Колку две различни полувремиња, и мора да се признае ептен лоша кошарка. Прво полувреме Фенер едно време имаше 6-16, за на полувреме да се отиде со 44-28. Второ полувреме дефанзивна клиника од Фенер и најголемиот очобол сезонава од Пао. Богдановиќ ги изрешета, 23 поени, во ептен јака форма е во последно. Навистина незнам како можеа Пао да си дозволат такво второ полувреме и тоа на домашен терен само 16 поени, ОЧОБОЛ. И да изедначат на 1-1, не ми се верува дека имаат шанси за брејк во Истанбул, ептен беа лоши сезонава на гостувањата, мада ајде сепак да видиме, кошарка е.
ЦСКА - Баскониа беше ептен добра утакмица, од -12 на четвртина до крај, Ларкин се поремети и постигна 15 коша во последната четвртина. 88-90 беше и Тео постигна 3ка, до крај не успеа да постигне Баскониа кош, ептен лошо одиграа последните напади.