ТАВ ги презема аеродромите во Македонија

Член од
30 август 2008
Мислења
2.232
Поени од реакции
286
ТАВ ги презема аеродромите во Македонија
01.03.2010 15:49


Аеродромите преминаа под турска контрола. Со мала свеченост, но со големи најави за инвестиции од денеска па во наредните 20 години групацијата ТАВ ја има одговорноста во управувањето со македонските авиопристаништа „Александар Велики“ во Скопје и „Свети Апостол Павле“ во Охрид.
„Горди сме да го реализираме овој процес кој е сериозен чекор за развој на воздухопловниот сектор на Македонија како центар во југоисточна Европа и Балканскиот регион“, изјави Мурат Оренкол-директор на ТАВ во Македонија.
„Денес ТАВ стана реалност во Македонија, денес почнува новата ера во воздухопловната сфера“, рече Миле Јанакиевски-министер за транспорт и врски.
Инвестицијата на ТАВ е тешка 200 милиони евра. Договорот за концесионерство предвидува комплетна модернизација на постоечките аеродроми со реновирање на старите и изградба на нови терминали, административни згради, писти, нова опрема. Обврска е и изградба на нов карго аеродром во Штип.
Според многумина ова е историски ден за македонското воздухопловство. Во услови кога државата не успеа да создаде квалитетен авиосообраќај сега таа обврска ја презема ТАВ компанија која работи на повеќе светски аеродроми. Патниците бараат поевтини авиобилети, директно поврзување со европските метрополи.
„Треба повеќе летови да има, јас сум од Охрид, жално е што стално патувам преку Скопје.
-Може да се каже дека се скапи, скапи се“, рекоа анкетираните граѓани.
Авиокомпаниите бараат подобри услови за работа на аеродромите.
„Со отворањето на аеродромот ќе се подобри квалитетот на сервисот за нашите патници“, вели Миодраг Лега, застапник на Чез Ерлајнс.
Турските менаџери сметаат дека е потребен национален авиопревозник иако власта смета дека таква операција е неисплатлива.
„Владата на транспарентен начин може да објави линии и да ги субвенционира врз основа на интересите на граѓаните на Република Македонија“, рече Зоран Крстевски - Агенција за цивилно воздухопловство.
ТАВ нема да ги менува имињата на македонските аеродроми. Во наредните 7 години менаџментот нема ниту да отпушта ниту пак да им крати плати на вработените.

http://www.a1.com.mk/vesti/default.aspx?VestID=120426



Слики од аеродромот Атататурк во Истанбул
http://www.ataturkairport.com/eng/

Оваа слика е намалена. Кликнете тука за ја видите во оригиналната големина, која изнесува 1024x768 и тежи 494KB.



Оваа слика е намалена. Кликнете тука за ја видите во оригиналната големина, која изнесува 1024x768 и тежи 656KB.


Оваа слика е намалена. Кликнете тука за ја видите во оригиналната големина, која изнесува 929x622 и тежи 355KB.


Оваа слика е намалена. Кликнете тука за ја видите во оригиналната големина, која изнесува 929x622 и тежи 356KB.

__________________
 
Член од
20 септември 2008
Мислења
12.759
Поени од реакции
9.882
Се надевам дека ќе биде нешто од проектов.. мислам дека ТАВ е сериозна компанија,од сериозна земја.
 

concrete

alte Esel
Член од
22 март 2005
Мислења
12.248
Поени од реакции
1.703
Добро сеа...ич не ми е јасно што ќе се направи сега со аеродромот...кога слушам дека во голема мера владата ќе го кредитира овој ТАБ во неговата Македонска инвестициона авантура....????? Нешто и најавувањата за 5 милиона патници годишно , некако многу ми личат на убав сон......лажовен:)
 

Richie_81mk

United 4life
Член од
4 март 2010
Мислења
173
Поени од реакции
3
Кој знае што ќе биде со аеродромов?
 
M

Mario Gómez

Гостин
Скопје!, Франфурт на балканот.:salut:
 

Human

Explorer
Член од
10 октомври 2009
Мислења
12.180
Поени од реакции
4.821
Се надевам дека ќе биди повеќе од Европски.
 
Член од
9 февруари 2010
Мислења
300
Поени од реакции
11
Добро сеа...ич не ми е јасно што ќе се направи сега со аеродромот...кога слушам дека во голема мера владата ќе го кредитира овој ТАБ во неговата Македонска инвестициона авантура....????? Нешто и најавувањата за 5 милиона патници годишно , некако многу ми личат на убав сон......лажовен:)

Sto zboruvas be:pos2:TAV ja kreditira Makedonija:helou:A ne vladata na Gvujo:pos2:

Ubo e ova,sukur sto dojdoa turcite,barem nie albancite ne ke treba da odime do Tirana za da patuvame nekade. Barem preku TAV ke patuvame direktno kade sto ke sakame..
 
Член од
30 август 2008
Мислења
2.232
Поени од реакции
286
ТАВ неделава започнува да реновира



23.3.2010



Турската компанија ТАВ неделава ќе го објави почетокот на обновата и модернизацијата на двата аеродрома во Македонија

Раководството на компанијата, која е новиот корисник на аеродромите во Скопје и во Охрид, е ангажирано за подготовката на свеченоста што беше најавена за средината на март. Терминот на почнување на градежните работи се усогласува со кабинетите на македонскиот премиер и високите претставници од турската влада, кои треба да присуствуваат на церемонијата, дознаваме од извори на компанијата.

Неколкукратното одложување на обновата на аеродромите беше дел од пратеничките прашања на вчерашната седница на македонскиот парламент.

Министерот за транспорт и врски Миле Јанакиески рече дека концесионерот ТАВ модернизацијата на скопскиот аеродром „Александар Велики“ треба да ја заврши најдоцна за 20 месеци, а за 12 месеци да го обнови охридскиот „Свети Апостол Павле“.

На аеродромот во Скопје модернизацијата опфаќа изградба на терминална зграда со површина од 40.000 квадратни метри, девет пати поголема од сегашната, за, како што рече Јанакиески, тој да може да стане регионален центар. Планирана е нова административна зграда, ќе се продолжи полетно-слетната патека за 500 метри, со што ќе се овозможи сите типови авиони да можат да слетуваат на аеродромот, ќе се изгради фитосанитарен дел, нови објекти за потребите на Армијата, нова клучка, дополнителен паркинг-простор.


http://www.novamakedonija.com.mk/NewsDetal.asp?vest=32310102634&id=9&setIzdanie=21941
 

MacedonianSun

herE I gO agaiN!
Член од
13 декември 2008
Мислења
1.111
Поени од реакции
33
Кај може да се најде проектот за модернизацијата на аеродромите или пак некои слики ?
 

ilija^veles

Nick Sloter
Член од
19 февруари 2009
Мислења
1.050
Поени од реакции
41
Добро сеа...ич не ми е јасно што ќе се направи сега со аеродромот...кога слушам дека во голема мера владата ќе го кредитира овој ТАБ во неговата Македонска инвестициона авантура....????? Нешто и најавувањата за 5 милиона патници годишно , некако многу ми личат на убав сон......лажовен:)
Аеродромите се дадени под концесија на 30 години(мислам) и во тој период ќе бидат управувани од Турски ТАВ, а во договорот за да ги добијат под концесија стои дека треба да ги реновираат 2та постоечки, и мислам дека тука спаѓа и да изградат нов карго аеродром во Штип, уште имало испитување или како таму, така да е одложено на подолго време.
Мислам дека турците се ангажираат за да доведат национална авиокомпанија(неам поима што е со МАТ) за да го остварат она што им е првично планирано да имаат како што викаш 5 милиони патници годишно(незнам дали е толку), и да биде водечки регионален аеродром.
 
Член од
30 август 2008
Мислења
2.232
Поени од реакции
286
МУРАТ ОРНЕКОЛ, ГЕНЕРАЛЕН ОПЕРАТИВЕН ДИРЕКТОР НА ТАВ

Скопскиот аеродром ќе биде центар во регионот

03/05/2010





Аеродромот „Александар Велики“ во Скопје да прерасне во регионален центар е целта на ТАВ во наредните 20 години во кои турската компанија ќе стопанисува со македонските аеродроми. Ова го изјави генералниот оперативен директор на „ТАВ холдинг“, Мурат Орнекол велејќи дека тоа нема да биде лесна задача. Македонските аеродроми имаат многу висока цена на горивото, а во земјава нема национален авиопревозник. Тој не сакаше многу да открива за финансирањето на проектот, ниту за динамиката на враќање на инвестицијата. Кажа само дека се при крај договорите со банките за затворање на финансиската конструкција од која досега се обезбедени 100 милиони евра вклучувајќи ги и трошоците за камати. Оперативниот директор на ТАВ вели дека од македонските аеродроми не очекува голема заработка. За 20 месеци, колку што е рокот за изградба и реконструкција на аеродромите во земјава, македонските патници ќе добијат големи и модерни терминални згради, проширена писта, подобра услуга, модерен „фришоп“, ресторани и кафетерии, зона за патници и мостови по кои ќе се движат за да чекираат билети, што ќе биде за првпат во Македонија. - Луѓето треба да знаат дека една од причините за скапите авионски билети е високата цена на горивото. Во однос на конкурентите, тоа е, навистина, голема разлика во цената. Повеќето од компаниите што летаат од тука веќе го имаат наполнето резервоарот за гориво доволно и за летот назад. Овде ништо не купуваат. ТАВ ќе направи се што е потребно за да ги намали трошоците што ги формираме, како што се аеродромските такси - вели Орнекол. Според него, не е лесно да се привлече една авиокомпанија, но ТАВ прави многу за да ги промовира македонските аеродроми на саемите на кои настапува. Орнекол уште еднаш повтори дека постои потреба од една национална авиокомпанија, која ќе добие дозвола од Владата и од воздухопловните власти. - Инвеститор може да биде Владата, ама колку што знам не е заинтересирана, или приватна компанија како што беше МАТ во минатото. Било да е приватна или да е државна за нас не се прави никаква разлика. Важно е да се дејствува брзо за да не може нашата конкуренција да добие повеќе. Ако Владата види дека нема заинтересирана компанија тоа значи дека треба да се смени нешто во законодавството. Но, јас слушнав дека има некои можности - вели Орнекол. Според него, добар знак е зголемувањето на бројот на патниците на аеродромите во земјава во последниве месеци од 10 до 12 проценти. Тој додава дека во секоја земја што е пред влез во меѓународните организации, како што се НАТО и Европската унија, се зголемува авиосообраќајот. - Пистата на скопскиот аеродром ќе ја прошириме за 500 метри, иако засега постојната е доволна. Се надеваме дека тука ќе има многу сообраќај, дека ќе доаѓаат големи авиони за кои ќе биде потребна поголема пистата, но тоа, според нашите процени, ќе се случи по пет - шест години - вели Орнекол. Тој најави дека за официјалното почнување на градежните работи се чека на доаѓањето на турскиот премиер, Реџеп Ердоган, кој изразил желба да присуствува на овој настан.


Нема субвенции без дозвола од ТАВ


Владата нема да може да субвенционира одредени авиолинии без согласност од ТАВ. Ова, според Мурат Орнекол, е дел од договорот за концесија на аеродромите. Владата прави измени во Законот за воздухопловство, според кои државата ќе може да субвенционира линии што се од јавен интерес, а за кои не мора да постои комерцијална исплатливост.
- Има одредени субвенции, кои ние ги прифативме, и се однесуваат на привлекување туристи во Охрид, но освен тоа нема други – вели Орнекол.


Ја заобиколивме Приштина


Извршниот директор на ТАВ, Мурат Орнекол смета дека скопскиот аеродром има поголеми потенцијали од приштинскиот, кој забрзано се развива во последниве години.
- Да сметавме дека приштинскиот аеродром вреди повеќе ќе бевме таму, а ние не ни учествувавме на јавниот оглас за аеродромот на Косово. Тука сме зашто веруваме во Македонија – изјави Орнекол.
http://www.vreme.com.mk/DesktopDefault.aspx?tabindex=3&tabid=1&EditionID=2010&ArticleID=139840
 

oon

Член од
3 ноември 2008
Мислења
2.815
Поени од реакции
1.088
Скопскиот аеродром Александар Велики и охридскиот Св. Апостол Павле конечно се најдоа на веб сајтот на концесионерот – турски ТАВ. На сајтот се презентирани попрецизни информации за обемот на работите кои претстојат на двата македонски аеродроми. На Александар Велики треба да никне нова терминална зграда од 40.000 метри квадратни (осумпати поголема од постечката), со 6 „мостови“ за влез и излез на патници од авионите и со капацитет за 6 милиони патници годишно. Пистата ќе добие дополнителна површина од 38.100 метри квадратни, односно ќе се продолжи за 500 метри (од 2,5 на 3 километри), а ќе биде изградена и нова платформа за воздухопловите со големина од 25.000 квадрати. Ќе бидат изградени сообраќајници и клучки со површина од 44.400 и паркинг простор од 42.500 метри квадратни. Исто така ТАВ ќе подигне карго објект со годишен капацитет од 40.000 тони и нова административна зграда со површина од 5.000 метри квадратни. Крајниот рок за реализација на проектот е ноември 2011.


На аеродромот Св. Апостол Павле треба да се изгради ВИП објект, административна зграда и хангар за авиони. Охридскиот аеродром ќе добие и платформа за воздухоплови со големина од 36.000 метри квадратни, како и нов паркинг со големина од 11.000 метри квадратни. Исто така предвидено е реновирање на објектите во карго центарот, а ТАВ треба да воведе и нов систем за управување со багажот. Обврска на концесионерот е овие работи да ги заврши до март 2011.


Од ТАВ постојано ги реафирмираат нивните планови за претворање на скопскиот аеродром во регионален центар. Стартот на градежните работи веќе подолго време се одложува, а како причина се наведува чекањето на посетата на Македонија на турскиот премиер Реџеп Тајип Ердоган, кој треба да присуствува на свечениот чин...
Визуелизација на терминалот на скопскиот аеродром...


 
Член од
30 август 2008
Мислења
2.232
Поени од реакции
286
Скопскиот аеродром ќе биде скоро дупло поголем од оние во Белград и Софија

Турскиот ТАВ ги реконструира македонските аеродроми



Едно од најголемите претпријатија во светот за работење со аеродроми, ТАВ ерпортс холдинг, инвестира 200 милиони евра во Македонија за реновирање на двата аеродроми во Скопје и во Охрид, и изградба на нов карго-аеродром во Штип.
ТАВ почна да управува со македонските аеродроми во март 2010 година по потпишувањето на 20-годишниот договор со владата. Според договореното, фирмата ќе ги задржи постојните 800 вработени во аеродромот во период од седум години и нема да ги скратува платите.
„Нашата цел е да го направиме Скопје популарен регионален центар користејќи ја поволната географска позиционираност“, рече за SETimes заменик генералниот директор на ТАВ Македонија, Алп Ер Тунга Ерсој. „Благодарение на оваа инвестиција, Македонија ќе има најсовремени аеродромски капацитети и скопскиот аеродром Александар Велики ќе биде еден од главните носители на економскиот раст во регионот.“
По реновирањата, кои треба да завршат во октомври, скопскиот аеродром ќе биде скоро дупло поголем од оние во Белград и Софија. Аеродромската писта се проширува за 500 метри за да ги прима авионите со широк труп за долгите летови.
Претпријатието е заинтересирано за скоро 10-милионската турска дијаспора. „Стратегијата на ТАВ е да пренасочи дел од овие патници на македонските аеродроми“, рече директорот за безбедност на скопскиот аеродром, Зоран Доревски, за SETimes.
Во моментов 18 носачи покриваат 24 дестинации од Скопје, а 15 носачи покриваат 15 дестинации од Охрид.
Ерсој не ја отфрли можноста Тркиш ерлајнс да формираат претпријатие во Македонија, зголемувајќи го бројот на директните летови за различни европски градови. Но, ТАВ, исто така, се обидува да привлече авио-превозници за да го формираат националниот македонски превозник, рече за SETimes директорот на ТАВ Македонија, Мурат Орнекол. „Ако не го имате тоа, транспортот е всушност блокиран“, рече Орнекол.
Авио-превозниците посочуваат на високата цена на бензинот во Македонија, како причина за повисоките цени на билетите.
Поради тоа, ТАВ планира да изгради неколку бензински пумпи, и сегашниот локален оператор-снабдувач на гориво Макпетрол може да се соочи со предизвик од рускиот Лукоил и грчката Окта.
„Горивото на Макпетрол има многу повисока цена во споредба со горивата надвор од Македонија, и треба да се преземат сериозни мерки за продолжување на нашиот работен век како македонско претпријатие“, изјави за SETimes менаџерот на Скајвингс, Ајам Џеровски.
Џеровски рече дека проблемите со кои се соочуваат авио-превозниците не се решени откако ТАВ ја презеде контролата. Сепак, додаде тој, има значителни подобрувања во услугите и аеродромскиот комфорт.
Сé на сé, патниците се возбудени. „Македонија одвреме навреме се соочува со патнички ембарга и транспортни тешкотии. Авио-превозот е решение за многу од нас што живееме во странство“, рече жителот на Рим, Владимир Атанасов (36), за SETimes

Атанасов објасни дека членовите на неговото семејство живеат во Рим, Белград и Скопје и тој ги посетува овие дестинации неколкупати годишно. „Белград нуди неверојатно ниски цени на билетите, кои изнесуваат и по 180 евра повратен билет во летната сезона. Се надевам дека ќе добијам вакви понуди и од Скопје“, рече тој.
Во тек се реновирања и на охридскиот аеродром „Свети Апостол Павле“, а плановите напредуваат и за карго-аеродромот Филип Втори во Штип.
„Ова е клучен проект во македонскиот воздушен транспорт, и ние очекуваме долгорочна корист, како и значително подобрени услуги“, рече министерот за транспорт, Миле Јанакиевски, за вториот проект.
Во меѓувреме, 11 милиони евра од целата инвестиција на ТАВ се пренасочени за изградба на нов воен авионски команден центар, хангари на воздухопловните сили и првото училиште за пилоти во земјата, рече министерот за одбрана, Зоран Коњановски, за SETimes.



http://www.setimes.com/cocoon/setimes/xhtml/mk/features/setimes/features/2011/02/09/feature-02
 

Kajgana Shop

На врв Bottom