Абе.. сеа читам 2000 денари од Охрид до Скопје.. а ние му се јавивме на еден „пријател“ да дајт некоја цена за поефтино... за другарствово де, да цутит. И тој штрумфот 4 иљадарки ни побара.
Сеа не знам дал оај е удрен по гла или вие, ама не е на арно. :uvo:
Инаку, најубо ви рече итар пејо, градов се поминвит од еден крај до друг за ногу малку време, добро не петнајс минути, ама четири-пеестина минути сигурно, а некој населби во Скопје дур ги ифцапаш два сати ќе те фатит.
Аку не знајте како да стигните до местото кај шо требит, прашајте некого, нема да ве испратит Свирипичино сигурно. Јас лично зеам такси само ко ќе каснам, мада истото е, дур дојт, дур ме однесит, пешки ќе си одам. А за на плажа, имат комбиња скоро до сите плажи, за убај цени.
И шојмат врска полицијава со таксистиве? Приватни компании се, колку сакет - толку может да земет. Е сеа, не им се исплаќат ногу да дерет зш ќе губет муштерии, ама на лето не се знајт ни во кое такси влегвиш, ни од кое излегвиш. Ам ај сеа, нек ојт полицијава по продавници и нек им викат да ги намалет производиве, или по кафичиве нек одет да им речет поубо кафе да прает.
Ам така де.