Супер лига, да или не?

Дали сте за Супер лига?


  • Вкупно гласачи
    299
  • Гласањето е завршено на .
Член од
26 септември 2012
Мислења
8.090
Поени од реакции
6.728
Ти можеш и цел клуб да го префрлиш на Хаити не само адресата, ама тоа нема да биде веќе Ливерпул/Јунајтед/Арсенал...
а ако ги променат сопствениците од шеици,катарци,кинези тогаш истиот клуб е ?
 
Член од
6 април 2014
Мислења
5.002
Поени од реакции
6.318
Не може Велика Британија да им одземе работна дозвола на сите странци што ќе играат или бидат дел од клубовите?
Не може Англија да им одземе секакви лиценци и дозволи на клубовите?
Не може ВБ да им забрани влез на играчите од другите екипи што се странски државјани?
Не може да ги бојкотира на милион полиња?
Не може Англија и како селекција да бојкотира? Да вложат многу пари во ПЛ и да си се вратат репрезентативците во ПЛ доколку сакаат да играат за репка?


Никој, повторувам никој не може да иде против државата во која што живее/работи. Еднакво на самоубиство е.
Znaes VB kolko rabotni kesta izgubija od koronata?
Znaes deka ako na ovie 6 kluba im zabrani igranje vo PL (klubovi koi vrabotuvat po 5-6 iladi luge) sto ke se sluci?
Plus politika vo fudbal ne se mesase neli toa e motot na Uefa i Fifa?
 

Џонтра Волта

Qué miras, bobo?
Член од
20 јули 2020
Мислења
9.242
Поени од реакции
57.090
Ова треба да се напраи во Премиер лига :D

Да бе, утакмица 4 саати ќе трае. По еден тајм аут у полувреме, па интервју на сред тајм аут со некој од играчите, па реклами 15 минути, па шоу за публика.
Ќе објаснувале одлуки на фанови, гарант од секоја екипа ќе има по еден или двајца претставници од навивачите, облечени у одела. Сигурно нема Орсато да иде да му објаснува на гол англичанец истетовиран Ганерс фор лајф на груди којшто има пуна чаша пиво и хамбургер у рацете без да го слуша што му објаснува овој со пуна уста леб и здив на пиво и качак да му се издере у фаца фук оф ју пис оф шајт.
 
Член од
26 септември 2012
Мислења
8.090
Поени од реакции
6.728
Поентата е дека ако нема управно тело кое ќе биди над нив и ја стандардизира играта за сите, од најголем до најамал, шо ги спречва утре да почнат да си воведват нивни правила ко на на пример три корни пенал, зелен картон или мора во три измени најмалку двајца црнци да влезат во игра, и то да си го викат фудбал. На шо ќе личи такво нешто, и кој би ги спречил, ако одлучат дека то ќе им донеси поголем профит?
а оти фудбалот не се игра на стари правила по учинок да биде платен туку севкупно се дели колачот ? не е од вчера ова......па колку кладилници се влезени како спонзори,како да не постои нормална фирма да спонзорира
 
Член од
26 јануари 2009
Мислења
11.782
Поени од реакции
18.393
Демек лигава ќе има ефект на домашните првенства? Ја колку што разбрав ова ќе биде место ЛШ. Премиер, ЛаЛига ќе продолжат нормално
Директно не, но индиректно можеби и да. Не ме сфаќај погрешно, јас сум за ваква лига и не се сложувам дека ќе било досадно да се гледаат по два пати годишно Реал - Ливерпул. Тимовите веројатно ќе си ги чуваат играчите за супер лигата а ќе излегуваат со послаби постави во домашните првенства и тоа ќе влијае на целокупната гледаност на лигата.
 
Член од
11 октомври 2010
Мислења
6.624
Поени од реакции
21.909
Не, вие одбивате да ја сфатите поентата на муабетот. Клубовите се нивни, не се ваши или мои. Тоа е поентата цело време. Единствено што може да направи навивач, е да реши да не ги следи веќе. И тоа им е и тоа како пресметано пред да почнат со ова.
Не, не се нивни како ти си го замислуваш.
Ако било така како ти си мислиш, ПСЖ ќе беше Ал-Катари, а Интер одамна Сунинг.
Не е ова ракомет ниту баскет.
 
Член од
7 јули 2013
Мислења
1.540
Поени од реакции
9.864
Елитна лига со умрените Арсенал, Тотенхем, Интер што не може да пројде групна фаза, Милан што не постои 10 години на фудбалска мапа и Патетико. :pos: Што имаат направено овие клубови во последни 5/6 години, па и повеќе? Лестер, Севиља, Ајакс, Лион имаат поголемо влијание и поголеми успеси последниве неколку години од овие клубови.

Се собрале криминогени профитери (не дека овие од Уефа и Фифа се поарни) и одлучиле да го приватизираат фудбалот на најгруб начин помеѓу одбрана елита која ќе функционира како кастите во Индија и со тоа да го редефинираат фудбал во самата негова суштина.

Ваков груб монопол не е добар во ниту една свера, тотално ќе ги уништат националните лиги. К од квалитет ќе нема во ова натпреварување, овие натпревари ќе се како на пријателските турнири во САД што се играат пред почеток на сезона, 100 процентен егзибиционизам со нула натпреварувачки дух, во кој ќе има циркузи како во американските спортови. Сигурно на полувремиња ќе има јавни запросувања или наградни игри „погоди го голот и освој 10 000 долари“ како во НБА шо има со многу реклами, тотално нетипично за европскиот менталитет.

После 5,6 години кога на сите ќе им здосадат истите мечеви, посебно оние мечеви кои нема да имаат никаво резултатско влијание, а таквите ќе се мнозинство бидејќи нема ни промоција ни релегација, ќе прават очајни промени да би го задржале интересот на гледачите како НБА што прави за да го одржи во живот all star викендот. Патем, некои ја спомнаа НБА како аргумент плус за суперлигава, истата таа НБА која во последно време страда баш од формирање супертимови и што ги руши сите рекорди во негледаност.
 
Член од
29 јуни 2018
Мислења
3.531
Поени од реакции
5.562
адресата ќе ја сменам на хаити и сеа ?
Автоматски споено мислење:


таков политичар ќе си спроведе самоубиство, не е северна кореја да те потсетам
Доволно е да им се одземат дозволите на Челзи, Арсенал, Јунајтед, Сити и Ливерпул. Државата е доволно моќња да го направи тоа.
не е Северна Кореа но забораваш дека е Велика Британија. Живеат за фудбал, доколку сакаат да ги уништат овие 6 клуба и те како можат. Па нека префрлаат адреси на Хаити. Сигурно има доста начини како правно да се справат.
Со држава нема играње, а очигледно Англија и Шпанија ќе влезат опасно против идејава, особено англија.
Кај ќе ти дозволи курназ енглез што живее за тие 90 минути ти да му играш кур и јајца :D Види ги у 5та лига имаат јака посетеност а не пак ПЛ.



п.с не издавање на дозвола за работа за некој африканец не е уопште северна кореа ствар. Комотно можат тоа да го направат. Без никакво објаснување.
Е сеа не знам како иде ако им одземат лиценца и ги протераат од ПЛ и општо професионалниот англиски фудбал.
 
Член од
3 февруари 2019
Мислења
2.483
Поени од реакции
4.135
Кур потенцирале чекајте малку. Британската влада вика дека ќе ги превземат сите потребни чекори да го сопрат ова. Нормално тоа го прават за популизам ама небитно. Ако реши БоЏо да ги скине пошто тоа ќе му донесе гласови, за еден ден ќе молат да се вратат назад. Работава ескалираше многу повеќе од тоа што очекуваа самопрогласените богови на фудбалскиот олимп. Општествен консензус е против лигава, сите политичари ќе се навлечат за политички поени и ќе ја скинат за недела дена најмногу.
Каква влада, какви бакрачи. Премногу озбилна стана работата за нешто да ги спречи. Клубовите се повлекоа од Европска асоцијација на клубови, Ањели, Вудвард и остнатите поднеле оставки на сите функции во УЕФА и сега мислиш ќе направат пу пу не важи? Тргна возот веќе, најпаметно ќе им биде да направат некој компромис и да продолжат. Јас мислам УЕФА ќе си легнат на брашно, ќе седнат на маса, ќе добијат некое парченце од колачот и тоа е тоа.
 
Член од
23 август 2010
Мислења
38.439
Поени од реакции
109.240
Бирократизација е креирање на сложен административен апарат, со многу луѓе и правила. Лига со 15 клуба, не е голем административен апарат. Организација со 10.000 клуба е. Не може намалување на број да доведува до бирократизација, срамота е да дискутираме. Централизација и бирократизација не се синоними.

БЛМ глупостите се донесоа и во фудбал. И ако фудбалот е супер, што е тогаш драмава. Нека не се трескаат од земја, нека си продолжат по старо, ете Реал и Јунајтед ќе молат да се вратат да играат против Сарагоса и Барнли.
Хаха абе ме дупиш нешо ти или? Ало друже ПРИВАТНА ЛИГА си праат, со свои правила, како ова да е продавница па ај ќе отвориме кога сакаме и кај сакаме. Намерно ти нагласив бирократизација во однос на фудбалот како спорт, не само за тие 12 тима. Зашо тие 12 тима ќе бидат дел и од првенствата во кои учествуваат тие 10 000 клубови што си ги спомнал погоре така да ваљда капираш што сакам да ти кажам. Не е фер, не е демократски, не е спортски, не е човечки да лишиш одредени екипи од можност за успех само зашо мал дел од клубовите сакаат да си праат профит меѓу себе. Повраќаница од идеја, дабогда се распаднале сите 12 газди.
 
Член од
14 април 2012
Мислења
31.873
Поени од реакции
63.662
Проблемот е што им се може, и очигледно, ич не им чуе што сите други мислат.
 
Член од
16 ноември 2013
Мислења
8.567
Поени од реакции
13.898
Паахахах америте мислат рагби е ова, микрофон за судиите, ајдее уштее смешки, додека не е укинато :coffee:
 

Kajgana Shop

На врв Bottom