- Член од
- 17 октомври 2011
- Мислења
- 13.790
- Поени од реакции
- 33.593
Неделава што измина сите не потресе трагедијата со пожарот во болницата во Тетово. Затоа овој осми showdown го посветувам на сите филмови снимени според вистински настан кој завршил трагично. Ги бираме најдобрите 30 такви: со природни катастрофи, трагедии во кои човекот е фактор, познати убиства, самоубиства, настани кои потресуваат, а кои навистина се случиле... Можете да одберете 10 филма, сеедно дали играни, кратки, документарни, само да се на тема:
ТРАГИЧНА ВИСТИНСКА ПРИКАЗНА
Правилата:
Одберете минимум 1, а максимум 10 филмови (може и повеќе, зашто ако нема доволно предложени, ќе бидат земени предвид и останатите после десеттиот) филмови во кои е екранизирана некоја трагедија која се има случено навистина, кои според вас се најдобри и запишете ги насловите во коментар подолу, еден под друг (без бројки пред филмовите).
Ако некој пред вас го пишал филмот кој и вие го сакате, напишете го пак, така има поголеми шанси да се најде на крајната листа.
Дозволени се филмови од било кој жанр, сеедно е дали се играни, документарни, анимирани, кратки, телевизиски... Се е дозволено, само да се BASED ON REAL-LIFE TRAGEDIES.
ТРАГИЧНА ВИСТИНСКА ПРИКАЗНА
Правилата:
Или пократко:-еднаш неделно ќе поставиме тема зададена од мене (секако, предлози во inbox ќе бидат добредојдени), во нова тема во подфорумов;
-секој член на Кајгана форумот може да постира наслов/и на минимум 1, а максимум 10 филма кои смета дека се најдобри, а одговараат на зададената тема;
-доколку некој пише наслов кој и вие сакате да го пишете, пишете го пак - колку повеќе пати е спомнат филмот тука, толку се поголеми шансите да се најде на финалната листа;
-по истекот на времето за предлози, јас ќе ги соберам сите ваши листи и ќе направам една, конечна листа која ќе биде објавена и во почетното мислење на темата, и во крајното, и дополнително, ќе биде направена и листа на Letterboxd за поголема прегледност;
-целта е да направиме листи на филмови на одредени теми, жанрови, со одредени актери, режисери или било какви други нешта кои ги поврзуваат, за кога некој ќе побара некаков предлог, да може лесно да најде;
-бројот на филмови кои ќе се најдат на крајната листа зависи само од вас: првично замислив да бидат исто како на LB - 20, но ако има голем интерес и многу спомнати наслови, може и да го зголемиме бројот;
-истото е и со правилата - од почеток сите спомнати 10 филма во секоја од вашите листи ќе бидат еднакви (еден mention = еден бод). Доколку на крај повеќе филмови имаат ист број бодови, во листата ќе влезат оние кои имаат повисока оценка на Letterboxd (зашто нели ова е инспирирано од таму). Понатаму, можеби ќе треба да го модифицираме процесот и да ги бодуваме филмовите, но се надевам дека нема да има потреба за тоа, зашто така ќе има ем повеќе работа за мене, ем ќе биде се покомплицирано.