- Член од
- 16 ноември 2013
- Мислења
- 8.582
- Поени од реакции
- 13.952
Јас лично преферирам да гледам како мојот клуб доминира помали клубови, отколку да е доминиран во некаква супер лига, доста бламови во ЛШ, уште ова. Не фала
Тотално се согласувам слично пишав. Барселона се во огромни долгови. Реал полека неможе да се носи со катар,абу даби и компанија. Јувентус праи мала пара у сериа а и полека заостанува. Ако не превземат нешто за 10 години тотално ќе го изгубат приматот.Никави промени не се потребни.
Форматот на ЛШ со 32 екипи е најдобриот формат во светот, не само во фудбалот туку општо во спортот.
Ќе требаше промени ако атрактивноста на ЛШ опаѓаше, но таа е константна веќе со децении.
Ова е само аздислок на увреџените Перез и Ањели, мафијашон Лапорта и американските магнати, за да си го вратат "приматот" од почетокот на двеилјадитите.
Ова па нашево старо дртало у тек на утакмица на Реал ќе објавува нова лига, баш ќе биде симболично дур не пуни Гетафе он да револуционира.
Ова. И да им дадеш по 500 милион плус годишно на реал барса и компанија пак ќеги поебат сите псри и пак ќе бидат малце. После Раиола ќе бара 100 милиона за него и 100 милиона за татко му на следниот талент и плата од 150 мил годишно. А за играч ако сакаш да го купиш ќе вреди 200 милиона.Не гледам никаков проблем во тоа дека би здосадило. Нема да здосади секако, гледаноста сигурно ќе биде на ептен високо ниво. Големиот проблем е што целосно ќе ја уништи компетитивноста помеѓу тие 15 тимови и сите останати надвор од лигата. Нема да има апсолутно никаква шанса некој друг тим да оствари подобри резултати од овие тимови во националната лига.
Исто и ќе ја зголеми уште толку цената на топ фудбалерите затоа што 15 клубови со неограничен буџет ќе наддаваат за секој топ талент кој ќе се појави.
Ама па и така е стварно. Колку само фанови ќе се откажат од Арсенал на пример кога нема 30 години титула да види со очи, ако ги избацат од сегде а ќе мораат да играат против Реал, Барса, Сити, Баерн и компанија секоја годинаЈас лично преферирам да гледам како мојот клуб доминира помали клубови, отколку да е доминиран во некаква супер лига, доста бламови во ЛШ, уште ова. Не фала
Добро, но ти текнува што се случуваше помеѓу "почитувачите на вистинскиот фудбал (пвф)", кога некои милијардери решија да потрошат голема сума на пари за да некои клубови, кои што не беа компетитивни, се натпреваруваат за титули? И тоа беше нападнато како уништување на фудбалот. А многу тешко некој да стане компетитивен на друг начин, освен да дојде некој спремен да потроши милиони. Е сега, тоа ќе биде потешко, но таквото трошење беше исто нападнато од "пвф".Не гледам никаков проблем во тоа дека би здосадило. Нема да здосади секако, гледаноста сигурно ќе биде на ептен високо ниво. Големиот проблем е што целосно ќе ја уништи компетитивноста помеѓу тие 15 тимови и сите останати надвор од лигата. Нема да има апсолутно никаква шанса некој друг тим да оствари подобри резултати од овие тимови во националната лига.
Поентата е дека сега ни така нема да имаат другите клубови никаква шанса да се приклучат во фудбалската елита, затоа што овие секогаш ќе имаат многу повеќе ресурси.Добро, но ти текнува што се случуваше помеѓу "почитувачите на вистинскиот фудбал (пвф)", кога некои милијардери решија да потрошат голема сума на пари за да некои клубови, кои што не беа компетитивни да се натпреваруваат за титули? И тоа беше нападнато како уништување на фудбалот. А многу тешко некој да стане компетитивен на друг начин, освен да дојде некој спремен да потроши милиони. Е сега, тоа ќе биде потешко, но таквото трошење беше исто нападнато "пвф".
Иако, по мене е најголем проблем, и затоа гласав за "не знам", затоа што и клубови кои што работат паметно, како Лестер, Аталанта, а зошто да не и некои од Источна Европа, ќе им биде многу тешко да се искачуваат по некое скалило, како што прават неколку сезони.
Е добро де. И пред 10 години играше Рубин Казан со Трабзон.
Со овој систем екипи како Динамо К или Загреб никогаш нема да имаат шанса да играат со топ екипи.
Башка со измените пред неколку години им се направи услуга само на поголемите тимови. Порано имаше многу повеќе падобранци него моментално.
Па тоа е поентата, актуелниов формат на ЛШ е веќе Суперлига и таквите мали клубови служат само како декор. Затоа треба промени.Епа нека ги укинат ако не сите лиги освен оваа Супер лигава, пошто и така нема никој на Свет да ги глеа.
А ианче па денес модерниве фанови колку ги гледаат нивните тимои, дур се на стадион/ спортска сала, дремат на мобилните, за дома па не праам муабет...
Реал повеќе дужиFC Barcelona over €1 billion in debt - Payments for Coutinho, Vidal & Co. still open
FC Barcelona have published their annual financial report and, as a result of the coronavirus pandemic, have slipped much deeper into the red than feared.www.transfermarkt.com
Барса 1,2 милијарди долг? WTF?
Мене ми беше поентата дека тој процес беше напаѓан од 99% кои и сега се против.Поентата е дека сега ни така нема да имаат другите клубови никаква шанса да се приклучат во фудбалската елита, затоа што овие секогаш ќе имаат многу повеќе ресурси.
Да направат некој прогрес - да, но да бидат некоја озбилна конкуренција за титули (национално првенство, ЛШ) и не баш. Да бидеме реални, без големи инвестиции не може никој да биде конкурент на најсилните клубови... но можеле да се најдат при врв и многу ретко да освојат како Лестер (што веројатно ќе се случи некогаш и во новата лига, иако многу, многу потешко).До сега иако ги имаме овие финансиски супериорни клубови, секако постоеше некаква компетитивност и послабите клубови имаат шанса со паметно работење и добри инвестиции да постигнат добри резултати. Со ова нема да имаат никакви шанси.
GPMorgan ќе ги поддржи со 5 милијарди долари за старт.Од каде толку пари за Супер Лига?
Кој финансира толку пари за една ваква лига?
Сигурно не се Флорентино и Ањели...
Автоматски споено мислење:
Реал повеќе дужи
Токму тоа зборам и јас дека им оди во прилог на милијардериве со агендата. И секој ден и да играат истиве клубови меѓу себе, пак сите ќе гледаат и никому нема да му здосади. Една сезона се случи Челзи и Јунајтед да изиграат точно 7 (со букви седум) пати па не памтам некој да стропа досадно дека било.
А зошто мислиш дека сите натпревари од суперлигата ќе бидат бар приближно еднакво гледани?Пак ќе повторам, есенва во престижната и полна со историја ЛШ имаше 2 натпревари помеѓу Ференцварош и Динамо Киев што буквално никој на светов не ги гледаше.
Ќе здосади и тоа побрзо од што мислите.Токму тоа зборам и јас дека им оди во прилог на милијардериве со агендата. И секој ден и да играат истиве клубови меѓу себе, пак сите ќе гледаат и никому нема да му здосади. Една сезона се случи Челзи и Јунајтед да изиграат точно 7 (со букви седум) пати па не памтам некој да стропа досадно дека било.
Не мора да згаснат, само нема што да бараат од парите што ги генерираат големите.Епа ај нека згаснат сите останати тимови во светот освен 12те тимови што сакаат нова лига, бидејќи никој од фановите на Јунајтед и Сити не би ги гледал Динамо Киев против Бешикташ на пример.
Чиниш во Истанбул и општо во Турција нема навивачи/фанови на Бешикташ што би го гледале тој и таков вид на натпревар па сега ние себични и наудрени ќе се правиме дека поинтересно е да гледаме Челзи - Реал како да не гледаме такви натпревари секоја пролет во нокаут фазите. Дури и во групната фаза овозможија да се паѓаат тимови од топ лигите како и што имавме група со Интер, Реал и Гладбах каде што Интер (овогодинешниот шампион во Италија) испаднаа и имавме група со ПСЖ, Лајпциг и Јунајтед каде што испаднаа Јунајтед. Тиа мечеви имавме прилика есента да ги гледаме.
Така да, да не се правиме наудрени дека Перез, Ањели и Глејзери ни овозможуваат нешто ново, кога веќе го имаме тоа секоја сезона во есен и пролет.