Сертач Хајбат, претседател и главен извршен директор на Пегасус ерлајнс
Од Скопје сега може да се лета за само 29,99 евра за Турција!
23 август 2011
Кога на компаниите им е потребно да летаат, бидејќи треба да продолжат со бизнисот, тие летаат економично. Кога има економска криза, побарувачката за нискотарифни летови се зголемува. Се разбира, трпиме од високите цени на горивото, но ги спроведуваме сите мерки да ја намалиме потрошувачката
Сите земји од регионот најавуваат дека ќе ги направат нивните национални аеродроми регионални воздухопловни центри, така и Македонија, што значи дека конкуренцијата се повеќе ќе се заострува. Гледате ли шанси Скопје да победи во таа конкурентска битка?
- Овде имате многу интересен развој. Но, мислам дека аердромите мора да бидат поконкурентни за да привлечат сообраќај. Знам дека се гради нов терминал кој ќе се отвори во септември, но ако Македонците сакаат да привлечат авиокомпании на скопскиот аеродром, мора да ги држат цените ниски, најниско што може, сообраќајот да се одвива што полесно и непречено и тогаш ќе има развој. Само треба да сте конкуретни.
Кои летови им ги нудите на македонските патници во моментов и што ќе нудите во иднина?
- Сега нудиме два лета од Измир до Скопје и три лета неделно од Истанбул до Скопје. Цената што ја нудиме е неверојатна - 29,99 евра. Може во иднина ќе треба да ја покачиме! Тоа е многу добра цена. Мој пријател тукушто допатува во Скопје од Истанбул со друга авиокомпанија и плати 300 евра за карта во еден правец. Како што гледате, цената е многу атрактивна и веруваме дека со летовите на Пегасус економските врски меѓу двете земји ќе се развијат многу брзо.
"Александар Велики" е првиот аеродром на којшто влеговте во регионот. Дали ќе го користите Скопје како станица за поврзани летови до Европа и Средниот Исток?
- На нашите патници од Скопје ќе им понудиме поврзани летови до дестинации на Средниот Исток, Русија и, се разбира, до сите градови во Турција. Многу добро сме распространети во земјата, летаме до преку дваесет градови во Турција.
Вие сте првата нискобуџетна авиокомпанија во Турција. Како се справувате со економската криза?
- Па, имавме криза и во 2008 г. И тоа што тогаш го видовме беше дека кога има економска криза, сите компании, семејства, поединци се обидуваат да ги намалат своите трошоци. Но, кога на компаниите им е потребно нивните вработени да летаат, бидејќи треба да продолжат со бизнисот, тие летаат економично. Кога има економска криза, побарувачката за нискотарифни летови се зголемува. Се разбира, трпиме од високите цени на горивото, но ги спроведуваме сите мерки да ја намалиме потрошувачката на гориво. Имаме многу економични авиони, флота од триесет и девет авиони и повеќето од нив се боинг 737800", најекономичниот авион од средна големина. Но, и покрај тоа, се бориме да ја намалиме потрошувачката на гориво. Тоа е единствениот начин да се справиме со овој проблем. Секако, како и сите други, и ние ја плаќаме истата цена на гориво.
Филип Момировски
МРЕЖАТА НА ЛЕТОВИ НА АВИОКОМПАНИЈАТА "ПЕГАСУС" СЕ ШИРИ НА БАЛКАНОТ
"Пегасус ерлајнс" ги започна своите летови Истанбул - Измир - Истанбул на 15 август 2011 година. Првиот лет на "Пегасус" на релација Истанбул - Скопје - Истанбул беше на 15 август, а на 16 август и летот на релација Измир - Скопје - Измир. Промоцијата на влезот на турскиот нискотарифен авиопревозник се одржа на 19 август со свечената ифтар вечера во хотелот "Александар палас" во Скопје. На вечерата, на која се обрати претседателот на Управниот одбор на "Пегасус ерлајнс", Али Сабанџи, присуствува министрите за транспорт на Македонија, Миле Јанакиески и на Турција, Бинали Јилдирим.
Според "Сабанџи Пегасус" планира да ги прошири авио линиите кои преку Скопје кон Европа, Русија и Средниот Исток.
- "Пегасус" е единствена авиокомпанија во регионот со која патувањето со авион повеќе не е луксуз. Во Турција авионите на компанијата летаат до 19 дестинации, а во странство до 28 дестинации. Во 2010 година со "Пегасус" летаа околу 11,6 милиони патници. Скопскиот аеродром е првата точка преку која влегуваат на Балканот.
Во периодот меѓу 2006 и 2010 година внатрешниот авионски сообраќај во Турција пораснал за 42 отсто, а надворешниот за 26 отсто.
Билетите за "Пегасус" за двете дестинации од Скопје се продаваат по 29,99 евра во една насока. Повратните летови од скопскиот аеродром до Измир се во понеделник и во петок, а до Истанбул во вторник, четврток и недела.
Детални информации за летовите и билетите за "Пегасус" можат да се добијат на интернетската страница flypgs.com.
"Пегасус" во воздухопловниот сектор во Турција за прв пат влегува во 1990 година. Компанијата е основана од страна на денес доста популарните членови на семејството Сабанџи. Покрај секторот воздухопловство оваа компанија е една од најуспешните во секторот производство и трговија за прехранбени продукти и секторот здравство.
Претседател на Управниот одбор на "Пегасус" е Али Сабанџи, а Сертач Хајбат е генерален директор. Домашните летови компанијата ги започна на 1 ноември 2005 година.
"Пегасус" во Турција прва го воведе таканаречениот модел на ниска цена", а за своја база го избра аеродромот "Сабиха Гокчен" во Истанбул.
"Пегасус" вложува многу во најновите технологии со цел да ја зголеми безбедноста на патниците. Компанијата има годишни приходи од 22.3 милиони долари.
Сопственикот на "Пегасус" во април 2009 година стана најголем акционер на германската авиокомпанија Берлин ерлајнс преку купување на акциите од вкупно 16.48 % проценти.
http://www.vecer.com.mk/?ItemID=AE15208A09D55A44AD829058C2DADF70