ТАВ ги презема аеродромите во Македонија

Член од
16 јули 2008
Мислења
1.858
Поени од реакции
1.034
Скопскиот аеродром ќе биде скоро дупло поголем од оние во Белград и Софија

Турскиот ТАВ ги реконструира македонските аеродроми



Едно од најголемите претпријатија во светот за работење со аеродроми, ТАВ ерпортс холдинг, инвестира 200 милиони евра во Македонија за реновирање на двата аеродроми во Скопје и во Охрид, и изградба на нов карго-аеродром во Штип.
ТАВ почна да управува со македонските аеродроми во март 2010 година по потпишувањето на 20-годишниот договор со владата. Според договореното, фирмата ќе ги задржи постојните 800 вработени во аеродромот во период од седум години и нема да ги скратува платите.
„Нашата цел е да го направиме Скопје популарен регионален центар користејќи ја поволната географска позиционираност“, рече за SETimes заменик генералниот директор на ТАВ Македонија, Алп Ер Тунга Ерсој. „Благодарение на оваа инвестиција, Македонија ќе има најсовремени аеродромски капацитети и скопскиот аеродром Александар Велики ќе биде еден од главните носители на економскиот раст во регионот.“
По реновирањата, кои треба да завршат во октомври, скопскиот аеродром ќе биде скоро дупло поголем од оние во Белград и Софија. Аеродромската писта се проширува за 500 метри за да ги прима авионите со широк труп за долгите летови.
Претпријатието е заинтересирано за скоро 10-милионската турска дијаспора. „Стратегијата на ТАВ е да пренасочи дел од овие патници на македонските аеродроми“, рече директорот за безбедност на скопскиот аеродром, Зоран Доревски, за SETimes.
Во моментов 18 носачи покриваат 24 дестинации од Скопје, а 15 носачи покриваат 15 дестинации од Охрид.
Ерсој не ја отфрли можноста Тркиш ерлајнс да формираат претпријатие во Македонија, зголемувајќи го бројот на директните летови за различни европски градови. Но, ТАВ, исто така, се обидува да привлече авио-превозници за да го формираат националниот македонски превозник, рече за SETimes директорот на ТАВ Македонија, Мурат Орнекол. „Ако не го имате тоа, транспортот е всушност блокиран“, рече Орнекол.
Авио-превозниците посочуваат на високата цена на бензинот во Македонија, како причина за повисоките цени на билетите.
Поради тоа, ТАВ планира да изгради неколку бензински пумпи, и сегашниот локален оператор-снабдувач на гориво Макпетрол може да се соочи со предизвик од рускиот Лукоил и грчката Окта.
„Горивото на Макпетрол има многу повисока цена во споредба со горивата надвор од Македонија, и треба да се преземат сериозни мерки за продолжување на нашиот работен век како македонско претпријатие“, изјави за SETimes менаџерот на Скајвингс, Ајам Џеровски.
Џеровски рече дека проблемите со кои се соочуваат авио-превозниците не се решени откако ТАВ ја презеде контролата. Сепак, додаде тој, има значителни подобрувања во услугите и аеродромскиот комфорт.
Сé на сé, патниците се возбудени. „Македонија одвреме навреме се соочува со патнички ембарга и транспортни тешкотии. Авио-превозот е решение за многу од нас што живееме во странство“, рече жителот на Рим, Владимир Атанасов (36), за SETimes

Атанасов објасни дека членовите на неговото семејство живеат во Рим, Белград и Скопје и тој ги посетува овие дестинации неколкупати годишно. „Белград нуди неверојатно ниски цени на билетите, кои изнесуваат и по 180 евра повратен билет во летната сезона. Се надевам дека ќе добијам вакви понуди и од Скопје“, рече тој.
Во тек се реновирања и на охридскиот аеродром „Свети Апостол Павле“, а плановите напредуваат и за карго-аеродромот Филип Втори во Штип.
„Ова е клучен проект во македонскиот воздушен транспорт, и ние очекуваме долгорочна корист, како и значително подобрени услуги“, рече министерот за транспорт, Миле Јанакиевски, за вториот проект.
Во меѓувреме, 11 милиони евра од целата инвестиција на ТАВ се пренасочени за изградба на нов воен авионски команден центар, хангари на воздухопловните сили и првото училиште за пилоти во земјата, рече министерот за одбрана, Зоран Коњановски, за SETimes.



http://www.setimes.com/cocoon/setimes/xhtml/mk/features/setimes/features/2011/02/09/feature-02
Е ова ми се свиѓа.

Скопскиот аеродром ќе биде скоро дупло поголем од оние во Белград и Софија

Како само убаво звучи.
 

Il Fenomeno

non mollare mai
Член од
14 март 2007
Мислења
3.226
Поени од реакции
707
Белград 2,5 милиони патници Софија 3,5 милиони(во Бугарија Варна и Бургас имат по 1-2 милиони патници)
Скопје моментално 500 илјади годишно.
Планират скок на 5 милиони ај да видиме и тоа чудо.
Според мене реално може над милион а да ги стигнат Софија и Белград тешко.
 

concrete

alte Esel
Член од
22 март 2005
Мислења
12.248
Поени од реакции
1.703
Белград 2,5 милиони патници Софија 3,5 милиони(во Бугарија Варна и Бургас имат по 1-2 милиони патници)
Скопје моментално 500 илјади годишно.
Планират скок на 5 милиони ај да видиме и тоа чудо.
Според мене реално може над милион а да ги стигнат Софија и Белград тешко.

5 milioni???? otvaraat mostobran za kineska invazija na Evropa????
 

Human

Explorer
Член од
10 октомври 2009
Мислења
12.429
Поени од реакции
5.111
Ќе биде добро да слетува и по некој Ербас 380...
 
Член од
29 јули 2005
Мислења
2.973
Поени од реакции
178
Мислам дека и пистата која ќе се продолжи за 500 метри нема да биде доволна за Airbus A380
 
П

Паспарту

Гостин
Патници се привлекуваат со евтини авионски карти, а не со 500 метри подолга писта. Додека не почнат да летаат такви компании од нашиот аеродром, нема теоретска шанса да се зголеми бројот на патници.
 

Фан на Интер

Rasturac na ZABAVI
Член од
26 јануари 2010
Мислења
612
Поени од реакции
22
Патници се привлекуваат со евтини авионски карти, а не со 500 метри подолга писта. Додека не почнат да летаат такви компании од нашиот аеродром, нема теоретска шанса да се зголеми бројот на патници.
Potpolno se soglasuvam so tebe
 
Член од
1 ноември 2008
Мислења
7.396
Поени од реакции
1.880
За да почнат такви компании какви што барате треба да им понудиш услови, а не аеродром кој повеќе наликува на автобуска станица од 68ма.
 
П

Паспарту

Гостин
За да почнат такви компании какви што барате треба да им понудиш услови, а не аеродром кој повеќе наликува на автобуска станица од 68ма.
Точно е ова. Сакав да кажам дека каков и да биде аеродромот, дури и поголем од оние во Њујорк и Лондон, доколку нема евтини авионски карти нема да врши (барем на нас) никаква работа. Поскапо е од Скопје до Франкфурт да патуваш, него ли од Франкфурт до Бразил. Нормално дека средувањето на аеродромот е првиот чекор, што е до мене јас цел би го урнал и нов би изградил, само кажувам на што треба да се насочат газдите после реконструирањето :)
 

concrete

alte Esel
Член од
22 март 2005
Мислења
12.248
Поени од реакции
1.703
Добро бе, како на познавачи на воздушните збиднувања веројатно ви е јасно дека во кофа со вода, колкава е Македонија, ТОРНАДО НЕ СЕ ПРАВИ!! За пет милиона патници треба ОКЕАН , а не кофа....:)
 

fmi

Член од
1 февруари 2007
Мислења
13.039
Поени од реакции
2.270
За да почнат такви компании какви што барате треба да им понудиш услови, а не аеродром кој повеќе наликува на автобуска станица од 68ма.
+ мора да им понудиш добра цена.
 
Член од
6 јануари 2010
Мислења
50
Поени од реакции
3
Скопскиот аеродром ќе биде скоро дупло поголем од оние во Белград и Софија


Премногу верувате на Турците!
Утката иде откак ви излагаха дека аеродромот ке биде за 6 милиона патници.

За споредба:
Софиjа /новиот Терминал 2/ - 50 000 кв.м.
Скопjе - 40 000 кв.м.

Софиjа - 8 air bridges
Скопjе - 6 аir bridges

Софиjа - инвестициjа 200 млн. евра
Скопjе - инвестициjа 140 млн евра

Софиjа - капацитет 2 милиона патници годишно
Скопjе - капацитет . . . . . . . . патници годишно /6 милиона?!?!?!:nenene:/

Софиjа - 3 300 000 патници за 2010г.
Скопjе - 500 000 патници за 2010г.

Инако тоа што се гради е добро за градот Скопjе и за цела Македониjа. Голем чекор напред.



 
П

Паспарту

Гостин
Скопје - Лондон, со авион за 35 евра



16.02.2011 17:45

Од Скопје до Лондон за 35 евра со авион. Една од најголемите европски нискобуџетни авиокомании „Виз - ер“ од јуни годинава, ќе почне да работи во Македонија.
Ќе лета за Лондон и назад три пати во неделата, а во цената од 35 евра за еден правец вклучени се сите такси и трошоци.
Раководството на Виз - ер размислува и за директни летови кон други европски дестинации. Како Франкфурт, Париз, Амстредам и Барселона.
„Скопје претставува една добра пазарна можност за една авиокомпанија како што е Виз - ер. Мислиме дека е пазар кој што нема доволно услуги, а тие што постојат се со висока цена. Видовме дека Македонија немаше некаква поврзаност со Велика Британија, односно со Лондон, а Лондон е најголемиот пазар за услуги и други туристички размени“, изјави Јозеф Варди, главен извршен директор на „Виз - ер“.




Превзмено од: http://a1.com.mk/vesti/default.aspx?VestID=134410




Ова им треба на македонските граѓани :)
 

THE_CHOSEN_ONE

1903-2012
Член од
13 август 2007
Мислења
3.724
Поени од реакции
1.333
Ќе гледам да најдам некоја богата Британка-пензионерка и ќе си го товарам магаренцето...
 

Kajgana Shop

На врв Bottom