Елитна лига со умрените Арсенал, Тотенхем, Интер што не може да пројде групна фаза, Милан што не постои 10 години на фудбалска мапа и Патетико.

Што имаат направено овие клубови во последни 5/6 години, па и повеќе? Лестер, Севиља, Ајакс, Лион имаат поголемо влијание и поголеми успеси последниве неколку години од овие клубови.
Се собрале криминогени профитери (не дека овие од Уефа и Фифа се поарни) и одлучиле да го приватизираат фудбалот на најгруб начин помеѓу одбрана елита која ќе функционира како кастите во Индија и со тоа да го редефинираат фудбал во самата негова суштина.
Ваков груб монопол не е добар во ниту една свера, тотално ќе ги уништат националните лиги. К од квалитет ќе нема во ова натпреварување, овие натпревари ќе се како на пријателските турнири во САД што се играат пред почеток на сезона, 100 процентен егзибиционизам со нула натпреварувачки дух, во кој ќе има циркузи како во американските спортови. Сигурно на полувремиња ќе има јавни запросувања или наградни игри „погоди го голот и освој 10 000 долари“ како во НБА шо има со многу реклами, тотално нетипично за европскиот менталитет.
После 5,6 години кога на сите ќе им здосадат истите мечеви, посебно оние мечеви кои нема да имаат никаво резултатско влијание, а таквите ќе се мнозинство бидејќи нема ни промоција ни релегација, ќе прават очајни промени да би го задржале интересот на гледачите како НБА што прави за да го одржи во живот all star викендот. Патем, некои ја спомнаа НБА како аргумент плус за суперлигава, истата таа НБА која во последно време страда баш од формирање супертимови и што ги руши сите рекорди во негледаност.