Стрипови

Член од
7 октомври 2011
Мислења
3.831
Поени од реакции
3.616
Од коа го открив Бункер почнав да читам стрипчиња. 17 парчиња земав изминатава година и стварно се екстра. Најитересен дефинитивно ми е Загор а исто и Прича се топ. Мистер Но е супер али е во делови ,ќе забораиш до кај си док излезе новиот број.
 
Член од
13 септември 2013
Мислења
10
Поени од реакции
6
Слушнав некои најави за после Нова година за појава на стрип на Македонски јазик во редовна серија. Најверојатно се работи за Загор и Дилан Дог. Ако се точни мислам дека КОНЕЧНО ке бидеме удостоени читателите и фановите на стрипот да имаме едно комплетно издание на Македонски јазик. Најискрено недостасува стрип на македонски јазик и секоја чест на сите српски и хрватски изданија на нашиот пазар ама за мене би било поприфатливо да постојат македонски. Едноставно ми се смачи од читање на латиница и баш би било одлично да повторно се врати македонски превод иако имаше и претходно неколку обиди ама според мое мислење не беа доволно добри. Изданијата на мега пресс беа преведени директно од српските изданија (или хрватските) значи најлошата варијанта превод на превод. Мислам од авион се забележуваше дека е така и лично мене ми сметаше во читањето.Што се однесува до изданијата на варм мислам дека преводот не беше коректен воопшто.Не знам зошто издавачот не се потрудил да направи некаква адаптација на преводот од италијански со помош на македонски термини кои се карактеристични и специфични, едноставно не беше разбирлив. Читаш до пола стрип а не разбираш за што се работи.После нивните изданија ги читав истите броеви на српски јазик од весели четвртак и колку да ми смета српскиот морам да кажам дека преводот во споредба со варм беше далеку подобар.Жал ми е што ова морам да го кажам за едно македонски издание и што морам да го споредувам со странско ама квалитетот не беше на ниво.Ако се точни гласините за нови изданија а се надевам дека е така, едвај чекам.
 
Björn

Does Your Mother Know?
Член од
14 август 2006
Мислења
45.151
Поени од реакции
83.887
Помалку ги сожалувам новиве генерации, за кои, стрип значи - Марвел, ДиСи, ДаркХорс или Бонели или Манга.
У суштина, сето тоа е кич, во споредба со Прат, Серпиери, Херман...

Не ме сфаќајте погрешно, јас собирам Марти Мстерија, али чувствувам дека децава денес поима немаат дека од првично споменатите има дааааалеку подобри стрипови.
 
Се согласувам, само што од некаде треба да се почне.Барем јас не познавам некој стрипоман кој не го читал Загор или Блек Стена како мал, а нормално е вкусот и потребата од посериозни приказни да се менува со текот на годините. Според мене убавината на стриповите како Загор, Мистер Но или Дилан Дог е во нивната различност, односно во многуте ликови и приказни, негативци итн. кои траат и повеќе од 50 години на месечна основа, а се актуелни и за денешните млади генерации. Е сега, дали и колку се кич е стварно дискутабилно. Илустрациите се ОК, приказните се колку толку издржани и интересни, нормално секоја во рамките на жанрот. Едноставно се работи за вкус и штета би било ако и самите фанови на стрипот не би пробале да прочитаат и некои други стрипови освен на пример Бонели, ама основите се тие.
 
Björn

Does Your Mother Know?
Член од
14 август 2006
Мислења
45.151
Поени од реакции
83.887
Како не, јас ги собирав Загор, Мистер Но, а подоцна кога излегоа, почнав и MM & DD да ги собирам. Денес само MM ми остана. Но, порано имаше на киосците и други работи: Spunk*, Strip Art*, Stripoteka (глеам и денес ја има и сеуште е прилично ОК).
Ја не викам да се избегнува мејнстрим стрипот како ДиСи, Марвел, Бункер и Бонели, само викам да се има искуство и со други стрипови.

* ако случајно некој тука знае какви магазини беа тоа
 
Член од
12 јануари 2014
Мислења
1.464
Поени од реакции
1.892
Помалку ги сожалувам новиве генерации, за кои, стрип значи - Марвел, ДиСи, ДаркХорс или Бонели или Манга.
У суштина, сето тоа е кич, во споредба со Прат, Серпиери, Херман...

Не ме сфаќајте погрешно, јас собирам Марти Мстерија, али чувствувам дека децава денес поима немаат дека од првично споменатите има дааааалеку подобри стрипови.

Марвел не ги бива, ама ДиСи, Вертиго, Вајлдсторм имаат стрипови шо се соу факинг кул. Загор е стрипче за мали деца, исто ко стриповите на Марвел.

Психоанализите шо се пишуваат у оваа нова ера на стрипови ги носи стриповите на сосем друг левел.
 
Björn

Does Your Mother Know?
Член од
14 август 2006
Мислења
45.151
Поени од реакции
83.887
Ди-Си, Вертиго и Вајлдсторм можат со својот кулнес само да им пљукнат под прозор на имињата што ги споменав.
 
Björn

Does Your Mother Know?
Член од
14 август 2006
Мислења
45.151
Поени од реакции
83.887
Можеш да ми аргументираш зошто е така?
Може да ти аргументира било кој стрип критичар или дури може да ти го аргументира истото било кој критичар на уметност.
Јас за жал не сум тоа. Но, можеш било кој таков да прашаш - ќе ти потврди.

Знам, дека во крајна линија, уметничката критика е субјективна работа. Но, ете постојат оценки, топ листи, оскари, рејтинзи, критики и критичари. Сето тоа се обидува да го тргне велот на субјективноста при оценувањето и релативизирањето на вредноста на делата.
Но и покрај се, во крајна линија стои тоа дека за вкусовите не се расправа.
 
Ако веќе некакви награди или билошто се она што аргументира, I don't see Zagor in here, mate. :D

https://forbiddenplanet.com/picks/50-best-graphic-novels/

You wonder why? Because it is not that good. It might be good if you are like 7, but when you grow older, not that much. :)

И да, за вкусови се расправа. Тоа е една од оние нели што ја користат тие што немаат вкус. :)
 
Björn

Does Your Mother Know?
Член од
14 август 2006
Мислења
45.151
Поени од реакции
83.887
Не си ме разбрал баш.
Види што напишав за Загор.
 
D

Daedalus

Гостин
Ако веќе некакви награди или билошто се она што аргументира, I don't see Zagor in here, mate. :D

https://forbiddenplanet.com/picks/50-best-graphic-novels/

You wonder why? Because it is not that good. It might be good if you are like 7, but when you grow older, not that much. :)

И да, за вкусови се расправа. Тоа е една од оние нели што ја користат тие што немаат вкус. :)
Дефинирај вкус и објасни ги вистинските критериуми позади добар вкус за музика/филмови/стрипови итн...
Како не, јас ги собирав Загор, Мистер Но, а подоцна кога излегоа, почнав и MM & DD да ги собирам. Денес само MM ми остана. Но, порано имаше на киосците и други работи: Spunk*, Strip Art*, Stripoteka (глеам и денес ја има и сеуште е прилично ОК).
Ја не викам да се избегнува мејнстрим стрипот како ДиСи, Марвел, Бункер и Бонели, само викам да се има искуство и со други стрипови.

* ако случајно некој тука знае какви магазини беа тоа
Тука исто би ги напоменал Алан Форд и Дилан Дог.
 
Max Legend

The black swordsman
Член од
27 септември 2010
Мислења
4.339
Поени од реакции
6.479
Берик, фати да го читаш Berserk? И ако бараш некич манга, Monster, Pluto, 20 Century Boys, Billy the Bat, Vagabond, Lone Wolf and Cub, Shigurui, Blame, Akira, Barefoot Gen се добар старт за разбивање на манга кич стереотипот.
 
Björn

Does Your Mother Know?
Член од
14 август 2006
Мислења
45.151
Поени од реакции
83.887
Уп Доун и другите:
Кога ќе кажам Бонели и Бункер, тоа значи и Загор, и Алан Форд, ММ, Дилан Дог, Дружина са Вешала, како и се друго од овие компании.

Берик, фати да го читаш Berserk? И ако бараш некич манга, Monster, Pluto, 20 Century Boys, Billy the Bat, Vagabond, Lone Wolf and Cub, Shigurui, Blame, Akira, Barefoot Gen се добар старт за разбивање на манга кич стереотипот.
Не е тоа стереотип, само генерализирав, за атер на дискусија.
Има квалитет и во јапонскиот поп-цртеж.
Гибли, на пример никој не може, никако да каже, дека е срње, од било кој аспект.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom