Супер лига, да или не?

Дали сте за Супер лига?


  • Вкупно гласачи
    299
  • Гласањето е завршено на .
Член од
26 јануари 2019
Мислења
3.632
Поени од реакции
5.614
Елитна лига со умрените Арсенал, Тотенхем, Интер што не може да пројде групна фаза, Милан што не постои 10 години на фудбалска мапа и Патетико. :pos: Што имаат направено овие клубови во последни 5/6 години, па и повеќе? Лестер, Севиља, Ајакс, Лион имаат поголемо влијание и поголеми успеси последниве неколку години од овие клубови.

Се собрале криминогени профитери (не дека овие од Уефа и Фифа се поарни) и одлучиле да го приватизираат фудбалот на најгруб начин помеѓу одбрана елита која ќе функционира како кастите во Индија и со тоа да го редефинираат фудбал во самата негова суштина.

Ваков груб монопол не е добар во ниту една свера, тотално ќе ги уништат националните лиги. К од квалитет ќе нема во ова натпреварување, овие натпревари ќе се како на пријателските турнири во САД што се играат пред почеток на сезона, 100 процентен егзибиционизам со нула натпреварувачки дух, во кој ќе има циркузи како во американските спортови. Сигурно на полувремиња ќе има јавни запросувања или наградни игри „погоди го голот и освој 10 000 долари“ како во НБА шо има со многу реклами, тотално нетипично за европскиот менталитет.

После 5,6 години кога на сите ќе им здосадат истите мечеви, посебно оние мечеви кои нема да имаат никаво резултатско влијание, а таквите ќе се мнозинство бидејќи нема ни промоција ни релегација, ќе прават очајни промени да би го задржале интересот на гледачите како НБА што прави за да го одржи во живот all star викендот. Патем, некои ја спомнаа НБА како аргумент плус за суперлигава, истата таа НБА која во последно време страда баш од формирање супертимови и што ги руши сите рекорди во негледаност.
Пошто сега немаат монопол и супер тимови во фудбалот. Поштените УЕФА кој воведиа ФФП кој важи за сите освен за тие што имаат најмногу пари. Како Сити и ПСЖ кој од шала почнаа 200+ милиони да трошат на играчи секоја година. Таа УЕФА цеф ги болеше се дур имаа профит од тоа. И секако дека ќе здосади тоа за 5 6 години. Исто ко што сега е здосадена ЛШ која патем 20+ години освен исклучок 2004 кога освои Порто никој надвор од овие 12 тима нема освоено. И гледам сега колку им се здосадило. И овие што ги наброја Лестер, севиња и остала компанија повторно имаат точно 0 трофеи во ЛШ. И нивната фан база заедно да ја собереш не е ни половина од фан базата на другите тимови кои ги наброја. Ама ок.
 
Член од
24 март 2010
Мислења
15.209
Поени од реакции
25.945
Доволно е да им се одземат дозволите на Челзи, Арсенал, Јунајтед, Сити и Ливерпул. Државата е доволно моќња да го направи тоа.
не е Северна Кореа но забораваш дека е Велика Британија. Живеат за фудбал, доколку сакаат да ги уништат овие 6 клуба и те како можат. Па нека префрлаат адреси на Хаити. Сигурно има доста начини како правно да се справат.
Со држава нема играње, а очигледно Англија и Шпанија ќе влезат опасно против идејава, особено англија.
Кај ќе ти дозволи курназ енглез што живее за тие 90 минути ти да му играш кур и јајца :D Види ги у 5та лига имаат јака посетеност а не пак ПЛ.



п.с не издавање на дозвола за работа за некој африканец не е уопште северна кореа ствар. Комотно можат тоа да го направат. Без никакво објаснување.
Е сеа не знам како иде ако им одземат лиценца и ги протераат од ПЛ и општо професионалниот англиски фудбал.
Викаш дека за да ги спречи тие 6 клуба да го уништат фудбалот, затоа што нема да играат со први состави во Премиер Лига, државата ќе им ги одземе лиценците со што ќе ги спречи да играат фудбал во Премиер Лига. :D Што ќе му направи државата на фудбалот тогаш, ќе му пука во глава?

Настрана што има арбитражни судови што сите тие клубови и тоа како ќе ги искористат ако дојде до такво нешто.
Хаха абе ме дупиш нешо ти или? Ало друже ПРИВАТНА ЛИГА си праат, со свои правила, како ова да е продавница па ај ќе отвориме кога сакаме и кај сакаме. Намерно ти нагласив бирократизација во однос на фудбалот како спорт, не само за тие 12 тима. Зашо тие 12 тима ќе бидат дел и од првенствата во кои учествуваат тие 10 000 клубови што си ги спомнал погоре така да ваљда капираш што сакам да ти кажам. Не е фер, не е демократски, не е спортски, не е човечки да лишиш одредени екипи од можност за успех само зашо мал дел од клубовите сакаат да си праат профит меѓу себе. Повраќаница од идеја, дабогда се распаднале сите 12 газди.
И што е спорно во правење приватна лига? Што е разликата помеѓу продавница и фудбалска лига? Да не е фудбалот од татко му на Чеферин, па тој ќе дава дозволи кој може да формира лига. Како секој друг што може да отвори и води бизнис, така и тие.

Плус како ги лишуваат другите од успех, нека си тераат со ЛШ другите, ете тоа е престижно и државно регулирано натпреварување.
 
Член од
23 ноември 2011
Мислења
14.322
Поени од реакции
32.862
Прашања за некои што се ЗА лигава ако има такви.


Ако екипиве добијат надреална сума на пари да ги сменат имињата во "Heineken Chels" "Amstel Juve" и слично, дали сте за?

Ако екипиве добијат надреална сума на пари за да го сменат градот и од Манчестер Јунајтед да добиеме Сан Диего Јунајтед и од Интер Милано да добиеме Интер Сеул, дали сте за? (нели+ спонзори, па целосното име да биде Tisot San Diego United и Evian Inter Seoul)

Ако екипиве добијат надреална сума на пари за да направат фудбалот да биде подинамичен, и наместо 2x45 направат да се игра 4x20 дали сте за?

Ако екипиве добиваат надреална сума на пари за да има "FedEx FAST MOMENT OF THE GAME" каде екипата што го има најбрзиот играч на теренот после мечот ќе добие +1 поен на контото, дали сте за?

Ако...

И така натаму.

Муабетов ми е..каде ќе кажете "Да, ова е некако премногу" или фудбалот е фудбал и мора да еволуира.

Ако одговорот е "Да, фудбалот мора да еволуира, мора да има "McDonalds presents: Semi-annual North Korea-Bowl game live from Pyongyang" тоа е нормално" ...зошто не скокнеме уште од сега до таа фаза каде што ќе го добиеме "најдобриот, еволуиран до максимално профитабилна стаза" фудбал? Зошто да почнеме од сега со нешто што за 100 години ќе биде гледано како "Haha, a be, porano 0-0 zavrshuvale utakmici, a sega 27-24 zavrsuvaat, glej kolku bil zaostanat fudbalot porano, dva pati po 45 minuti igrale haha" наместо да скокнеме директно до нештото што е најдобро за фудбалот како ултимативна цел на спортот?

Пошто нели, на почетоците пред да постои фудбалов (F.A.) имало и ситуации каде едно полувреме се играло рагби а другото полувреме се играло со 'association rules football' т .е. ова што сега го знаеме...па порано немало офсајд, сега има, така да ете, ако офсајдот помага на фудбалот, зошто "THREE (спонзорот на дресовите на челзи) POINT GOAL" т.е. секој гол надвор од шестнаесетник или со ножички да се рачуна како три погодоци би било различно? Исто како офсајд би било и ова, нели? Нова еволуција на фудбалот.
Иако ти е на заебанција пишан коментарот, јас озбилно викам зошто да не се каже “да“ на некои од тие предлози?

Сам си кажа, фудбалот еволуирал од пред 150 години, се вовеле нови правила, нови формации се измислиле, зошто да не се проба, барем експериментално на почеток во пониски лиги, на пријателски утакмици или во младински категории на пример систем на поени место голови, па како што сам викаш гол вон 16-ник да биде два поена, слободен удар два поена, пенал пола поен и сл. Зошто да не се игра по три-четири фази наместо две полувремиња, зошто да нема тајмаути, микрофони на судиите, да не е поарно сега со овие невидливи договарања во ВАР-собата?

Имам кажано и претходно, без оглед на супер лигава што и да биде, некои фубалски правила и “традиции“ мора да претрпат измена, а не да се правдаат со глупости “ама традициија, аааа така играа на Оксфорд пред 200 години, аааа“. Прво и основно, мерење време како во друг спорт, секој прекин стопирање на саатот, да нема легачење, валкање по терен и слично глуматање повреди, па секој кој прднал мора да застане да му се укаже помош, а времето си тече и по судијата ќе надокнади пет минути на крај, а реално се изгубиле 15 минути. Кој кур е судијата да одредува колку време се изгубило во неиграње при постоење на технологија која без проблем ќе го мери и стопира времето по потреба. И гол технологијата да не беше против традицијата, па испадна едно од најдобрите технички изуми во фудбалот.

Ако тие податоци за пад на гледаноста кај младите на фудбалот се точни, тогаш и те како е потребна реформа за зголемена динамика и забава во тој спорт, оти во суштина тоа е спортот-профит и забава за масите, а не некаква иделизирана работа со правила исклесани во камен.
 
Последно уредено:
Член од
8 мај 2013
Мислења
11.384
Поени од реакции
36.319
Значи чим имаат инвестирано свои пари тоа им дава моќ да бидат над институцијата која го води фудбалот и да поставуваат правила?
Сега на Жанг ако му текне Интер да се вика Сунинг, јас тоа треба да го прифатам затоа што он вложил свои пари?
За жал да. Негов клуб негови правила. Ако сака ќе го префрли клубот во Индија или во САД и таму ќе играат утакмици. Затоа клубовите не треба да се продаваат на разни нафташи и тајкуни кои си го мерат курот со други нафташи и тајкуни преку нив. Затоа германскиот модел иако можеби не е најпрофитабилен, по моја слободна оценка е најдобар најфудбалски модел.
 
Член од
20 јули 2014
Мислења
3.191
Поени од реакции
8.393
Елитна лига со умрените Арсенал, Тотенхем, Интер што не може да пројде групна фаза, Милан што не постои 10 години на фудбалска мапа и Патетико. :pos: Што имаат направено овие клубови во последни 5/6 години, па и повеќе? Лестер, Севиља, Ајакс, Лион имаат поголемо влијание и поголеми успеси последниве неколку години од овие клубови.
Нема врска ова. Арсенал, Тотенхем, Интер, Милан и Атлетико Мадрид доаѓаат од многу поголеми и поважни градови и секогаш ќе бидат по-marketable од овие што си ги набројал. Друга е математиката во ситуацијава...
 
Член од
23 август 2010
Мислења
38.439
Поени од реакции
109.240
И што е спорно во правење приватна лига? Што е разликата помеѓу продавница и фудбалска лига? Да не е фудбалот од татко му на Чеферин, па тој ќе дава дозволи кој може да формира лига. Како секој друг што може да отвори и води бизнис, така и тие.

Плус како ги лишуваат другите од успех, нека си тераат со ЛШ другите, ете тоа е престижно и државно регулирано натпреварување.
Ништо бе, нека си играат само во таа лига, нека бидат исклучени од домашни лиги и таман ќе е. Нормално дека никој не треба да им забрани приватна лига, таман работа. Ама они сакаат и од таму и од ваму да цицаат, е на куров, затоа е и револтот. Мене лично ме боли кур за парите, мене ми е за компетитивноста, нема логика лига во која нема испаѓање, фактички екипа ко Арсенал ќе и чуе кур што ќе направи и во ПЛ и во СЛ зашо ќе има гарантирано ОГРОМНИ приходи. Рецимо имаат 0/5 скор на старт, губат надеж за било што, и до крај на лига кур ќе играат зашо не може да испаднат. На што личи тоа?
 
Член од
26 јануари 2019
Мислења
3.632
Поени од реакции
5.614
А колку титули во ЛШ од 2000 до денес имаат
Јуве, Манчестер Сити, Арсенал и Тотнем?

п.с Баерн има освоено. Псж годинава е главен фаворит да освои.
И Баерн ќе си легне на брашното ќе влезе во лигава. Не знам што се праат сите на тошо. Моментално не влагаат ради системот на функционирање што го имаат. А ПСЖ едино се протови пошто ФИФА го продаде светското на Катар. Да се одигра тоа и тие ќе свиткаат опашка и ќе се приклучат. И да иако тие тимови немаат лш исто како и останатие ама имаа фан база и маркетиншка моќ. И имаат многу големо фудбалско влијание без разлика колку бантер има на нивна сметка.
 
Член од
29 јуни 2018
Мислења
3.531
Поени од реакции
5.562
Викаш дека за да ги спречи тие 6 клуба да го уништат фудбалот, затоа што нема да играат со први состави во Премиер Лига, државата ќе им ги одземе лиценците со што ќе ги спречи да играат фудбал во Премиер Лига. :D Што ќе му направи државата на фудбалот тогаш, ќе му пука во глава?

Настрана што има арбитражни судови што сите тие клубови и тоа како ќе ги искористат ако дојде до такво нешто.

И што е спорно во правење приватна лига? Што е разликата помеѓу продавница и фудбалска лига? Да не е фудбалот од татко му на Чеферин, па тој ќе дава дозволи кој може да формира лига. Како секој друг што може да отвори и води бизнис, така и тие.

Плус како ги лишуваат другите од успех, нека си тераат со ЛШ другите, ете тоа е престижно и државно регулирано натпреварување.
Да. не може бе 6 клуба да се поголеми од цела федерација. Ќе играш по правила а не сам да си измислуваш топла вода и да ми глумиш курац ипол а си куренце. :) (извини на речник)

Како што се можеше без Челзи, така се може и со Челзи. Кога почнаа луѓе да навиваат за челзи? Сити?
Прогуглај и види кој богаташи имаат клуб во премиер лигата. Со мала помош можеш и те како да ги замениш тие 6 екипи, и за некоја година пак да се врати ПЛ со приближен квалитет. Особено во ситуација кога од Фифа до Владата се против СЛ. Газдите на Евертон немаат пари да даваат за играчи? Нафташ некој не може да го купи Њукасл и да гази? Лестер и Вест Хем немаат пари и играчи? Башка у топ 4 се! Битна ствар.

Не можеш ти у англија така да уценуваш.



Е сеа за болдот
За да отвориш бизнис ти треба АМИН
дали од државата, дали од локалниот шериф.
Дојди отвори продавница без да имаш дозволи за работа, или кафич или било што па да видиме како ќе поминеш.
Фифа е институција, Уефа исто. Корумпирана, ваква, таква сепак е. Тука е и за да воведе некој ред.

И како бе што има лошо во приватна лига?
Па приватна лига е. Кој ќе ја контролира? Дај размисли малце, лоповот Ањели што цел живот дубари праи дури и клубот у СЕРИА Б му го бутнаа заради местење е 4т човек во лигава. Види каква багра се склопила да креира елитна светска лига :D
 
Член од
23 ноември 2011
Мислења
14.322
Поени од реакции
32.862
Исто ко што сега е здосадена ЛШ која патем 20+ години освен исклучок 2004 кога освои Порто никој надвор од овие 12 тима нема освоено
Ова баш ми текна синоќа

https://en.wikipedia.org/wiki/List_of_European_Cup_and_UEFA_Champions_League_finals

Од 1997 година нема тим освен Порто кој ја освоил ЛШ а не е во “суперлигашиве“.

Да, го бројам и Баерн бидејќи и тие биле планирани за новава лига, па веројатно и Дортмунд, а како што прочитав негде и Порто.

Па така ако гледаме, од 1995 од Ајакс нема тим надвор од 15-те планирани суперлигаши што е освојувач на ЛШ.

Од 2005-та навака нема тим што во финале играл а не е во 15-те планирани суперлигаши.
 

Трибиани

Ванда Вештерката
Член од
21 јули 2018
Мислења
3.753
Поени од реакции
8.843
Сигурно овие умрените се најсреќни и најмногу гребат заедно со банкротираните Барселона и умрените Италјански клубој за ова натпреварување....тие неможат во Топ 10 да бидат во ПЛ..мизерии се во секој можен фудбалски аспект...бездушен клуб без никакви спортски амбиции сакале да играат во Супер лигата...секоја година лабаво последни без никаква цел...Арсенал е клуб како Кристал Палас...едноставно постои и то е то.
 
Член од
17 август 2011
Мислења
9.920
Поени од реакции
17.744
Ако тие податоци за пад на гледаноста кај младите на фудбалот е точна, тогаш и те како е потребна реформа за зголемена динамика и забава во тој спорт, оти во суштина тоа е спортот-профит и забава за масите, а не некаква иделизирана работа со правила исклесани во камен.
Имаше некој изјава од тој портпаролот на ова Суперлигава. Стварно е апсурдно дека немало утакмица Челзи-Реал 20 години во ЛШ. Треба ја како фудбалски фан да се радувам дека тоа се случува еднаш само, да не се презаситам, а никако не се презаситуваат националниве лиги со дерби дуелите? Баш напротив, тие највеќе се гледаат.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom