пат за на кај мермерната почнувајчи од тука е 5км.
Секоја чест ако сте оделе од тука пешки :cuc:. Нас не измори патот до Гиола претходниот ден и не ни паѓаше на памет пешки да одиме и 2 на саат со скутер звучеше многу подобро отколку пеш.
 
Член од
22 ноември 2008
Мислења
596
Поени од реакции
99
Од каде сте оделе пеш? :vozbud:Од кај Макријамос од каде што се дели патот? Ако од таму сте оделе пеш стварно сте вантуристи (луди).
Од делот каде што се дели патот за да влезеш во Макријамос и неасвалтираниот пат за на кај мермерната почнувајчи од тука е 5км.
Секоја чест ако сте оделе од тука пешки :cuc:. Нас не измори патот до Гиола претходниот ден и не ни паѓаше на памет пешки да одиме и 2 на саат со скутер звучеше многу подобро отколку пеш.
А немаше ли некој организиран превоз до тоа Гиола преку туристички агенции? Исто и до мермерната немаше ли никаков превоз со автобусчиња или со бродче??
 
Член од
26 март 2011
Мислења
659
Поени од реакции
667
А немаше ли некој организиран превоз до тоа Гиола преку туристички агенции? Исто и до мермерната немаше ли никаков превоз со автобусчиња или со бродче??
Организиран превоз до Гиола нема,барем јас колку што можев да видам,а водичот дури и не го ни спомена како место кое би требало да се посети, можеби затоа што патот е стварно ужасен и се оди единствено со кола (сопствена, бидејќи не е дозволено со рент а кар), но сепак и кога ќе го завршиш земјениот пат со кола, треба пак пеш да се спуштиш по тоа карпите и камењата. За надолу ај пак некако, ама за назад потешко оди, исто како на планинарење да си тргнал.
До мермерната има бротчиња што носат т.е тоа е всушност излет по плажите со брод. Незнам колку се исплати околу 20 евра е со оглед на тоа дека додека ние бевме на мермерната плажа бродот дојде, застана но не ги остави патниците да се избањаат, плус тоа дали ќе дојде на мермерната плажа зависи од временските услови. Ако има ветер може бродот да замине на обиколка на плажи на другата страна од островот. Патот до мермерната за разлика од патот до Гиола е автопат :D До мермерната се оди и со скутер, нормално 2 на саат и ќе се изнаголташ прашина од автомобилите и камионите што поминуваат, но сепак се вози. Патот до мермерната е ок за со автомобил, само да не е некој премногу низок автомобил зошто има камења што штрчат на патот.
Еве како изгледа Гиола и патот до неа ;)

1.jpg

12.JPG
 
Член од
15 јули 2007
Мислења
791
Поени од реакции
218
Мислија, во нaчaлото нa месец Мaрт дa посетја Тaсос, кaто сум во селцето Skala Prinou. Сaкaм некој дa ми кaже, кaко сa цените во ресторaнтите и нa aвтобусите между грaдовете!?
 
Член од
5 ноември 2012
Мислења
2.527
Поени од реакции
5.718
Кафе, сок 2 до 2,5 евра, пиво 3 евра, сладолед 1 до 2, коктели 5 евра. Гиро, суфлаки 2-2,5 евра за сендвич , до 5 евра во порција со пијалок. Комплетен оброк во ресторан ( со салати, морско, десерти, кафе, пијалок ) од 8 евра па нагоре...Рент а кар, мислам окулу 25-30 евра
 

Kajgana Shop

На врв Bottom