- Член од
- 1 септември 2014
- Мислења
- 5.155
- Поени од реакции
- 7.858
Уште 9 дена до почетокот на новата сезона во Евролига. Овогодинешното натпреварување ќе трае од 13 октомври до 7 април, затворајќи го циклусот од 30 натпревари кои ќе ги изигра секоја екипа.
Новиот формат на натпреварување носи промена во однос на изминатите 16 сезони кога екипите беа поделени во групи, па поминуваа во топ16, подоцна и топ8. Овој пат, сите екипи играат меѓусебно 2 натпревари и најдобрите 8 екипи поминуваат во плејоф. Вкрстувањето ќе оди по класичен принцип, најдобро пласираниот со осмиот, вториот со седмиот итн, во серии од 3 добиени натпревари. Победниците од четирите парови ќе обезбедат учество на Фајнл Фор турнирот кој оваа година ќе се одржи во Истанбул, од 19 до 21 мај.
Анадолу Ефес (Турција)
Како и вообичаено, силна екипа на Ефес и овој пат. Засилени со Дешон Томас (екс Барса), Ален Омиќ и Тајлер Ханикат, како и Брајс Котон ( Мемфис) и останувањето на јадрото на екипата ги прави сериозна екипа која би требало да избори место во најдобрите 8. На клупата овој пат седи Велимир Перасовиќ, искусен и добар тренер кој би требало да претставува дополнителна опасност за конкурентите.
Баскониа (Шпанија)
Екс Лаборал Куча/Тау Керамика, со ново име годинава, после минатата одлична сезона во која ги надминаа сите очекувања, влегуваат со изменет состав во нов пласман на Ф4. Дариус Адамс кој беше алфа и омега во екипата замина за Кина, а донесени се Џош Акојон, Шејн Ларкин (Бруклин) и Родриг Бубоа од Стразбур како појачувања на бековските позиции. Уште една битна алка од тимот, Бурусис, отиде во Панатинаикос и ослободи место за доаѓањето на Барњани кој е кошаркарски мртовец во последниве години да се пронајде себеси во Виториа. Незгодна екипа во глобала, која може да замрси многу сметки на условно кажано фаворитите.
Бросе Бамбер Баскетс (Германија)
Најпријатното изненадување за минатата сезона според мене, одлична компактна екипа предводена од Андреа Тринкиери, одличниот стратег кој и сезонава ќе седи на клупата на актуелниот германски шампион. Основата на екипата остана на своето место, што е најбитно за ваквите екипи, иако како по обичај главниот играч замина во посилна и побогата екипа ( Ванамејкер во Дарушафака). Се засилија со Фабиан Козер, одличниот Французин од Лаборал Куча и искусниот Веременко кој дојде од Реџо Емилија. Лани играа одлично, посебно на домашен терен, и годинава предвидувам да се непредвидлива и незгодна екипа.
Црвена Ѕвезда (Србија)
После ланската одлична сезона, белградската екипа влегува во новата сезона со видно ослабен состав, губејќи ги главните играчи и непотпишувајќи ниедно вистинско засилување. Дојдоа непосакувани играчи од други Евролигашки екипи ,Џенкинс повторно се враќа во Белград после неуспешната сезона во Армани Милано, Милко Бјелица после 15 години се враќа во клубот од каде што изникна како и Кузмиќ кој беше избркан од ПАО. Другиот дел од екипата, освен Јовиќ и Митровиќ, е на многу ниско ниво според квалитетот и искуството, правејќи ја оваа екипа доволна за АБА лигата, но далеку од квалитетот потребен за најсилното кошаркарско натпреварување во Европа. Доколку не се засилат позначајно, очекувам борба за да не се на дното.
ЦСКА Москва (Русија)
Актуелниот шампион на натпреварувањето не претрпе поголеми промени, освен доаѓањето на Аугустин од Химки и Џеф Ајрес од Д-Лигата. Конечно го тргнаа проклетството од себе, после долги години триумфираа на ланскиот Ф4, и влегуваат во сезоната со помалку притисок. Повторно кандидати за првата позиција, како и секогаш.
Дарушафака Догуш (Турција)
Лани имаа многу пари, годинава уште повеќе. Го вратија Блат од НБА во нивните редови, и годинава атакуваат на највисок пласман со огромниот буџет кој им е на располагање. Го исчистија ѓубрето од ланската екипа, а ги потпишаа Ванамејкер, Џејмс Андерсон, Клајбурн, Даирис Бертанс, и Моерман после одличната сезона во Банвит. Добра екипа, со одличен тренер, би требало без проблем да обезбедат некоја од првите 8 позиции.
Емпорио Армани (Италија)
Јасмин Репеша и сезонава остана на чело на клубот од Милано, осигурувајќи си го договорот со ланската шампионска титула во домашното првенство. Со многу повеќе амбиции и пари влегува тимот во сезонава, што се одразеше и на играчкиот кадар. Костурот на добри играчи од лани остана ( Џентиле, Чинчарини, Симон, Меклин, Сандерс, Мачван, Калниетис) дополнети со одличните потписи на Зоран брат му на Горан Драгиќ, Радуљица, Рики Хикман и Давиде Пасколо после добрата ланска сезона во Тренто. Очекувам да се солидни сезонава, може да стигнат до плејоф со оглед на долгата клупа и сразмерниот квалитет кој го поседуваат, во секој случај подобра и поинтересна екипа од лани.
ФЦ Барселона (Шпанија)
Клубот конечно може да тргне напред, со тоа што се ослободи од неписмениот Пасквал и го донесе на негово место Барцокас од Локомотив Кубан. Склопија одлична екипа, ги пополнија дупките од лани со Тајрис Рајс, Виктор Клавер и Петери Копонен кои се враќаат од печалба во Русија. Одлична екипа која може многу да постигне, кандидат за Ф4 во секој случај ако ги заобиколат повредите.
Фенербахче (Турција)
Истанбулскиот гигант кој лани заврши како второпласиран, доаѓа уште покомплетен и поопасен во новиот циклус на мечеви. Ги задржаа сите носители на играта од лани, без оглед на притисокот од можни НБА трансфери на главните играчи, и се засилија со МВП-то на Палаканестро од лани, Џејмс Нанали. Веќе добро уигран и одлично компониран состав од страна на Обрадовиќ, сезонава спремни да одат и чекор понатаму.
Галатасарај (Турција)
Се е различно освен Атаман, Мицов и Шилб. Уште една одлична екипа од Турција, со многу нови играчи и доста поголем буџет од лани. Џастин Дентмон се враќа во Евролигата, Рас Смит е доведен од Д лигата, Деон Томпсон од Баерн, Прелџич од Дарушафака, двоецот на Ефес Диблер и Тајус, а Тибор Плајс се враќа во Европа после неуспешната епизода во Јута Џез. Многу нови играчи кои несомнено имаат квалитет, прашањето е кога и колку ќе успее да се уигра екипата со огромен број на нови имиња.
Макаби Тел Авив (Израел)
Еден од заштитните знаци на Евролигата, екипата од Тел Авив на голема врата се враќа по старите патеки во новата сезона. После неколку годишна пауза, направени се трансфери на одлични индивидуалци кои ако одлучат да играат како екипа, ќе бидат помеѓу главните фаворити за насловот. Ендру Гаудлок се враќа во Евролигата, Виктор Руд го напушти Њижњи за да се приклучи на двоецот од ланската Црвена Ѕвезда, Квинси Милер(кој е повреден) и Маик Цирбес. Колтон Ајверсон, ДЈ Сили, Гал Мекел се останатите членови во оваа нова екипа на Макаби, како и најзвучното засилување, Сони Вимс од кој се очекува да продолжи како што застана во ЦСКА.
Олимпијакос Пиреја (Грција)
Ростер како и лани, засилен со одличниот Кем Бирч и Ерик Грин. Традиционално силна и непресметлива екипа, која може неочекувано да заблеска во секој момент. Уште еднаш предводени од Спанулис и Принтезис, секогаш се некој кој е во игра за горните позиции.
Панатинаикос (Грција)
Зелените од Атина го изгубија долгогодишниот капитен и икона на клубот, Димитрис Дијамантидис, кој одлучи да ги закачи патиките на клин. Ник Калатес заедно со Мајк Џејмс останува да ги разигрува Бурусис, Крис Синглтон, Деметрис Николс и Кејси Риверс, кои им се приклучуваат на Гист, Фелдеин, Папас и Фоцис.
Реал Мадрид (Шпанија)
Кралскиот клуб е уште еден натпреварувач кој годинава останува без ''мозокот'' на екипата како и ПАО. Чачо Родригез замина за Филаделфија и е заменет (не)достојно од Донтеј Дрејпер кој повторно го облекува белиот дрес. Исклучително силната центарска линија е дополнително засилена со потписите на Ентони Рендолф од Кубан и Отело Хантер од Олимпијакос, но секако повторно многу се очекува од Љуљ и Фернандез, кои треба уште подобро да го предводат тимот.
Уникс Казан (Русија)
Во превод екипата на Кит Ленгфорд. Главен играч, страшен поентер кој сепак остана во екипата и сезонава, и овојпат со Колом, Кајмакоглу, Парахуски и Банич ќе игра во Евролигата после ланската рола во Еврокупот. Пашутин нема којзнае колку квалитетен состав на располагање, така да не очекувам да се прослават.
Жалгирис Каунас (Литванија)
Најдобриот литвански тим и сезонава е дел од елитното друштво, предводен од Јасикевичиус на клупата. Засилени на бековските позиции со Вестерман ( Лимож) и Пангос ( Гран Канарија), а Лима(Реал М) е новиот центар. Скромна екипа, со скромни амбиции и очекувања, иако се покажало дека може да го земат скалпот на далеку посилни екипи не се очекува да го водат главниот збор како во нивното славно минато.
Оваа сезона има и Фантази Евролига, направена е Кајгана лига, така да кој е за да се пресметаме, изволте
fantasychallenge.euroleague.net
Името на лигата Kajgana Forum ; password:kajganaforum