ТАВ ги презема аеродромите во Македонија

Член од
4 јули 2008
Мислења
6.134
Поени од реакции
1.896
BTW магаренцето

Во ваков и слични автомобили се вози средната каласа во Македонија.
 
Член од
29 јули 2005
Мислења
2.973
Поени од реакции
178
Абе сега Wizzair ви е крив што средната класа во Македонија вози опел корса стара 15 години?! :pop:
 

|Volkswagen|

Тастатурата е посилна од мечот!
Член од
21 јули 2009
Мислења
2.725
Поени од реакции
892
Не го сфатив муабетот со магаренцето и Опелот во темава ама ајде...

Иначе се супер овие Whizz Air слушам за нив веќе долго време...само бе Лондон?! Пак ми треба виза за таму...ај Париз...Мадрид...Виена...Берлин...кај им текна Лондон...
 
Член од
28 јули 2008
Мислења
10.785
Поени од реакции
3.523
Па со изградбата на новиот терминал во октомври планираат и летови по тие цени за Франфкурт, Барселона и Париз. Такада ќе има добри времиња.
 

smole

Ѕверотилук
Член од
26 јануари 2007
Мислења
1.693
Поени од реакции
287
35 према Лондон и 55 према Скопје + багаж (и парче рачен и еден куфер да речеме) + 60 евра (од ракав) +брз бординг 10 евра да речеме = 160 евра, епа не биле 35 (така се лаже народ). Не дека имам нешто против Визер али не е ок така лажно да се рекламира нешто.

Добра е одлуката за Франкфурт - многу конекции има, исто треба и за Минхен пошто и од таму идат мноогу летови а и јак и ефтин шопинг има , Цирих (знам дека има ама не се ефтини), за Париз ок, за Барселона незнам баш, Берлин и Италија (Рим и Милано) и таманка сме.

Али автобус до аеродром мора П О Д Х И Т Н О да се среди, со карта до 120 денари. Срамота е да нема јавен превоз до аеродром, сегде у Европа тоа е средена барем со бус и воз.

Околу штипскиот карго аеродром, срамота е да градиш товарен аеродром а да немаш автопат и воз (немора дупли шини ај нека бидат единечни) од Штип до Струмица а и Гевгелиско од каде што и впрочен ќе доаѓа најголем дел од товарот.

Малце оф топик али дефинитивно мора да се среди Коридорот 8 со автопат и пруга од Бугарија до Албанија и истото да се направи од Струмица до Велес. Ах да бев на власт, тоа ќе ми беше меѓу топ 3 приоритетите. Да се надеваме дека сево ова е во план!
 
Член од
29 јули 2005
Мислења
2.973
Поени од реакции
178
Да речеме картата е 35 евра, до 2 правци тоа се 70 евра. 5 евра преку картица(виза, мастерд) ако плаќаш и 15 евра за багаж до 32 КИЛОГРАМИ. До 2 правца тоа се 30 евра. Значи се на се 105 евра јас незнам кај ги најде 160 евра...30 евра за куфер се плаќа во еден правец ако решиш кога ќе се чекираш, а ако на интернет ја купуваш картата ондак е 15 од правец. Еве нека не бидат 105 нека бидат 120 евра. Најважно е што багажот е до 32кг, повеќето нормални авиокомпании дозволуваат околу 23кг :)
 
Член од
29 јануари 2008
Мислења
821
Поени од реакции
410
Па со изградбата на новиот терминал во октомври планираат и летови по тие цени за Франфкурт, Барселона и Париз. Такада ќе има добри времиња.
Точно.. Секаде во Европа WIZZ AIR и останатите нискобуџетни компании летат во градови со помали аеродроми кои се истотака поврзани не повеќе од 100 км од големите европски метрополи или во случај аеродромот да има два или повеќе терминала..сето тоа е со цел да платат помалку трошоци и помали такси за летот кој го имаат (не може Виз Ер и Ер Франс да плака иста такса)... така што за нискобуџетните е резервиран помалиот терминал т.е. во нашиот случај постариот. исто е и во Бугарија (СОфија) кој има летано со нискобуџетни компании лета преку терминал 1 тоа е стариот терминал. додека Терминал 2 (новиот) е резервран за Големите компании...така да тоа е една од причините што до сега немавме нискобуџетни авио компании да се надеваме дека со отварањето на новиот терминал стариот ќе го заземат нискобуџетните и ќе се зголеми флотата на летови кон повеќето европски метрополи..
 
Член од
30 август 2008
Мислења
2.232
Поени од реакции
286
ТАВ го гради Александар Велики со полна пареа

16.07.2010 - 18:01 |


ТАВ го гради Александар Велики со полна пареа. Сител ја доби екслузивната можност одблиску да регистрира како се одвиваат работите на најголемиот македонски аеродром.

Турците се задоволни, велат дека се тече според плановите. Засега, ја привршуваат новата противпожарна зграда. Се гради според сите меѓународни стандарди на најповолната и најблиска позиција до пистата.
Кога ќе биде готов новиот терминал ќе изгледа вака. Во моментов главните градежни активности се точно тука. Ќе биде десет пати поголем од сегашниот. Ќе има шест патнички моста од каде автобусите ќе ги земаат патниците за да ги однесат до авионот. Внатре ќе има продавници, фри шопови, ресторани и дури 23 места за чекирање наместо сегашните 8. Позади новиот терминал ќе се гради паркинг за 1.200 возила и од него ќе се излегува директно на автопатот.
Според договорот, Александар Велики ќе биде готов до крајот на идната година.
ТАВ почна со работа пред два месеци и велат дека се тече според планот. Интензивните градежни работи не пречат во одвивањето на авиосообраќајот. Напротив во јуни регистрирале за 17% повеќе патници во однос на истиот месец лани. А за 15 дена од овој месец зголемувањето е за 11%.

http://www.sitel.com.mk/dnevnik/biznis/tav-go-gradi-aleksandar-veliki-so-polna-parea

Видео
 

Шота Буби

нотар
Член од
4 март 2009
Мислења
3.087
Поени од реакции
1.780
ТАВ го гради Александар Велики со полна пареа

16.07.2010 - 18:01 |

ТАВ го гради Александар Велики со полна пареа. Сител ја доби екслузивната можност одблиску да регистрира како се одвиваат работите на најголемиот македонски аеродром.

Турците се задоволни, велат дека се тече според плановите. Засега, ја привршуваат новата противпожарна зграда. Се гради според сите меѓународни стандарди на најповолната и најблиска позиција до пистата.
Кога ќе биде готов новиот терминал ќе изгледа вака. Во моментов главните градежни активности се точно тука. Ќе биде десет пати поголем од сегашниот. Ќе има шест патнички моста од каде автобусите ќе ги земаат патниците за да ги однесат до авионот. Внатре ќе има продавници, фри шопови, ресторани и дури 23 места за чекирање наместо сегашните 8. Позади новиот терминал ќе се гради паркинг за 1.200 возила и од него ќе се излегува директно на автопатот.
Според договорот, Александар Велики ќе биде готов до крајот на идната година.
ТАВ почна со работа пред два месеци и велат дека се тече според планот. Интензивните градежни работи не пречат во одвивањето на авиосообраќајот. Напротив во јуни регистрирале за 17% повеќе патници во однос на истиот месец лани. А за 15 дена од овој месец зголемувањето е за 11%.

http://www.sitel.com.mk/dnevnik/biznis/tav-go-gradi-aleksandar-veliki-so-polna-parea

Видео
си се збркал малку,ова ти е од пред една година
 
Член од
30 август 2008
Мислења
2.232
Поени од реакции
286
Евтините авиони почнаа да слетуваат на Александар Велики

19.08.2011 - 19:32 |
За триесетина евра со авион до повеќе европски дестинации. Евтините авиони почнаа да слетуваат на Александар Велики.

По Венеција, Анкона, Виена и Дизелдорф со евтин билет од денеска и за Истанбул и Измир. Министрите за транспорт и врски на Македонија и Турција денеска потпишаа и спогодба за редовен воздушен сообраќај, при што се очекува да се зголеми фрекфенцијата на туристи кон двете држави.
Спогодбата, според Јанакиески, ќе придонесе кон пониски и далеку поконкурентни цени на пазарот. Ќе се избегнат дискиминаторските и скапи тарифи при што нема да има потреба од согласност или одобрување од другата договорна страна.
Јанакиески додаде дека Аеродромот Александар Велики со кој стопанисува турската компанија ТАВ со новиот изглед и квалитетна услуга ќе предизвика интерес и кај други компании, а истиот ќе бил завршен и пред предвидениот рок.

http://sitel.com.mk/dnevnik/biznis/evtinite-avioni-pochnaa-da-sletuvaat-na-aleksandar-veliki
--- надополнето: Aug 19, 2011 7:02 PM ---
си се збркал малку,ова ти е од пред една година
Po greska imav postirano..
 
Член од
30 август 2008
Мислења
2.232
Поени од реакции
286
Сертач Хајбат, претседател и главен извршен директор на Пегасус ерлајнс

Од Скопје сега може да се лета за само 29,99 евра за Турција!

23 август 2011


Кога на компаниите им е потребно да летаат, бидејќи треба да продолжат со бизнисот, тие летаат економично. Кога има економска криза, побарувачката за нискотарифни летови се зголемува. Се разбира, трпиме од високите цени на горивото, но ги спроведуваме сите мерки да ја намалиме потрошувачката

Сите земји од регионот најавуваат дека ќе ги направат нивните национални аеродроми регионални воздухопловни центри, така и Македонија, што значи дека конкуренцијата се повеќе ќе се заострува. Гледате ли шанси Скопје да победи во таа конкурентска битка?

- Овде имате многу интересен развој. Но, мислам дека аердромите мора да бидат поконкурентни за да привлечат сообраќај. Знам дека се гради нов терминал кој ќе се отвори во септември, но ако Македонците сакаат да привлечат авиокомпании на скопскиот аеродром, мора да ги држат цените ниски, најниско што може, сообраќајот да се одвива што полесно и непречено и тогаш ќе има развој. Само треба да сте конкуретни.
Кои летови им ги нудите на македонските патници во моментов и што ќе нудите во иднина?
- Сега нудиме два лета од Измир до Скопје и три лета неделно од Истанбул до Скопје. Цената што ја нудиме е неверојатна - 29,99 евра. Може во иднина ќе треба да ја покачиме! Тоа е многу добра цена. Мој пријател тукушто допатува во Скопје од Истанбул со друга авиокомпанија и плати 300 евра за карта во еден правец. Како што гледате, цената е многу атрактивна и веруваме дека со летовите на Пегасус економските врски меѓу двете земји ќе се развијат многу брзо.
"Александар Велики" е првиот аеродром на којшто влеговте во регионот. Дали ќе го користите Скопје како станица за поврзани летови до Европа и Средниот Исток?
- На нашите патници од Скопје ќе им понудиме поврзани летови до дестинации на Средниот Исток, Русија и, се разбира, до сите градови во Турција. Многу добро сме распространети во земјата, летаме до преку дваесет градови во Турција.
Вие сте првата нискобуџетна авиокомпанија во Турција. Како се справувате со економската криза?
- Па, имавме криза и во 2008 г. И тоа што тогаш го видовме беше дека кога има економска криза, сите компании, семејства, поединци се обидуваат да ги намалат своите трошоци. Но, кога на компаниите им е потребно нивните вработени да летаат, бидејќи треба да продолжат со бизнисот, тие летаат економично. Кога има економска криза, побарувачката за нискотарифни летови се зголемува. Се разбира, трпиме од високите цени на горивото, но ги спроведуваме сите мерки да ја намалиме потрошувачката на гориво. Имаме многу економични авиони, флота од триесет и девет авиони и повеќето од нив се боинг 737800", најекономичниот авион од средна големина. Но, и покрај тоа, се бориме да ја намалиме потрошувачката на гориво. Тоа е единствениот начин да се справиме со овој проблем. Секако, како и сите други, и ние ја плаќаме истата цена на гориво.
Филип Момировски




МРЕЖАТА НА ЛЕТОВИ НА АВИОКОМПАНИЈАТА "ПЕГАСУС" СЕ ШИРИ НА БАЛКАНОТ
"Пегасус ерлајнс" ги започна своите летови Истанбул - Измир - Истанбул на 15 август 2011 година. Првиот лет на "Пегасус" на релација Истанбул - Скопје - Истанбул беше на 15 август, а на 16 август и летот на релација Измир - Скопје - Измир. Промоцијата на влезот на турскиот нискотарифен авиопревозник се одржа на 19 август со свечената ифтар вечера во хотелот "Александар палас" во Скопје. На вечерата, на која се обрати претседателот на Управниот одбор на "Пегасус ерлајнс", Али Сабанџи, присуствува министрите за транспорт на Македонија, Миле Јанакиески и на Турција, Бинали Јилдирим.
Според "Сабанџи Пегасус" планира да ги прошири авио линиите кои преку Скопје кон Европа, Русија и Средниот Исток.
- "Пегасус" е единствена авиокомпанија во регионот со која патувањето со авион повеќе не е луксуз. Во Турција авионите на компанијата летаат до 19 дестинации, а во странство до 28 дестинации. Во 2010 година со "Пегасус" летаа околу 11,6 милиони патници. Скопскиот аеродром е првата точка преку која влегуваат на Балканот.
Во периодот меѓу 2006 и 2010 година внатрешниот авионски сообраќај во Турција пораснал за 42 отсто, а надворешниот за 26 отсто.
Билетите за "Пегасус" за двете дестинации од Скопје се продаваат по 29,99 евра во една насока. Повратните летови од скопскиот аеродром до Измир се во понеделник и во петок, а до Истанбул во вторник, четврток и недела.
Детални информации за летовите и билетите за "Пегасус" можат да се добијат на интернетската страница flypgs.com.
"Пегасус" во воздухопловниот сектор во Турција за прв пат влегува во 1990 година. Компанијата е основана од страна на денес доста популарните членови на семејството Сабанџи. Покрај секторот воздухопловство оваа компанија е една од најуспешните во секторот производство и трговија за прехранбени продукти и секторот здравство.
Претседател на Управниот одбор на "Пегасус" е Али Сабанџи, а Сертач Хајбат е генерален директор. Домашните летови компанијата ги започна на 1 ноември 2005 година.
"Пегасус" во Турција прва го воведе таканаречениот модел на ниска цена", а за своја база го избра аеродромот "Сабиха Гокчен" во Истанбул.

"Пегасус" вложува многу во најновите технологии со цел да ја зголеми безбедноста на патниците. Компанијата има годишни приходи од 22.3 милиони долари.

Сопственикот на "Пегасус" во април 2009 година стана најголем акционер на германската авиокомпанија Берлин ерлајнс преку купување на акциите од вкупно 16.48 % проценти.

http://www.vecer.com.mk/?ItemID=AE15208A09D55A44AD829058C2DADF70
 

RTM

Член од
4 септември 2008
Мислења
826
Поени од реакции
200
Da be, bile prvata aviomompanija vo regionot so koja ne e luksus da se leta. A shto pravim so Ryanair, EasyJet, Wizzair i drugi slichni?
I ne e vistina deka preko Skopje Pegasus za prv pat idat i na Balkanot. Otdamna letat do Atina, a od 2 godini-i do Sofija.
 
Член од
29 јули 2005
Мислења
2.973
Поени од реакции
178
Првиот „Бургер Кинг“ ресторан ќе се отвори на 30 август на скопскиот аеродром





ТАБ „Фудс,“ турска комапнија сопственик на мастер франшиза за „Бургер Кинг,“ „Попај‘с,“ „Сбаро“ и „Арби‘с,“ кој оперира ланес од 500 ресторани во Турција, планира ширење и на Балканот.


- Ќе го отвориме нашиот прв ресторан на скопскиот аеродром на 30 август, а уште три нови „Бургер Кинг“ ресторани ќе се отворат во Македонија до крајот на годината – изјави Канер Дикичи, генералниот менаџер на ТАБ „Фудс,“ на прес конференција во Истанбул.


Тој додаде дека глобалните менаџери на „Бургер Кинг“ имаат доверба во ТАБ „Фудс“ со оглед на искуството на компанијата во Турција и преферираат партнерство со неа за да се пробијат на новите пазари на балканските земји.


ТАБ „Фудс“ планира да отвори околу 1.100 ресторани во Турција до 2015 година, рече Дикичи, додавајќи дека компанијата во моментов вработува околу 8.000 лица.


Во сега оперира 561 ресторан во Турција од своите 4 брендови за кои има франшиза, а до крајот на годината оваа бројка треба да се зголеми на 620.


Компанијата оствари приходи од 438 милиони турски лири (170,5 милиони евра) во првата половина од годината, а планира да ја достигне сумата од 1 милијарда лири (389 милиони евра) за целата година.


ТАБ „Фудс“ се подготвува да создаде свои локални турски бренодви на храна во своите ресторани, а покрај на Балканот, се шири и на Кавказот преку отворање на ресторани во главниот град на Џорџија, Тбилиси.
http://www.time.mk/read/NONE/151899b85c/index.html
 

Kajgana Shop

На врв Bottom