Супер лига, да или не?

Дали сте за Супер лига?


  • Вкупно гласачи
    299
  • Гласањето е завршено на .
Член од
4 октомври 2010
Мислења
7.765
Поени од реакции
13.413
Гледајте Динамо З. : Осијек... убав натпревар... а не само да пишувате за такви клубови. :)
 
Член од
16 ноември 2007
Мислења
1.046
Поени од реакции
1.498
Кога ќе се нафатиш да бидеш одметник и на крај не успееш, треба оставка да поднесеш и да се извиниш. Сега последиците ќе ги трпат клубовите, со кого и да седнат да преговараат овие ликови, пред се Перез, ќе ги гледаат ко гомна и ќе им ги максимизираат барањата без никаков респект, а и ќе имаат во предвид дека може да им спрема нешто зад грб. Едноставно не може да продолжиш после ваков скандал, ако имаш грам морал.
Прочитај се другарче, каков морал каков бакрач. Ќе се повикуваат на целта ги оправдува средствата и пак за некое време ќе истентелат дека биле на правата страна, го спасиле фудбалот (читај изнудиле кеш кеш). Да не се лажеме, си ја зголемија моќта енормно. Тие што го гледаат како скандал ќе го гледаат така уште 5-10-50 дена и пак едвај ќе чекаат да гледаат Реал. Или Барселона ај.
 

TheTrooper

Психијатриски случај
Член од
27 април 2009
Мислења
6.823
Поени од реакции
6.346
Гледајте Динамо З. : Осијек... убав натпревар... а не само да пишувате за такви клубови. :)
Шала на страна, не е лоша утакмицата. ЛЕ групни фази ниво на квалитет, али играат за титула, скроз отворено и машки.
 
Член од
4 октомври 2010
Мислења
7.765
Поени од реакции
13.413
Шала на страна, не е лоша утакмицата. ЛЕ групни фази ниво на квалитет, али играат за титула, скроз отворено и машки.
Не е ни најмалку. Иако Осијек не е екипа што сака да игра, што не е најдобро за дерби. Дури Бјелица и со Динамо не форсираше нешто многу офанзивна игра.

Инаку во Осијек Унгарците инвестираат големи пари за екс-ју услови, па може во не толку далечна иднина да се надеваат на титула. Иако Динамо доста заработи од ЛШ и ЛЕ, па тешко им е на другите да ги пратат. Башка им ги собира на конкурентите најдобрите фудбалери. Но сега со Осијек тоа може да се промени. Градат и убаво, модерно стадионче.
 

Morgan Freeman

Немодератор
Член од
23 април 2010
Мислења
2.922
Поени од реакции
4.370
What if сета таа фама беше уствари договорена со цел да се створи диверзија, за "на задна врата" да се протнат т. н. реформи на уефа?
 

RickyLFC9

Модератор
Член од
28 март 2012
Мислења
19.565
Поени од реакции
41.147
Како и при секој голем скандал, се чини дека сега ќе се обрнува повеќе внимание и на секоја постапка која УЕФА ја прави. Чим тргне возот тешко е да се застане обично. Во секој случај ова не е ништо освен позитивен исход, и добро би било да продолжи да се тера работава.
 
Член од
19 август 2017
Мислења
261
Поени од реакции
850
What if сета таа фама беше уствари договорена со цел да се створи диверзија, за "на задна врата" да се протнат т. н. реформи на уефа?
Клубови со вековна традиција ќе се понашаат ко биполарна тинејџерка и ќе си нарушуваат реноме (како и кредибилитет за во иднина на самите инволвирани), за УЕФА да протне реформи.

Нема логика, повеќе штета од придобивка, за реформи кои во денешно време и онака прилично глатко би прошле, без помпа (што би било идеално сценарио за сите инволвирани).
 
Последно уредено:

Morgan Freeman

Немодератор
Член од
23 април 2010
Мислења
2.922
Поени од реакции
4.370
Клубови со вековна традиција ќе се понашаат ко биполарна тинејџерка и ќе си нарушуваат реноме (како и кредибилитет за во иднина на самите инволвирани), за УЕФА да протне реформи.

Нема логика, повеќе штета од придобивка, за реформи кои во денешно време и онака прилично глатко би прошле, без помпа.
Можеби, ама ете уефа демек сега нуди 7 милијарди (не знам под кои услови, но ова е многу, многу повеќе од моменталното). Плус што ќе се даваат вајлд-карти на основ на минатите сезони и ќе се исфилтрираат ситните риби.
Испаѓа дека тие нови "реформи" се видоизменета супер лига...
 
Член од
7 август 2010
Мислења
3.518
Поени од реакции
5.385
Слабо коло за суперлигашиве до сега. Можи се чуваат.
 
Член од
19 август 2017
Мислења
261
Поени од реакции
850
Можеби, ама ете уефа демек сега нуди 7 милијарди (не знам под кои услови, но ова е многу, многу повеќе од моменталното). Плус што ќе се даваат вајлд-карти на основ на минатите сезони и ќе се исфилтрираат ситните риби.
Испаѓа дека тие нови "реформи" се видоизменета супер лига...
Точно, излегоа такви гласини како "контра-аргумент" на Суперлигава.

Се надевам ќе остане на гласини и се лажни, во спротивно, да, ништо ќе нема поента.

Само пак не би идел толку далеку дека се ова е смислено и синхронизирано сценарио, it is too much.

Како и да ја вртиме, реакцијата од "обичниот" човек е најголемата победа во сево ова, поука за никој да не се дрзнува во иднина да ствара clear-cut и вештачка поларизација, а останатите задкулисни игри, да се надеваме дека со тек на време, за почеток дека ќе се редуцираат, па во иднина и целосно да се искоренат.

Долг е патот, но добро е од негде да се почне.
 
Член од
28 декември 2015
Мислења
3.391
Поени од реакции
5.862
Интересно е милијардериве со сето бизнис искуство, сите тие силни менаџери, пи-ар специјалисти и стручњаци од секаков вид на располагање, тотално го утнаа расположението на фановите, играчите, фудбалската јавност, политичарите, значи тотално никој не застана во одбрана на идејата за супер лига. Никој. Ова делува како да се собрале неколку газди на клубови, тотално отсечени од реалноста и си замислиле нова лига по терк на америчките "франшизи". Какви идиоти :angel:
 
Член од
5 март 2018
Мислења
15.143
Поени од реакции
16.658
Интересно е милијардериве со сето бизнис искуство, сите тие силни менаџери, пи-ар специјалисти и стручњаци од секаков вид на располагање, тотално го утнаа расположението на фановите, играчите, фудбалската јавност, политичарите, значи тотално никој не застана во одбрана на идејата за супер лига. Никој. Ова делува како да се собрале неколку газди на клубови, тотално отсечени од реалноста и си замислиле нова лига по терк на америчките "франшизи". Какви идиоти :angel:
Како не застанаа? Па оди види во анкетата тука, дури има членови спремни беа за протест ама дип се реши одма случајот инаку ќе го напаѓаа седиштето на УЕФА со тенгала
 

Kajgana Shop

На врв Bottom