Стрипови

D

Daedalus

Гостин
Уп Доун и другите:
Кога ќе кажам Бонели и Бункер, тоа значи и Загор, и Алан Форд, ММ, Дилан Дог, Дружина са Вешала, како и се друго од овие компании.
Абе добро, за муабетов...Хард кор стрип фанови повише од сигурен сум дека знаат и имаат читано различни видови на стрипови од секаков карактер underground/комерцијала, настрана од исклучливо фановите на DC, Marvel или манга фановите кои читаат селективно стрипови кои им се допаѓаат.

Од друга страна пак поголемиот дел од популацијата ги чита познативе стрипови и не се замара ептен да навлага у стрип културата.

Не дека комерцијалниве се најдобри, само што се попривлечни за секојдневниот човек.
И татко ми читал Загор, Нинџа, Алан Форд и Дилан Дог. Али фаци ко татко ми и други, не се хц комик фанови. Исто ко што не сум ни ја и повеќето што знаат само за Dc&Marvel. Како и да е, сигурно има мн јаки стрипови за кои никој не знае и не се популарни.

А околу темава, не знам дали некој го спомнал, али "Transmetropolitian" е многу добар стрип, бар мене впеачаток што ми остаил. Глеам сеа Марсовка го спомнала. :X3:
 
W

Werther

Гостин
Oбјасни ги вистинските критериуми позади добар вкус за музика/филмови/стрипови итн...
Кај стриповите е фабулата и ликовите. Фабулата да биде лесна, да тече, да не замара. Ликовите да бидат интересни.

Стрипови немам многу читано, се' на се' околу 80тина. Загор македонските ги собрав сите, 23 се мислам вкупно. Дилан Дог и Марти Мистерија имам понешто. Проблемот е што ми се скапи малку. :)

Бујрум ѕирнете овде.

Кај филмот, малку е покомплицирано. Битни се сижетите, колку се комплетни ликовите, сценариото итн. Но, и од технички аспект, музиката, ефектите итн.

:)
 
D

Daedalus

Гостин
Кај стриповите е фабулата и ликовите. Фабулата да биде лесна, да тече, да не замара. Ликовите да бидат интересни.

Стрипови немам многу читано, се' на се' околу 80тина. Загор македонските ги собрав сите, 23 се мислам вкупно. Дилан Дог и Марти Мистерија имам понешто. Проблемот е што ми се скапи малку. :)

Бујрум ѕирнете овде.

Кај филмот, малку е покомплицирано. Битни се сижетите, колку се комплетни ликовите, сценариото итн. Но, и од технички аспект, музиката, ефектите итн.

:)
Абе добро, знам дека постојат некои општо прифатени критериуми за добар филм/стрип и/или добра музика. Али квалитетот е субјективен во поглед на тоа дека на крај важно е дали ќе ти се допадне тоа што го читаш/гледаш/слушаш. Додека е точно дека добра фабула, развој на ликови и други ствари играат круцијална улога во тоа дали делото ќе наиде на емотивен фидбек, земајќи го во предвид тоа дека постојат луѓе кои го сакаат/не им се допаѓа делото, апсолутен квалитет не може да му биде доделен на истото.
 
W

Werther

Гостин
Али квалитетот е субјективен во поглед на тоа дека на крај важно е дали ќе ти се допадне тоа што го читаш/гледаш/слушаш. Додека е точно дека добра фабула, развој на ликови и други ствари играат круцијална улога во тоа дали делото ќе наиде на емотивен фидбек, земајќи го во предвид тоа дека постојат луѓе кои го сакаат/не им се допаѓа делото, апсолутен квалитет не може да му биде доделен на истото.
Не е баш така. Не може викенд роман да биде споредуван или не дај боже изедначуван со некој класик. Батали ти тие работи. :)

Не може книга со проста и едноставна фабула да се мери со некој класик.

Со последниот пасус се согласувам, и во тоа е убавината. :)
 

Björn

Does Your Mother Know?
Член од
14 август 2006
Мислења
44.017
Поени од реакции
80.844
Не е баш така. Не може викенд роман да биде споредуван или не дај боже изедначуван со некој класик. Батали ти тие работи. :)
Точно, затоа и постојат критичари на уметноста (без разлика дали се филмски, ликовни, музички и други критичари).
Но, муабетот е, во крајна линија - теоретски, експресијата на уметничките пориви може само да добие субјективен суд.
 

Solid

Зона на самракот
Член од
26 август 2007
Мислења
7.174
Поени од реакции
4.133
Бујрум ѕирнете овде.



:)
Ја знам стрипарницава(единствена во МК). Купувам стрипови од таму. Имаат стрипови за сечиј вкус. А за вкусови не се расправа. Секој си чита тоа што му се допаѓа. Јас лично сум по Бонели стрипови(Загор,Дилан Дог, Марти Мистерија и сл.). Сум ги читал од мал и едноставно тие ми се најмили.

Е сега за цената на стриповите. Генерално киоск изданијата се со цена од околу 120 ден. по број. Има и поскапи стрипови ,во тврд повез со мал тираж кои може да достигнат цена и од преку илјада денари. Е сега дали цената е проблем или незаитересираноста на помладата генерација? Јас мислам и убеден сум дека е ова второво. Едноставно сега, за разлика од пред 20-30-40 г. сосема е сменет начинот на живеење и приоритетите на младите генерации. Па сега младите се навлечени на компјутери, смарт фони, ај-пади и сл. Цигари се купуваат по 50 ден за кутија,а проблем е да се дадат 120 ден. месечно за стрип??Едно пиво во дискотека е 80-100 ден. Нема врска тоа со немање финансии.
 
W

Werther

Гостин
Точно, затоа и постојат критичари на уметноста (без разлика дали се филмски, ликовни, музички и други критичари).
Но, муабетот е, во крајна линија - теоретски, експресијата на уметничките пориви може само да добие субјективен суд.
Јасно. То се зове Open text. :)
 
D

Daedalus

Гостин
Не е баш така. Не може викенд роман да биде споредуван или не дај боже изедначуван со некој класик. Батали ти тие работи. :)

Не може книга со проста и едноставна фабула да се мери со некој класик.

Со последниот пасус се согласувам, и во тоа е убавината. :)
Сегде, дури и во бизнисот со реални и опипливи работи како електроника и машини, квалитетот секогаш се зима дека е субјективна карактеристика. Не постои работа како објективен квалитет. Класици во музика и литература може да имаат илјадници "квалитети" почнувајќи од ликови, глума, музика, сиже и све остало кои се "подобри" од тие на некоја рандом книга од рандом автор, можеме да зборуваме и дебатираме за суштествените разлики во концептот на едното и другото итн...

Али ако постои една, само една особа у светот сега или во иднина или во минатото, која не го сакала класикот и мисли дека класикот е глупав/непривлечен (што и да е) и една исто така што го сака чкљ делото (авторот на самото дело е веќе една таква особа), апсолутниот квалитет од филозофски гледен аспект се губи.
 
Член од
15 јули 2007
Мислења
15.168
Поени од реакции
7.714

Со задоволство би сакале да ве известиме дека од следната недела во продажба на Македонските киосци ќе се појави ново стрип издание Загор на Македонски јазик, а во текот на овој месец стрип серијата Дилан Дог. Покрај овие бестселери од италијанската издавачка куќа SBE, од следниот месец, за првпат на Македонски јазик, излегува и вестерн/хорор приказната Магичен Ветар, која што неодамна доживеа и свое издание на Американскиот пазар. Се надеваме дека овие наши изданија ќе ја збогатат понудата на Македонската стрип сцена, ќе го задржат вниманието на сите стари и нови читатели, а можеби ќе бидат и поттик за издавање на други светски стрип серии и изданија на Македонски јазик, како и од домашните автори.
За сите новости од М-комикс во врска со сите стрип изданија, можете навремено да се информирате на нашата официјална Фејсбук страница https://www.facebook.com/pages/M-comics ... 674?ref=hl
#Загор број 1
наслов: "Речни волци"
текст: Diego Cajelli
илустрација: Paolo Bisi
Од денес 17.03.2014 во продажба во Скопје,
од утре 18.03.2014 во продажба ширум Македонија
 
Член од
3 јануари 2014
Мислења
62
Поени од реакции
67
Благодарност до MARCELLO и администраторите на форумот за постирање на информацијата.
Пријатно читање и во очекување сме на вашите првични коментари и оценки.
 
Последно уредено:
Член од
3 јануари 2014
Мислења
62
Поени од реакции
67
Поздрав до сите членови на форумот, љубители на стрипот, илустратори, стрип сценаристи, колекционери... Со задоволство би сакале да ве известиме дека во продажба на Македонските киосци од 17.03.2014 се појави ново стрип издание Загор на Македонски јазик, а во текот на овој месец стрип серијата Дилан Дог. Покрај овие бестселери од италијанската издавачка куќа SBE, од следниот месец, за првпат на Македонски јазик, излегува и вестерн/хорор приказната Магичен Ветар, која што неодамна доживеа и свое издание на Американскиот пазар. Се надеваме дека овие наши изданија ќе ја збогатат понудата на Македонската стрип сцена, ќе го задржат вниманието на сите стари и нови читатели, а можеби ќе бидат и поттик за издавање на други светски стрип серии и изданија на Македонски јазик, како и од домашните автори.
За сите новости од М-комикс во врска со сите стрип изданија, можете навремено да се информирате на нашата официјална Фејсбук страницаhttps://www.facebook.com/pages/M-comics/437239976388674?ref=hl и твитер профил https://twitter.com/Mac_comics
Zagor 1.jpg
 
Последно уредено:
Член од
4 февруари 2013
Мислења
738
Поени од реакции
551
Абе 120 денари да не е многу за едно стрипче?
 

Kajgana Shop

На врв Bottom